Нормално е често да кака. Мое бебе некогаш и сега на 8 м има по 4 столици на ден. Додека е помало и после секој подој да кака е нормално, тоа значи дека е убвао најадено.
Кај мене од прв ден кака по цел ден. До пред месец дена и по цела ноќ. Денес цел ден само уринираше и вечерва изби дијареа. Немам видено кај бебе али мириса силно и верувам дека е тоа ( бидејќи така и е и вообичаено каката). И сега не знам дали е поврзано со забите кои ги чекаме долни два конечно да пробијат или сум и го преладила мешето. И дали некој има искуство со алергии од полен кај мало бебе? Приметив дека штом излеземе со кенгур и се вцрвува и под окото како црвени кругови. Идеме дома нема ништо. Си велам сезона на полен може има нешто.
Можно е од заби да има дијареа. Кај нас беше така. Неколку дена имаше по неколку столици и баш течни како водичка и смрдливи и извади 2 кеца долни. Мојава и поткивнува и поткашлува. Препишувам и тоа на забите. А може и настината е. На лето најмногу се настинува. Жив пример татко и.
Јас денеска приметив за прв пат такви црвени кругчиња на обравчето. Прво имаше едно близу устата, потоа уште две накај ушето. Црвени кругчиња,малку рапави на допир. Па да прашам да не е алергија на просо,денеска за првпат му дадов? Така ли се јавува алергија на храна или како мозолчиња? И уште нешто. Приметувам дека бебе и преку ден и почесто навечер, многу нервозно си го трие носето, а не му е затнато, ниту пак му тече. Редовно му ставам Синомарин спрејче,по препорака на педијатарот,ама ноќе секое будење е проследено со нервозно триење на носот. Почнува да се чеша и се буди. Можеби и не би станувал на пола саат/саат да не го чеша носот? Можеби имала некоја такво искуство, да сподели!
Кога имаше 2 месеци ја изнесов со количка надвор на сонце и околу очи се вцрви ме преплаши. Истото се случуваше штом ја изнесам секој пат. До сонцето ќе да е, мислам. Ние кога ќе погледнеме во сонце и јака светлина ни солзат очите,нив им се вцрвува изгледа.
Некои мали,, трикови,, што помогнаа кај нас за доењето. Не сака во раце да цица, исклучително само кога лежи на спална. Кога е прегладна а не сака да фати града се одмолзувам малку, и го давам. Штом го допие одма и ја ставам градата. Или друга финта: лежи на спална, ја свртувам на страна,цуцла во уста, ја тапкам по газе, и штом се смири убаво и ја стсвам градата. Ви завидувам на тие што малитњ ви висат на града. Мојата штом се најаде плука града, сака цуцла.
Moeto kaka na dva tri dena po ednas dnevno nez dali e toa normalno nekogas se slucuva toa ne sekogas da kaka ednas na dva tri dena a nekogas po ednas dnevno
Се припремаме за фамозниот 4 -ти скок, но веќе имаме почудно однесување. Заспивањето навечер ни е со вриштење, станува почесто во текот на ноќта за јадење, понекогаш кога цица многу мрда, прави фати-пушти, па се тегне, и кога ќе ја тргнам од града во таква ситуација почнува да писка. Неќе да се вози во количка а до ското сакаше. Напорно е уште сега а кој знае што не очекува .
мојот е 5+ и уште само лежејки го дојам неможам да излезам појќе од 1 саат бидејќи неможам да го дојам надвор такво си е детето :/ и многу често бара да цица неможам да молжам нема млеко тоае.
Е супер...пишувај почесто уште од савбајлево да се припремам. Ние 11та недела денес ја ситнеме,од 22 часот следно станување 04.20 ни беше ама мака тоа градиве ќе ми експкидираа,и сега се мислам секако мајка станува дали да го дои,дали да се молзи. Но добро има некои па кога ќе се разбудат тоа весели мислиш 9 сабајле,мојов шмука само си бара млекце и продолжува да спие. Уште имаме грчеви но гледам попуштаат,што им е работа вејќе домашни ни сепа само им јача не му плаче толку. Да не сум оф да прашам главчето си го држи но не онака цврсто баш како желче,кога зацврстуваат? И дали 5400гр се добри за 2 и пол месеца? Многу брзо машала накачува. Нешто повејќе од 200гр неделно,само еден оброк од 90мл ад давав кој од вчера го укинавродилна 3000
Супер напредува, за држење на вратче се зависи до детето сите различно, а и кога мислиш дека го држе може наеднаш да го мавне нанапред. Според мене 6м е веќе ептен стабилно.
Со цицањето ќе имаш најголем проблем и заспивањето. Кога почна периодот ја однесовме и до болница да ја проверат бидејќи наеднаш силно заплака и плачеше еден саат. Нејзе и се спиело Вакви промени очекувај и не и се плаши. За доењето мене ми успеваше со играчка на града пред очи да и мафтам/тропам и така цицаше. Кај другите ни ова не успеа. Исто врискот и во количка. Гледај да ти биде во количка еден саат пред да и се спие. Ако ја ставиш на време за спиење ќе збудали од плачење. Ова ако планираш да искачаш земи си го во предвид. Така ќе заспие и нема да плаче. Убавото е што два дена се крајно хистерични и после како да олабавува и потоа пак одново. Не трае цело време со недели. Барем кај моево. Во очи период и кога е најнервозна се обидувам се она што сум прочитала да применам. Пример во четвртиот период треба да земеш една лажица и да тропкаш по се да слуша различни звуци, да допира различни ствари (пластика, хартија, стакло) да и објаснуваш за секоја боја, да и покажуваш слики, да се обидуваш да ја најдеш нејзината омилена музика, да и ставиш играчка да ја фаќа со двете раце. Едноставно да ја стимулираш за да ги намалиш врискањата.
Се исто и кај нас само кај нас врискањето траеше 2н. кога и се спиеше. Ептен стресно ми дојде првиот пат и ние во кола и на болница, а по пат се успа После веќе знаев што е работата и полесно поминував. Сега пак нешто ја мачи за спиење сме со плачки и тегнење али не како тогаш.
@Happyinlove и ние пред две недели имавме такви периоди кога спиеше по 6 часа наеднаш од 10 до 4, но наеднаш се смени. Почна да заспива во 20:30 и станува на 2/3 часа. Главчето почна со 3 полни постабило да си го држи, но уште го мафта по малку на моменти . Супер ви е тежината, ние 5400 бевме на точно 3 месеци. @FreeMind , утеха ми е тука што ве читам па некако гледам дека повеќето сте го поминале истото. Овие два дена ги уплаши мајка ми и свекрвата ептен со вриштењето . Баш тој период сакале да ја видат и кога им писна, во вис крена се. Им викам сака да спие затоа е таква, они леле нешто ја мачи. Многу е напорно тој период додека да заспие. И сака само еден да ја држи и да не менува покожба никако.
Ајде кај и да е како што читам најдобро е да огласам на продажба количка ,релаксатор...бидејќи имаме потенциал уште сега два пати туркав количка празна,а релаксатор едно 10мин мах го посетуваа купував за најубаво...за џабе
До три месеци ја обожаваше количката после никако ни за успивање ни за ништо на сила 15мин ако прошетаме а во меѓу време свиркам со играчка Ќе си земиш кенгур. А за релаксаторот само за дневни дремки од 20-30мин.
Колку има бебето? Нормално е течна, жолтеникава столица кај доенче, моето до 3 месеци секој ден по 10 пати се какаше течно. Колку пати цицаше толку пати какаше.