Ние сме нон стоп деновиве само по боди на прерамки. Рамениците вруќици цели. Отсабајле ги снемува ама после пладне пак се праат. За шетање облекуваме шорцеви (вруќици) Женска и пол.
Постојано сме со уклучена клима а и ладнички и се стапалата сознам ја оставам малку и без нив ама тенкички се
Јас да не кажвам поарно како го облекувам за спијање (ама кај нас е поладно, навечер надвор не се седи без џемперче) боди со кратки и пижамчиња со долги-тенки памучни и го покривам со танко памучно пеленче
И јас слично и затоа си чутам, ама добро не сум била сама. Боди на кратки и тенки памучни шпикозни. Не ја покривам, не за друго го шета цело креветче па за џабее ми е. Ама повеќе од 25 степени кај нас дома не е преку ден и тоа во најжешките денови.
И мое бебе е вака, боди на прерамчиња, пижами и памучно ќебенце. Само без чорапи мора да е пошо не заспива додека не ги соблече.
Не можеме да ја споредеме климата во Берово пример и во Штип. Во Берово јас мрзнам навечер летоска, а не па бебе.
Само на боди на кратки навечер и широко отворен прозор, непокриена засега. Подоцна тенок чаршаф со голи нозе. Преку ден само боди на рамки и денес само на пелена 40 допре.
По дома сме само на боди на кратки, така и спие. Е сега кога шеткаме ако и облекувам маичка на куси ракави или фустанче некако шубе ми е така да ја оставам гола, па и облекувм боди на рамки одоздола. Вие што облекувате во тој случај?
Мојата е месец ипол и и облекувам шпихозни за спиење и плус ја покривам со тетра од половина надолу. И јас се покривам навечер па шубе ми е да ја оставам непокриена. Кога ќе легнам е топло ама наутро застудува, а таа мила на мајка си спие од 12 до 7 сабајле Според ова што читам мојата е најоблечена, ама па не е испотена или жешка кога ја проверувам а и вруќници нема. Преку ден ромпер или боди.
Никогаш немаше да знам хахаха а вчера и купив 3 такви баш истите јас си ги викам шпикозни на кратки хаха
Ние пред некојден и купивме слични вакви пижами и со нив спие ќеркичката ми со нив ја облекувам да спие
До 1 часот преташе од жештина па ја соблеков на боди со рамки и така заспа. Чаршаф тек накај 4 саатот прифати. Влегува во конкуренција на најсклет бебе. А ние до неа покриени до гуша ја гледаме и се чудиме
До детето е тоа, а не дали си давала чај на месец дена. На големово постојано му нудев, грчеви имаше, правев чај од ким, одвај го пиеше, и сега на осум години чај не сака да види. А малово, само на доење беше до 6 месеци, ни чај ни вода не дадов, подоцна понудив, си сака да пие, и пие без проблем. Нема врска кога ќе му понудиш, ако сака детето, ќе пие, ако не, нема да пие.
Да ,може си и во право.Мислев на чајче за грчеви што го има во мк.На мене во болница и педијатарот ми кажаа чај од фенел за грчеви да давам.Ама јас слушав до 6 месеци ништо.Само доење.Од денешен аспект сметам дека не би било ништо штетно.Нема да има шеќер . Исто во периодот кога се пробуваат вкусови водата мора да е обавезна.Јас имав проблем со непиење вода на малото. Исто и случај од блиска кога на бебе од некои 9 месеца заврши во болница заради пролив и го тераа да пие течности ама детето не пиеше ништо освен цице.Па и не е баш лесно.А мораа да му дадат прашок со 200мл вода за да се запре проливот. Ама денес на 3 и пол години пие и вода и сок и чај тоа дете. Исто подобро мислам за пострвни деца кои се на ад наместо повеќе млекце од дозволената доза да даваат ,чајче без шеќер или вода наместо да плака детето цел час додека да поминат 3часа.