Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Форумче е во право.Јас до 6 месеца не сум давала ни вода ни чај.Ама пак после кога почна со цврста храна беше тешко да ја научам на вкусот на водата.Оти чај не и давав еве и ден денес скоро 3 години не пие чај што е стварно штета.Знаеме сите дека чајот е многу полезен во сезона на грипови и настинки.Па затоа ги советував мајките после мене да даваата не по цело шише по неколку голтки и чај и вода и додека се на доење.Мислам дека нема штета.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Јас сега имам едно друго прашање. Дали давате да гледаат тв например и пуштам песнички и на омилените се врте и гледа и се смее. Пуштам по 15мин ама пак ми е шубе..
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Во право е FreeMind. Ме насмеа за свекрва - педијатар.
    Јас не давам нит вода нит чај. Бебо е 10 недели. И мене ме пукнаа соседите, свекрвица, золва...а јас само си кажувам ако ви се пие на Вас слободно да си пиете. Сега ми се интересни што се спремаат да прават сокови од овошје и покрај тоа што си кажав дека до 1 год. нема внесување на шеќер (очигледно многу им е досадно па си прават екскурзии на мозок :D). На 2 мес кога бев да го мерам бебо имаше 6200гр и се зезав со сите, -Е сега ќе го ставам на диета,, :D (не е толку буцко колку што е долг - ова на мајка висина).
    Мада мене ми е второ дете, убаво цица и напредува. Со првото слушав све и свашта и детето се уби од плачење па нит чај нит вода ништо не помогна. Едноставно се помирив со фактот дека такво си е детето и еве го порасна.
    Секое дете си е приказна за себе и неможете да се водите строго по книга. Ја согледувате рутината на бебо и терате по негово. Пред некој ден баш читав дека кога се во скок во развој се повеќе гладни и тоа им е чудно па и нервозни. Ваше е да понудите цице/ад на пола саат до саат (можеби нема да испие веднаш 100 мл на пр. но ете ке се подсмири можеби малку). Исто така после скокот го надокнадуваат спиењето па да не ве чуди зошто толку спие бебо (ова ко инфо).
    Знам дека ,,интернетот,, стана најдобар лекар но факт е дека има и педијатри заостанати во време и простор па затоа јас сум да се прави како налага бебо.
    На топлово му давам да цица на саат/саатипол, негогаш цица повеќе некогаш помалку. Се поти и полни пелени и не се замарам колку пелени на ден ќе сменам (ова дека второ дете а тие сами раснат:D).

    Јас имам рутина, пред бањање околу 19 часот пуштам музика и тоа строго странска музика. Бебо во раце и јас си скокам - бесплатен фитнес ми е тоа :)). Тој ужива а јас се потам. Го учам на галама и музика (првото беше научено на строга тишина па мака видов после додека да се навикне на звуци и сл.).
    Со ТВ неможеш којзнае колку да му задржиш внимание но сепак, пуштај слободно за да се навикнува на звуци.
     
