Абе не е толку слабо хгб. Кај деца е над 10 се супер. Овие се реф вредности за возрасни. Ај да препрашам мајка ама мислам дека не е до толку лоша сликата да се брза.
Мојот се одби скроз се молзев ама не и беше доволно и и дадав и ад, и јас пробав со све живо со зор, на сон, на темна просториа тој влечеше еден месец со силиконски и како ти што кажувааш устата полна тој се гадеше и не го влечеше, има сега 2 месеци комплет е одбиен на 6 недели, сега веќе нема млеко само 60 мл еднаш на ден имам. Ти посакувам твојата бебе да не се одбие скроз мене многу ми е тешко што не цица од мене а многу сакав ептен сакав да го дојам. Поздрав
Јас не знаев дека електричната вади повеќе да знаев ке купив јас на цико една 1800 ден го купив пред тоа имав една многу обична пумпа 200 ден многу се мачев со неа ваѓав по 120 мил на 3 часа аама почна да немам и веќе со ова пумпа од чико цаѓам само 50 мл на ден. Да знаев ке купев електрична и можеби немаше да го изгубам млекото многууууу ми е криво.
Не е, точно. Ама е во опаѓање иако пие препарат. Иако јас би појачала на исхрана прво. Ако се мора после и нешто плус. Ама тоа педијатар знае најдобро.
Физиолошка анемија е ова, нормална во тој период. Ќе почнеш со месо, жолчка, просо, ќе се крене хемоглобинот. Капките давај ги, ама другите вредности се во ред, па мислам дека нема потреба да форсирате препарати. Ако продолжи да паѓа вредноста, Малтофер капките од Бугарија ти се добар избор.
Vi blagodaram mi olesna malku mn se uplasiv meso kolku pati da davam vo nedelata i zolcka so sto da ja kombiniram
Тој период давав два пати жолчка , 3-4 пати месо. Со еден или два посни денови. Кај мојот жолчка мине само со спанаќ или блитва. Можеш да пробаш со банана. ВИди на Нутри бебе на фб има комбинации. Просо почесто за доручек со овошје.
Мајки душа немам више,каде грешам што ми се засркнува бебево? Многу лакомо цица ептен и му дувам полека за да голта,и полека ја тргам градава за да успори џабе пак се засркнува и тоа убаво без воздух ми останува. Па паичам го кревам преку рамо тапкам треба 1 мин мислам за да се соземе. И после балончиња ми испушта од устето абе душа немам навистина сум потресена. Го цицам на перница наместен како за блозначко доење главчето настрана и под агол... Совет како да не ми цица лакомо и како е најдобро да постапам при засркнување доколку сум сама. До сега се сум имала некој во близина да викам,и многу паничам
Да не ти надоаѓа многу млеко, кај мене во таков случај се задавуваше значи буквално шприцаше млеко од 7 места и неможеше да голтне. Се одмолзував малце али со тек на време се среди лактацијата
Па прееска баш ми беше надојдено убаво се сејќавам ќе ја стискам пред доење малце него ми се има засркнато и со капки за грчеви . Хорор така да и да не ми има надојдено он од што е лаком да не ну ја земе некој цицката од мајкаму,ќе ја умре мајкаму млада... а по капките еспумисан дека благи и се тресеше додека ги шмукаше и се засркна
Не се плаши биди радосна што сака цице Кога му даваш капки лажичката држи ја внатре додека не ги голтне (силиконска лажичка). Самиот момент е доста потресувачки за нас али не е страшно само навали бебе и потчукни на грб нежно ќе сване кога тогаш дека негово е цице и никој не му зима
Ме изнасмеа. Така се засркнува и мојата, како цицево некој да ќе и го земе. Прееска ме исплаши многу, па уште кога зема воздух се израсплака, мене ми се скара . Ама ваљда период е, ваљда ќе им помине не знам. Само гледај да не паничиш оти осеќаат многу. Ако си ти смирена и оно ќе биде. Подигни го, потчукни го нежно, зборни му ќе се смири. Мене бсрем ми успева така до сега
Бебево буквално виси на цице. Мочка и кака убаво, ама ми ги празни двете гради. Се трудам од една да му давам ама малце му е. Се плашам да не снемувам млеко. Како што читав треба една да му стига. После е мирно саат и пол си спие. 12 дена има. Не ми изглеа гладно или ослабено. ама не знам. Само се доиме по 30 - 40 мин полека
Мајки, чаре со егземава? Мачкам Биодерма Атодерм + бањам со Ла Рош ама се врти и пробува да лази, му се вцрвуваат образите и колената.
Ние сме 5+ па на секој подој ги празни двете. Никаде немам прочитано дека од една треба да цица само. Колку сака толку. Не си стварај непотребни мислачки.
Не се сеќавам точно колкава беше, ама од раѓање цицаше само од една града, другата секојпат ја молзев, после некое време почна да цица од двете. Не дека мора да цица само од една, ама не дека мора и од двете. Зависи од детето и од тоа колку млеко имаш.
Бебе денеска ме остаре за најмалку 5 год. Цел ден беше кенкав, првин плачеше ама успевав некако да го смирам, ама попладнето кога почна да писка,да вришти,ништо не го смирува, плачеше цел саат, без престан Нема што не пробав за да го смирам. Дали забите се во прашање,цело време ги чешка со прсче,не ми изгледаше дека го боли мешето,ама може и тоа е. Пред некое време истово ни се случи преку ноќ,пиштење цел сат,си мислев дека го боли меше од што за првпат му дадов компир,ама овојпат не му давав ништо ново. Можеби и тогаш не му било од компирот. Мислев ќе умрам,ништо не го смирува, цел се зацрвени околу очите, вришти како да го дере некој. Откако се изнаплака,се смири и почна да се смее како ништо да не било. Инаку, утре е точно 26 недела според вондер викс,кај громчето, па дали има и тоа некаква врска иако многу жално и беспомошно плачеше,како ептен да го боли нешто. Гледав ушињата да не го болат, ку*ето да не му е црвено, го расоблеков да не му е жешко,ништо не помогна. Се надевам дека забче брзо ќе излезе, да не препишувам на скок. Цело време само да се грижиш за нешто,наместо да уживаме периодов додека сме со нив цело време, ние го минуваме во плачки и неспиење.