Кај мене сама се среди, немав никаков проблем со преполнување на градите или истекување на млеко. Попразни со ги осеќам сега градите, ама нормално е кога бебо не цица на 2-3 саати, туку со 2та оброци му доаѓа на 5-6 саати преку ден. Е после ручекот е пак само на доење.
Она до сега е нон стоп на цицка, ако ја зголеми саатницата за цицање на два или три саати ќе имам проблем со градите. Ако се измолзувам ќе ја стимулирам лактацијата. Денес е нерасположена од вакцината и слабо цица речиси на три саати и еве вечерва ги чувствувам преполни и ми жежат. Тоа и размислувам сега како би се средило, а без да закачам нешто.
Ако ги осеќаш полни одмолзи се колку да ти олесни,не до крај.Лактација би стимулирала ако ги празниш до крај и плус продолживаш уште некоја минута на празно. Мислам дека нема да имаш потреба,еве и кај мене само се регулираше за ден-два. Ама,ако ти е бебка како мојава ништо нема да остави,пак ќе си го исцицува.Всушност, читав дека со дохраната пак си цицаат иста количина во текот на денот само на подолг период.
https://haakaaofficial.co.uk/haakaa...7AVbDh9jtqaiO4tnSVCktfHSYuPhhXqYaAvHCEALw_wcB Ова го користев од препорака на консултант за доење во замена на пумпа.Не прави стимулација да се лачи повеќе млеко, туку само да го истиснува баш она првичното млеко,водестото.Силиконска е,се истиснува воздухот пред да се стави и како вакум ја вшмукува градата, воопшто не е болно.Јас имам две и ги користам навечер кога малиот знае да затера и 7 часа спиење а мене градите ми се полни веќе после 3 часа.
Син ми ( 4+ ) неколку дена има многу гасови со јак мирис, од што може да му биде, освен што е нервозен ради вадење на заби нема некои др.промени?
Нешто што си јадела ти. @FreeMind јас имав мака со полни гради кога воведов оброк. Се среди само по себе за неколку дена.
Мамички ве молам за помош. Скоро 4 месеци сме и на главчетп кај темето се направија како жолти корушпи. Со што да ги исчистам. После секое капење чешлам со чешле, нормално е што се направија?
Затоа ќе се одмолзуваш само колку да ти олесни на градите, не повеќе, и така нема да стимулираш лактација. Кога ќе си ги осетиш тешки или ти жежат, одмолзувај по малку.
Доби препорака да почне. Али уште не сум и дала ништо, чекам да биде подобра од вакцината па здравје за недела или две најкасно почнува со проби.
Исто и се деси на малава на 4+. Како новородена немаше ништо на главата. Јас ја бањам само со вода и неколку капки уље бебешко затоа и не и мачкав на глава ништо. После бањање само со чешле бебешко нежно поминував. За еден месец се среди се. Еве веќе е чисто.
Ние имаме вакцина на 6ти месец, порано ли ја ставаат кај вас? Незнам зошто, но сигурно некаде грешам. Претходно малата прва тура спиење 4 часа, после тоа 2, саат ипол и тако даље... Последно време се буди навечер и кенка нон стоп. И ставам града со рацете ќе си ја фати ќе шмукне два три пати и ќе заспие, штом тргнам пак ќе кенка и цела ноќ без спиење ме остава. Ссбсјле во 5 и направив 60мл млеко си го испи без пардон. А штом фати градс како лажалка користи. Немам 3 часа врзано сон, а почнав и со стажирање како монструм изгледам пред луѓето.
Со ова ја бањам од кога е родена: https://www.google.de/search?q=hip ...oECA4QAQ&biw=414&bih=719#imgrc=GHIV4Y0v5ZdkKM
Јас се молзев и уште се молзам скоро секој ден, па планирам сега да почнам да збирам да замрзнувам млеко за ко ќе почнам на работа