Мојата беба ама ич не јаде, на ден дали 600мл пие, го намалив оброкот од 150 на 120мл и тие не ги допива, има и зелена кака, што да правам?
Не го кревај нагоре само сврти го надолу и тапкај пополека и пред да му дадеш пробај да одмолзиш малку веројатно неможе да постигне многу е мало ставај го на двете гради покасно можеш само со една да го ставаш додека да потпорасне кога пак ке почне на двете на еден подој
Душо прати ја ситуацијата, ако уштр намали немој да седиш дома да не дехидрира и мојот почна да намали бев на доктор ништо не му е а јас го познавам моето бебе знам како пиеше и како почна да го остави ама не, го донесов и скопје и ми кажа дека сум посродилна депресија бебето е добро јас сакам да го разболам кога другиот ден да покачи температура завршив во болноца веќе 3 дена со диагноза дехидрирано. И мојот какаше зелено тоа е зошто му фали млеко. Гледај да не е болен мојот има некоја вироз не чекај како мене 4 дена јас не чекав ама глупави доктори додека дс покачи температура ништо не презедоа. Поздрав
Не нема она температура, пие вода доста околу 80мл, што остане од млекото и го давам со лажичка околу 30 40мл.
Да баш сега кога треба да биде мерена, од сабајле нерви искинав со тоа млеко не сака и не сака, 220мл има испиено до сега.
Како да ги ставам пошто е мала уште,23 дена има.Ми рекоа со газа да мачкам ама се вознемирува,ќе поврати од газата.
Против комарци што користите? Синко кога беше во месеци имаше едни лепенки во еурофарм на количка се лепеа. Сега не се произведувале веќе. Чаре? За бебо за шетање да најдам нешто...
Јас земав на Чико ролон. Мене ме прават лом, а на неа ништо па ваљда е добар На природна база и може од најмала возраст.
Се враќаме од педијатар пет полни месеци и втора ревакцина. Доби препорака за воведување на дохрана и вода. Дохраната треба да биде за ручек со пробување вкусови. Добив цела книга што и како да воведам на почеток али вечер ќе ја читам. И правеа ехо на бубрези, се е во ред. 1,6 кг има плус од минатиот пат. И едно најголемо карање кога слушна дека сака да седи. Значи вака во основно школо задно ме искарале. Не смее да седи во никој случај. Само на стомак или на грб. Најчесто на стомак. Се додека сама не седне. Рече тоа е на 8ми месец. Сама кога би седела. На овој начин можело да и направам оштетување на грбот. И да не сум помислувала на дубаци и џампери. Тоа е не. И така. Да идам да спијам уморна сум денес.
Сепак бил дехидриран. Не може бебе од ништо никаде да прекине да јаде и да спие цело време како што опиша. Моето качи тт ама рекоа од што се бореле бубрежињата да опстанат, од тоа било. Памет немав тие 2 недели додека не го однесов на контрола. Биди упорна, ќе успееш. Јас во приватна отидов го однесов, на клиника не ни помислив. Се надевам подобар ќе биде сега. Бебињата од 3тиот до 6тиот месец имаат некоја фаза која им е да речеме веритикална, сакаат да се исправени и со ноџињата бараат подлога да се потпрат. Ова не е одење и одење до 9м не се препорачува никако, тежината до 9м не е препорачливо да им биде на нозете. Гледав некоја емисија, вика прв пат кога ќе се исправи потпрено е знак дека е спремно за одење, до тогаш ништо. Така да со право те искарале. За седење исправај ја на 45 да се крева сама во седечка положба и да вежбате. Не брзајте
Кај мене плаче ако не е полуседната и сама се исправа во седечка состојба. Матичната и еден ортопед ми кажаа дека се што праве сама е добро и да не ја спречувам. Во Систина на ортопед ми кажаа да ја враќам назад. И сега кој да слушам
Многу тоа на 8 месеци само да седи. Вчера бевме на ортопед и ни кажа од 5 месец да го ставам на 45 степени за да го подготвуваме за седење после 6.
И јас вака знам. син ми на 5/6 седеше. Што требапе да го враќам назад, да го уназадувам. На 8 да, сам да се крене да седне, ама дотогаш мора вежбање за тоа да го стори сам еден ден.
45 степени кај мене не ја сака поради тежината која ја има. Иначе во ред е таа позиција од кога ќе сака да се исправа.
Девојки здраво , дали некоја имала искуство со долга жолтица кај бебе ? Бебчето има точно 2 месеци и сеуште со високи билирубини, дали е нормално уште да има жолтица и некои совети за намалување на билирубините? Ви благодарам многу