Здраво, бебушот е 13дена денеска го осетив кога цица и кога се расонува-кенка испушта звуци хрче како стар дедо...совет
Габично е, ништо страшно. Моето кога имаше, беше само 2-3 недели старо. Матичната тогаш ми рече покрај тоа што него ќе му давам капки, да си ги поминувам и јас брадавиците со капките за да не фати пак, оти е преносливо. Ама брзо минува, не грижи се.
Незнам за другово е нормално ама за хрчењето моево е како затнато цело незнам дали шмрка од уста или од нос. Го носам на педијатар ми викаат ај ништо не му е 5 мин. и толку.
По кој основ ви препорачаа широк повој, ги гледаа на ехо колкчињата или како општа препорака за сите новороденчиња? Да знаеш дека превентивно широк повој одамна не се препорачува и речиси никаде во светот не ги повиваат бебињата, без разлика машко/женско не се докажани никакви бенефиции од носење широк повој.
Нонстоп се открива малава, све гола ми спие, аман веќе...незнам шо да праам...а ја покриеш инстант се буди и почнува да кенка...
Ви се случува ли некогаш бебињата да не јадат како што треба, т.е. да не пијат до крај млеко (тие што се само на ад), цел ден?
Го пишувам прашањето и овде како поактивна тема :Денес бебушко направи 2 месеци. И од вчера навака забележувам дека со поголема силина влече да цица. На крај се буни што нема уште но тоа го решаваме со цуцла. Проблемот е што почнаа многу да ме болат дојките ама не брадавиците туку целата града ко да ме пецка внатре. Некој со слично искуство, ваљданормално е ама за колку време ќе помине
Пецкањето е кога надоаѓа млеко, на почетокот многу го осеќав, ама можно е и да е бебето уште гладно, влече на празно и затоа боли. Дај вода после подој, ако испие повеќе од 50мл значи е гладна и треба плус дохрана. Вака и кажале на мајка ми за мене и стварно испаднало дека нема доволно млеко. Не знам дали и сега би ти ја препорачале "финтава", консултирај се со педијатар за сигурно. Ако скоро одиш на контрола нека ти го измерат бебето, па доење, па пак мерење, и ќе видите точно колку цица и дали е доволно.
Како да и ги заштитам очите од сонце? Иако не ја изнесувам на најтопло сепак и во 19.30 сонцето знае да и ги вцрвени очите. Со капа со све, во количка исто заштитена сепак продира зрак и проблем со окото. Црвенило како капилари испукани и ја чеша многу. Со физиолошки за три дена без сонце мине. Не знам како со ова да се справам наочари не може да носи мала е. Јас имам алергија од сонце али на кожа.
Леле како мува ќе биде. Толку мало човече со наочари. Па и какви се Ама убаво што ми кажа дека има од 0+ уште утре ќе нарачам. Фала.
И ти си во право. Мојата цуцла не трпи, а не пак наочари. Ќе купам и ластикца за секој случај да и ги врзам или со лепак лента околу глава.
Може го форсирам да влече ама гледам дека има доволно млеко. Шприца и без да влече на почетокот. Не верувам дека е гладен. Качив и температура а градите ми се испразнети и немам знаци на маститис. Само ми се воспалени и жешки на допир. Т не ми се симнува ниту со парацетамол.