Како ги забавувате вашите бебки? Прашувам бидејќи оваа возраст баш и неможеш нешто да ги стимулираш со игри. Јас еве например и пеам и тропкам, па правам онака како криенка со раце и "ЅЕ", и давам перничка да се боре со неа или ќебенце и си игра со нејзините играчки. Во главно тоа е приквечер ја шетам. Не е лошо да си размениме некоја идеа.
Слично и ние, ама сега поќе разбира 7 ќе прави на 10ти, тропа на кутија, почнува да повторува, на пр. Ти му тропаш му покажуваш како и тој повторува и се смее го нишам во нишалка, малку и во дубак го ставам, се движи... @FreeMind на кесите за млеко пиши 3 месеци да стоеле најмногу во замрзнувач, ако некој знае нека пиши
Јас замрзнувам од кога е родена малата, најстарото млеко што сум го употребила беше 4 месеца и си беше добро. Имав неколку кеси што се расипаа од првите пати кога сум собирала, зошто само сум го измила шишето од пумпата, тогаш собирав неколку пати на ден. Од кога приметив стерилизирам после секоја употреба и нема проблем. И кесите се скапи да знаете, најефтините што ги најдов се на Авент во Еурофарм, околу 500 денари за 25.
Јас со брачедами купивме по пола ги деливме 700 и нешто денари се 50, ама нз на која фирма се. Таа ги купи нз ни од која аптека се ако сакаш да прашам да ти кажам. А јас немам стерилизатор го вријам со вода шишето од пумпата, да не ми прави проблем?
И јас така стерилизирам, со вриење, не сум имала проблем. Ако искочи водата многу прљава, вријам уште еднаш 5 минути. И пумпата и шишињата и цуцлите. Бидејќи сме на цицање, не е многу работа, немам еден куп шишиња. За кесите, сега скоро купив паковање, ама не верувам и дека ќе го искористам. Бебе цица на 4 саата само дење, ноќе не, и освен ако не сум излезена и да утне цицање не можам да соберам толку млеко за да замрзнам. Затоа собирав многу пред да се изрегулира лактација, па имам резерви.
А во една кеса како го собираше млекото? Или тоа се мали кеси полниш мрзниш? Немам видено ниту читано до сега.
Кога имав доволно за едно јадење наеднаш собрано (најмалку 120мл) од пумпата дирекно во ќеса и во замрзнувач. Кога имаше помалце, чував во шише во фрижидер, кога ќе се собере доволно се ставам во една ќеса и на замрзнување. Само сите помали количини да дојдат на иста температура (во фрижидер) пред да се измешаат меѓусебно.
Мајки малку се изнервирав и загрижив. Малата на 14 ти ќе прави 5 месеци, пред скоро месец ја мерев и беше 8 кг, денес ја мерам пак 8 кг. За скоро месец нема ништо придадено, а весела си е се си е како што треба. Родилната и е 3580
Јас си ка мерам Јас си ја мерам дома и се изненадив дека ич нема придадено, а инаку само на цицање е.
Следи ја дали плаче после подој дали дава знаци на гладно бебе. Инаку супер си напредува не би требало да е гладна.
Мајки бевме на контрола бебе супер напредува само ми рекоја да ставам широк повој, исто ми пишале и од болница и патронажна ми рече. Е сега, јас вчера пробав и бебе никако не заспива. Се притресува цело, заспива и за минута цел се тресе и плачки е. Пробав да дадам лажливка, ја фати одма ама не заспива пак... Цела ноќ е без спиење, а на града си дреме. Незнам што да правам не е ни наоблечен со едно боде и со клима баш е пријатно...
Веројатно има грчеви. Ставај му топло на мешето, држи го надолу со рака под меше и тапкај го за газе. Пробај со капки за грчеви, не дека имаат некој ефект, ама можеби кај вас ќе делува нешш. Период е и мора да се помини.
Внатре во устето и се направи како бело незнам што е, има и горе малку, и доле во устата не на жлебината Што може да биде?
Кандида... Се чисти со водичка од сода на стерилна газа и поминуваш во устето со прст или ако ти е страв вака купи капки од аптека