Јас едно сфатив, правила нема! До пред некоја година даваа вкусови на 4м, море и на 3, се почнувало со сокчиња, со патлиџан рендан, со компир... Кога јас почнав да давам вкусови од 6м се почнуваше со најнеутралните намирници, банана, јаболко, крушка, слива, кајсија, праска, тиквичка, морков, тиква... Кога прашав за компир, ориз, палента ми рекоа од следен месец, тешки се. Глутен, да бидеме реални, проблем имало со него ама до пред 10г никој рецка не му маваше. Млечни, од раѓање давале кравјо, исто никој ич рецка не му мавал а реално е проблематично и тоа знае да е да не речам ајде и многу критично. Лимон и портокал, во водичката мајка ми од 2м ми ставала лимон, другарка го запираше икањето на дете од нецел месец па кога заглавија на ДК со незапирлива дијареа со 18 пелени дневно, сфатив дека и не е така безазлено. Моето беше дехидрирано, во болница му даваа декстроза, докторката ми рече и дома ќе продолжиш да даваш, превриена водичка со малку шеќер внатре и неколку зрна ким стави зошто почнуваа грчевите, еден од најдобрите неонатолози во државава, а ние ко од чума бегаме од шеќери. Алергените порано се одложуваа, сега се дава се од старт. Дубаци до пред некоја година беа маст хев, сега не дозволуваат. Нема правила!!! Јас давав и вода и чај (таа превриена вода со ким, шеќер не ставав од пусти страв), ама јас морав, имав дехидрирано бебе кое буквално саати го делеа од кома и смрт и морав да дадам, ама од оваа гледна точка мислам дека и би дала и на второ зошто сум го гледала во овие горештини како се мачел за да на крај се смири после 2 голтки вода. Инаку давав по 20мл чај и 20мл вода, за цел ден, до кај 6м не покачив воопшто, е после знаеше дневно и да испие и 100мл чај и 100мл вода, ден денес пие многу и чај и вода. Не знам што да речам, кој е во право и што е правилно, само едно знам, и 5 деца да имам под 6м не планирам да им давам дохрана освен ако за тоа нема медицински индикации од типот не напредува и покрај пробување со ад или молзено на шише, зошто не гледам како физички би се одвивало тоа, бебе, дете и човек за да јаде треба да е седнато, а до 6м цврсто не седат баш.
Треба да разграничиме што е сопствено мислење, а што е факт за да некој друг не го ставиме во недоумица. Факти: Вода и чај не се дава до дохрана. Важи за доење и ад. Дохрана се дава од 6 месеци или најрано од 4 месеци ако има индикации за тоа и само по совет на педијатар. Се останато е јас сум мислела, таа онаму мислела...рекла казала. Јас не сум храбра како останатите мора да признаам кога се работи за бебе. За мене можам што сакам да пробам и да се напијам, али за бебе во никој случај што мисли свекрвица или комшиката. Само еден погрешен чекор може да ве чини многу. Не е играчка да лупнеш дохрана на бебе кое не е спремно да голта. Исто не е играчка да даваш вода на своја рака каде натриумот во водата ако не е соодветен за бебе може да направи проблеми. Исто чај со шеќер. Не секогаш ќе значи дека ќе се случи нешто. Знаете секогаш нештата му се случуваат на тој онаму, ама кога ќе не погоди нас е страшно. Не се ставајте во ризик. Сто души му дале мед на бебе да се смири 101 то бебе настрадува.
Точно Фри факти се факти.Но,медицина и исхрана се според индикација.Конкретно за водата,еве од Ангела доказ дека дехидрирано бебе мора да внесе дополнителна течност во вид на чај препорачано од педијатар. Така да секој според индикацијата.Затоа велиме секогаш консултација со педијатар. Исто и за дохраната да не се повторуваме.Слабо и млитаво бебе кое не напредува и е болникаво мора да почне со дохрана најрано од 4 месеци и прво да се вметнат намирници богати со железо.Педијатар одлучува што и како.
Никаде мед не сум спомнала, а не сум ни пишала дека сум дала. Ај ќе те молам цитирај ме друг пат кога факто ќе ми го покажеш на дело. Пишав дека и јас не сум дала ни чај ни вода до 6 ама ти сакаш да читаш што ти одговара. Ајде ќе те видам дали ќе ти го прифатат детето во градинка со листа што немаш воведено до 1 година.Следејќи ги табелите за исхрана .Оти се знае како е во Германија од 9 да јаде од ручекот на родителите , а на 1 год да знае само да јаде.Ама не знае оти е бебе.
А ако кажам јас дека син ми (неполни 3 години) спие со ќебе врз глава, боди, долни пижами и чорапи понекогаш? А малово по боди по кратки и чорапчиња, покриено со пелена не дебела, не тенка. Охрид дува
А оти чорапи? Праите грешка со тие чорапи. На бебиња мали на нозе не се проверува топло ладно, нив стално им е ладно на нозе немаат терморегулација. Вадете тоа чорапите колку и да дува не е ладно, не може да е 10 степени Охрид ако е во Скопје 35. Ќе им нарушите терморегулација.
Мајки бебе цела ноќ е без сон. Цицаше цело време, а го тргнам од града плаче. Го шеткам низ соба, го вртам на стомаче ништо не помага. А го ставам на града де смирува и заспива по 5 минути. Ќе го тргнам од града, во креветче спие 10 минути и пак исто. Како да му помогнам? 5 дена сме стари.