    Последна измена: 27 јуни 2019
    На Vaga~, Someday, NNA и 4 други им се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Не е за бебе, ами за мене е. Не знам кај да прашам. Денес имам страшни вртоглавици, а два дена силни главоболки. Посебно после доење. Искуства, некој? Ќе одам денес крвна слика да направам.
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Притисок мериш?
    Провери и железо и хемоглобин. На излегување не ти правеа кр.слика?
    Тазе породена си ако не се лажам, секако нека те види доктор.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Најмалку ми е намерата да ширам свеки методи,кога и јас самата сум голем противник на истите,и на било какви старски методи на 'лечење'.
    Но,не треба да се шири и страв дека некои си 20-50 мл вода на ден е најопасна работа за бебето.. Во статијата погоре си пишува дека не мора,но не е ниту опасно да се дава.Спомнаа членки претходно дека имало моменти кога им се смириле бебињата после неколку голтки вода.Може им било топло,може друго ги мачило,но им помогнало.
    Впрочем,малце ми е чудно и контрадикторно-даваат чајче,а вода не.Чајот со што се прави со воздух?!^_^:^)
    ПС.Видов дека има веќе отворено таква тема на форумов,така да кој сака може да се префрли таму:D
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Да супер беше крвната слика. Притисокот обично ми е низок но вчера беше повисок. Пијам течности ко луда, чаеви исто. Продолжив со фемибион 2. Температура имам 37.2 Глава не ме болело никогаш.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Нека те види докрот за твој мир. Можеби само преумореност е во прашање.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Да не ти е од градите гледам дека доиш.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Пушти и слободно,нека се учи ..И ние дома играме,пееме,се загледува мојата по цртани,песнички..децата сакаат музика,ги смирува.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Можно е. Ако се тврди и тешки или надоаѓа млекото.
    Сепак лекар ќе каже најдобро.
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.953
    Допаѓања:
    110.315
    Пол:
    Женски
    Ама ти и треба да дадеш вода, твоето е на ад, не пијат вода доенчиња зошто мајчиното е 85% вода. Мајка те молам најди си добар педијатар, вака ти ја мешаат само главата со совети од сите страни. Анестезиолог си е анестезиолог, ти реков патронажна сестра со искуство не примети дека детето ми е дехидрирано додека не го однесов на педијатар. Не било кој педијатар, добар педијатар ќе си најдеш. Ем помирна ќе бидеш ем бепче ќе биде среќно. Иначе бебиња до година се носат еднаш месечно на педијатар за мерење, набљудување, нормално е тоа.
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Ако им даваше од еден месец ќе пијат чај и сега. Не оти децата не сакаат генерално чај туку оти од еден месец не пиел.
    На што се темели мислењево жити све?
     
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Која дискусија можеме да ја водиме кога ти си го одгледуваш детето по инстинкт, а јас по медицински совети? Како јас и ти можеме да се разбереме просветли ме?
    Ти можеш што сакаш да мислиш јас овде не дискутирам форумче што мисли туку како треба да е. Ти што мислиш нема врска со тоа како треба разбираш ли?
     
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски


    Јас ти гарантирам и кока кола да им дадеш на три месеци ќе ја испијат. И сладолед дај им ќе го лижат. Тоа нема врска дека водата ја сакале :)

    Јас ни чај не давам. Никаде нема да се дава чај. Исто како водата.

    Нека не преместат на темата да не ја тупиме овде.
     
    На Ladyyyy567* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не дека Америка е некој репер, ама имам блиски извори - бебето иде во градинка и таму не им даваат вода до 1 година, освен со белешка од лекар. А лекарите не даваат таква белешка.
     
  17. Amelaaaa

    Amelaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Мајки од кога вашите дрца реагираат на вас како мајка? Знам има периоди имам слушано дека не сакаат кај никој да одат освен кај мајкаси или зависи од бебе? Моето не цицаше и имам чуство дека не ме препознава дрка повеќе и се радува на свекрвами од него ли мене а и она за кога и да заплаче брзо трча чекај баба ќе те земе малце ме нервира и искрено љубоморна сум. Кога го оставам со неа и ме гледа заминувам нњ реагира никако а еве уше нмалце 5 месеци ќе направиме
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Мојава почна изразито да ме бара и да сака кај мене околу 9тиот месец.
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Па не баш. Вода тек почна да пие. На година и нешто.
    Сладолед само мацка. Благо исто така.
     
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    @Amelaaaa оти си љубоморна? Мојот не ме бара до ден денес. Сва среќен е кога оди кај бабите.
    Му викаме чао и си одиме.

    Никогаш не си ставам вакви грижи на глава. Да не случајно не ме сака или што?
    Баш напротив среќна сум што сака да се дружи си бабите и среќен е со нив. Значи убаво му е и спокојно го оставам.
     
    На thelittle17, Milaаа991, Amelaaaa и 2 други им се допаѓа ова.