6+ е,еве го почна сам да седи. Додуша нанпред уште се навалува,ама сам си седнува. А и во дубак го ставам,ништо не му е. Мислам дека најдобро сама ќе си приметиш кога ќе си се исправа сама,колку е стабилна и дали е за седење...претеруваат понекогаш докторите. Ма да мојава среќа,доста опуштена е.
Мојава од 7 седи сама, па и од порано. Сама се исправа и стабилна си е. Ама од 4 м по цел ден е на земја. Еве за 1 недела ќе полни 8 и веќе се исправа на ноџиња. Немам намера да користам ни џампер, ни дубак. А ни под 45 степени не смееш да ја седнеш? Прашувам бидејќи како би ја ранела инаку.
На 45 треба да се рани додека не почне да седи само. Арно ама моево поради стомачето не сака во таа позиција ја стега се напнува и не ја мачам. Ја приседнував со потпирање и сама се крева кога ќе и подадеш рака до седење али ете денес ми рекоа тоа да не го правам. Пршлените ќе и ги заебам во превод. Некои од шест месеци седат. Не знам што да мислам веќе. Немам нерви да мислам. Еве ја крева температура од вакцината, двата кеца доле пробиваат и многу е жешко. Плус на стомак нон стоп сега треба да биде. Ја оставав на земја и досега. Од трети четврти месец е на тврдо. Али е буцка и тешко и е плаче. Синоќа прв пат се сврте на стомак сама при спиење. И така остана. Смешки. Секое бебе своја приказна.
Мојата е кул жена али од ортопедска страна и исхрана е строга. Да не ти дадоа некоја листа за воведување храна да ми сликаш? Ова јас што го добив е некако општо напишано, а може и така треба. Зеленчук и месо, следен месец е вечерата со житариците и последниот месец овошје за појадок.
Да, никогаш не треба да се споредува. Преку ноќ учат нови работи. Јад просто сум изненадена колку прогрес има за кратко време.
Мајки бебе ми заспа во кола во транспортер околу 1ипол час. Незнам дали да го вадам или да го оставам да доспие.. 9 дена сме.. Спојлер: Спојлер Ко неудобно да му е ми изгледа, а толку е успан...
Прцо прсшсње: зошто не е врзано? Второ: толку подлоги на транспортер не ставај, се губи позицијата во која треба да е бебето. За будење, премести го на кревет ќе продолжи секако.
Беше врзан, дома сме сега. Го одврзав и почна да кенка, ради тоа и не го преместив, цела ноќ нема врзано 3 часа сон. Ќе го будам сега
Исто ќе ти речам, тргни подлогата. Плус соблечи долги ракави, ти гарант не си по долги моментално. Положбата на трансоортерот е ергономска, ама повеќе од 2ч не го оставај. Значи во кола, врзан и без ништо одоздола, соблечи го по долги и немаш гајле.
Ради килажата ви рекле така. Форсираат на стомак за да се активира повеќе и да се стимулира да лази, за да стане поактивна, да троши повеќе калории и да не качува толку во тежина. Реално, 10кг е премногу за 6 месеци, тоа е килажа за годиначе. Подобро слушај ги советите, да не и ја оптеретиш кичмата, другото само ќе си дојде.
И моево од 5 месеци е 10кг ама седи, стабилен од 6 е скорз, неможам да го запрам да не седи, сам се исправа.
Има и должина за годиначе 71 см. Затоа имаше препорака само да цица. Денес напомена дека ако висината била мала и имало таква тежина ќе се испитувало тироидна. Но бидејќи била голема ја исклучи тироидната. Во просек должина на пет месеци е 64 см. Во двата графикона испаѓа над просечно. На година ден просек на девојче е 74 см. Татко и е 1,87 и татко ми. Очекувам да има висок раст, јас сум 1.7 Ќе ги слушам секако, не би сакала да и се деси нешто. Од утре интензивно плачење на стомак
Ако е стабилен нека седи. Мене ми демонстрираше дека не е стабилна ( се разбира дека не е, знам ) и ми рече дека уствари јас сум сакала она да седи, а не бебето. Ептен се налути може десет минути само за тоа збореше. Знаеш искачаш некогаш како будала кај педијатар мислиш зло му правиш на бебето. А може и хормони ме лупаат па емотивно се доживеав.
Па тоа што може да го прави не треба да се спречува. Ама факт е дека преголемата тежина влијае. Не само на 'рбетот, туку и на нозете. Ако знае сам од лежечка положба да се сврти од грб на стомак и да се исправи да седне, тогаш да, може да седи. А не вие да го седнувате.
Мене не ми е јасно и како можеш дете што не е стабилно да го седнеш. Еве на пример мене не ми успеваше. Се обидив неколку пати за да ја насликам, ама она секундарно се излизгуваше и си легнуваше. Инаку јас ја ставав во хранилка под 45 степени и таа си се доисправаше и на тој начин си зајакнуваше мускулатура.
Ние сме малку над темава, седум месеца се но за седењето зачитав. Мојава не знае да седи а и не ја седнував досега демек девојчињата покасно требало, па кпга ќе ти стават шубе во глава тоа е. Се врти од грб на стомак и обратно сега неколку дена полза со кренат газ наназад,ја врти цела соба со влечење ама кога ја кревам за рачиња за седечка положба нејке,ми се смее и си лежи. А во скут сама се витка за седење. Искуства со женски?