Ама тоа јас го зборувам. Овде се објаснувам зошто воведуваат на своја рака педијатар никаде не препорачал.
Абе се испокаравте за водата. А знаете ли дека до пред неколку години на новориденчињата им давале не само вода , туку и сок од портокал? Било дозволено од педијатри.
Според оваа логика да се вратиме во камено време и да чукаме со каменчиња. Раст и развој нели истражувања и технологии ова она во тоа време сме 2019 година, 21 век луѓе на месечината се шетаат. Ако било добро уште ќе давале. Ама не е и укинале. Тогаш толку знаеле, денешниве повеќе утре тие за десет години кој знае што ќе предложат. Како што кажав и чај од афион им вареле директно наркотик од пелени. Ќе рече некој здрави биле, секако биле тие што прежвеале. Од седум родени по колку им починувале? Смртноста била голема, денес се живее до 75 по просек. Порано беше до 60. Квалитет на живот и така до бескрај. Досадно стана истото да го вртиме.
@FreeMind ако ги слушаш толку педијатрите тие велат за безбедност на бебето и детето да се возат исклучиво во транспонтер/седиште, ама ти твоето го возиш легнато на душек, што е апсолутно против секое правило и секој закон! За водата и јас сум со став дека бебе додека е само на доење и на АД нема потреба да му се дава вода.
Спојлер Разликата е во тоа што јас не парадирам по темите возете ги на душек. Бебе треба да е во транспортер. Моето не сака. Беше во корпа од количка додека можеше сега лежи на перница во кола. Небезбедно и несигурно факт. Едноставно позицијата за транспортер не ја сака и плаче. За да ја однесеме било каде со кола ми останува или тоа или во рака и двете ги практикувам. Во темата за транспортер не им одам да им пишувам возете ги на перница нели. И не е им викам дека е безбедно и сигурно. Или им викам? Кој е безгрешен нека фрли камен. Ако ти е тоа паралелата.Не им викам не им давајте вода им викам не пропагирајте да пијат вода. Дома на своето ако сакаат и во литри нека даваат. Веројатно правиш разлика. Не би да трубам сеуште за водата затоа го ставив во спојлер.
Na mene pedijatarot mi rece da mu davam po malku voda na bebeto uste koga bese dva meseci ama moeto nejke da pie edna bratuceda pak pa 5 mesecnoto I since mu dava kozjo mleko I nema maka
Сите генерации сме различни,како некоја мода има деца со плантекс чај растени,има генерација камилица има генерација растена после секој подој да сд дава водичка да се видело дали било гладно бебето демек ако пиело уште од водичката не ти чинело млекото. Ова се од педијатри не од бабите со афионот. Затоа викам и нашево недавање вода еден ден ќе е застарено нешто,можеби на смуди ќе бидат следните генерации. Ќе тераме како што ни кажуваат а јасно е бебе што е на доење нема потреба од вода ете тоа сме ние тоа што јас му давам превриена вода хипп што ако кошта као 100ден е безведна до 5 зрна ким тоа си фо правам да си ја смирам душата дека му помагам да ја намали нелагодноста од грчевите,само што мислам доста штетна хемија му давав месец и половина од оваа мешавина
А каква мака да има? Да стане да каже аман не ми давај козјо! Козјото млеко не се препорачува никако пред годинка, ни кравјото додуша. Пишав еднаш ама размислив и избришав, од вакво мислење пред 5г на детска клиника лежеше едногодишно детенце кое личеше дека е како да има 3-4м, го хранеа со цефка специјална храна, зошто бабата да се засити му дала бискоти (страшно ми е иритантен овој израз за бисквити) и млеко од кравата у двор. Поминаа годинаипол во болница, страшно беше. Од вакви мислења читаат мајки и даваат и они оти ништо не му било на братучетката на феминката. До 1г, се ПИЕ исклучиво мајчино или АД, какво козјо, какво кравјо.
Апсолутно никој не е безгрешен, тоа ми беше поентата и мене со примерот, затоа треба да дискутираме на поинаков тон, сепак темиве се за бебиња, не за политика или други експлицитни теми.
Му треба твојата блискост очигледно. Но јас сим во слична ситиација на 8 недели. На гради кај 2спие по 2 часа, штом ќе го оставам во креветче отвара очи за 2 мин. И тоа така само преку ден, навечер фала богу спие во креветче. Но мора да го одвикнам, не можам до вц да појдам или вода да се напијам. Мислам дека не треба да го земаш или штом го земеш одма штом заспие пак да го оставиш. Јас така правам иако тешко иде.
Abe I jas sum protiv toa nego cudno mi bese koga ja prasav dali dr ti dozvoli da mu davas kozjo mleko mi rece da a za da ne napreduva bebeto bas od mlekoto I biskvitite ne veruvam ima I nesto drugo sto roditelite mozda go krijat
Се запнавте со водата и чајот. А тука по напишаното најголемо зло го направивте. Вода и чај(незасладен) не се препорачува да се дава за да не се полни безпотребно малото желудниче со течности, па да мисли дека е сито, па на сметка на тоа да не цица. А не дека ќе го отровите бебето ако давате.
Оф оди па убеди ги да не даваат. Една ме направи луда што на моето дете уште му давам ад (2 години има), таа уште од 6 месеци почнала со тетрапак битолско и ништо не му е де