Обично е поблага температура,да...Има поделени мислења и за ќилибарно ѓерданче.Искрено јас сум скептик засегаСподелете ваше искуство.
Мајки од утре треба да почнеме со д3 +к1. Само тоа се дава или и нешто плус? Денес пробавме со адаптирано ама најверојатно ќе сме на мајчино само..
Само тоа до контрола кај ортопед. Ако сте повеќе на адаптирано не ви треба витамин К, го има во него, можете обичен витамин Д, но нема штета и од него.
Мамички синчето мое пред една недела наполни 4 месеци но веќе неколку дена многу кенка и плаче никако не го бива ни у раце ни легнат ни во релаксатор многу тешко се успива ми треба саат саат ипол за да го успијам. Многу се и лигави можно ли е запчиња да му испаѓаат? Незнам што веќе да направам ама овие денови се спобудалев неможам никако да му погодам мислам рацете ми паднаа од држење
@an4ii тука некаде ни се бебињата и мислам дека имаат скок. И мојата пред недела дена само кенкаше за во раце, преку ден само еднаш ми преспиваше, помалку ми цицаше и рацете и беа нон стоп во уста и нервозно ржеше. Кенкањето и беше така жално како да ја боли нешто. Еве веќе е подобра, си цица нормално, се смее, им гуга на познати и непознати и сака повеќе од претходно да лежи и да ја занимаваш ти. Почна и сама да се превртува од една на друга страна. Дури и во креветчето се извртува, ја наоѓам попреку легната со ноџињата низ преградите, не знам само како успева така да се намести
Ние сме малце постари али истото ни се случува најверојатно се работи за скок. Провери ги жлебињата дали се црвени и пробај исчешкај му ги со глодалка види како ќе реагира. Ако е скок најмногу една недела трае, ќе изгубиш нерви, но после ќе праве нешто ново. Лек за тоа нема само трпение и ќе помине.
Најдосаден е овој скок оти трае речиси цел четврти месец. Али од друга страна е најубав потоа бебето е скроз друго, поголемо и повеќе можеш да си играш со него.
И кај мене пробува на меше да се сврти успева ама едното раче го заглавува под него и неможе да го извади и се нервира и со главата право само ја држи од кога ќе се сврти дирекно со носот у душекот незнае уште да ја сврти лево десно и се нервира. И додека спие малце ако се подразбуди прво тоа го прави и одма плачки ако се вртаи назад или со носот у душекот и со плачење се буди хахах. Ние сме на ад млеко ама и мене помалце ми јаде неколку дена цело времњ мњ остава по 20 30 некогаш и повеќе мл и мн е нервозен само кенка ни во раце не се смирува ни легнат никако и мн тешко се успиваме сега. Се надевам за брзо време ќе се врати во нормала хаха
Sleep regression поминува во моментов, периодот е тој, околу 4 месец. Сега помалку ќе спие, повеќе ќе биде активен. Ако е комбиниран со скок во развој, требаат нерви, ама ќе помине. Читни на google повеќе.
И јас имам за фалење, вчера наполни пет месеци и врза прв пат у живот 4 саати. Кога срипав како попарена кога го видов саатот да не и е нешто, она спава. Менува секој ден нешто ново прави.
Мајки, уште три дена во темава, да го искористам последниот пост за фалење. Пред некој ден се појави првото запче, кецот долу, а вчера и другиот до него. Малку е нервозна, кенкава, потешко заспива. И мачкам дентинокс, се надевам и олеснува бар на кратко.
Види во темата Скок во развој има опишано @FreeMind пу пу машала, вечер 6 саати да врзите од срце ти посакувам Ние уште стануваме на 1 сат, ноќеска мн плачеше, изгледа ќе ваѓа друго забче, ептен е нервозен и ги чеша мн непцата...не сум јас за овде бидејќи на 10ти 7 месеци ќе правиме, ама овде ми е навика да отворам