Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Релаксатор после три кај мене по еден саат на ден.
    Не го земај од количка во раце гледај да искачаш пред да спие и тропалки горе закачи му. И жешко да не му е кај мене од тоа плаче во количка и погрешен тајминг. И на искачање од врата нели :)
     
    На NNA и Happyinlove им се допаѓа ова.
  2. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    Кај мене обожаваше во количка до 3 месец и од тогаш никако, одма плаче. Се тешам дека кога ќе го почнеме другиот дел што е од 6 месеци, можеби ќе и биде поинтересно. А релаксаторот го обожава, преку ден во него си седе и таму заспива. Се надевам нема и таму да и се здосади.
     
    На NNA, LoveHope, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски


    Да и комшиите ме гледаа една дури ми рече дигни го мајкааа гушни го,он се дере јас цела збунета ама сака да се вози во количка демек... и сега со страв излегувам цицаме и одма во количка предходно облечен спремби торби и летам низ врата и така....
    @duffi мало мало ама многу си зема сила:D си команда а баш мислев колку мирно бебе имам то оно од жолтицата успано,сега за сега не ужива во ништо го спуштам во релаксатор и одма вриштење8-|а не е свесен какви се опции има де лулање,де музики,вибрации...:D се шалам може ќе ги задржиме:wasntme::):D
     
    На NNA, kikin, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ednostaven

    Ednostaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    216
    10 ндели е ама страшното е што прво му прават револуција цревцата и после како кај возрасен кога има дијареа звучи. Денес од сабајле пак ни една столица а само му кркорат цревата. Ваљда од грчевите ќе да е, престанав неколку дена да пијам чај а од вчера пак почнав и се смири малце.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Само кај нас изгледа нема промени,каков беше таков и си остана. ;(
    Минавме и 5 скок,ама ништо не се смени на подобро.
    Дефинитивно 4 скок е најстрашен,а во 5 скок има изразени страшни моменти,проследени со вриштење,поголеми промени во цицањето и спиењето немаше.

    Е сега,во релаксатор откако е роден може да поседи 10-15 мин,повеќе во никој случај,а обично мора да сум до него.
    Во количка никогаш не засака да се вози, ако се заглода со жирафката Софи може и да завртиме некое кругче низ маало,ако тргнам малку подалеку обавезно мкнам и бебе во раце и туркам количка |( Ако излезам со некого да го шетаме уште толку не седи,па еден турка количка :sweat: друг носи бебе.
    Во креветче да го оставам повеќе од 5-10 мин,нема шанса.
    Во хранилката може да поседи додека јаде,потоа почнува да кенка да го извадам.
    Најново,имаме и лулашка. Ептен ако е расположен дозволува да се лула максимум 15 мин.
    Значи,од сета опрема што ја имаме ништо не сака. Чудно дете :|

    Имам душече ставено на кревет,па ако ептен се уморам може да ме почести и да лежи тука 30 мин,а некогаш и повеќе,ама гледа песнички и јас обавезно да сум до него и да го забавувам со играчки,сам не сака.

    По цел ден ми е во раце, за успивање исто во раце,дали легнат или на рамо,небитно. Повеќе е легнат и го нишкам за да заспие,ако не,нема ни да спие. Да заспие сам како што кажувате,дали во креветче,релаксатор,количка,нема шанси. Уствари,еднаш заспа сам на спална,ем ме зачуди,ем израдува,ама никогаш повеќе не се повтори,за жал.

    Кога сме кај спиењето,веќе 2 мес,преку ден спие како на трње,две дремки од по 30 мин,па и да сакаш да сработиш нешто,нема шанса. Додека потсоберам тоа што сум јадела,измијам садови,он се буди. Преку ноќ,бетер.
    Заспие,па мора да сум до него,бидејќи додека убаво да заспие,закинкува 2-3 пати и мора да го земам во раце да презаспие. Откако убаво ќе заспие,се буди најчесто по 2 часа,и потоа цела ноќ се буди на 40 мин/ 1 сат/1 ипол сат,зависи,најчесто на еден сат. И стварно,и да сакам не можам да запамтам колку пати сум се разбудила ноќта. Знам само дека секое станување,погледнувам на сат и промумлувам:
    -Па добро, дете нели ти се спие.
    Уште откако е роден не е спијач.Преку ден постојано беше буден со кратки дремки,а нели бебињата треба да спијат.
    И вака е цело време. Не се ни надевам дека нешто ќе се смени во блиска иднина. Едноставно,бебето ми е кенкаво. Кога и да отидеме некаде или да дојде некој,мора да му стојам,да го држам во раце,да шетам,седнување никако. Па и тоа не му е погодено. Додека има луѓе е кенкав,потоа малку од малку е подобар,ама сепак не е од оние мирни бебиња.
    И не дека не постојат такви,еден куп мирни деца сум видела,кои со саати лежат во релаксатор,се возат во количка,мајката седејќи го држи во раце,си лежи....Ама моето едноставно не е такво.
    Се надевам дека кога ќе почне да седи и да се заигрува со играчки ќе ми е полесно,иако може и тоа да не биде кај нас. Веќе наполни 6 месеци,време е да се префрлиме во друга категорија,ама ете да си се искажам и да резимирам тука.
    До 5 ипол месеци имаше грчеви,ај викав плаче и е кенкав од тоа, грчевите завршија,ама кенкавоста и досаѓањето останаа.

    Еве и сега,воопшто не спиеше од сабајле. Ноќеска се разбуди во 4,заспа во 6:30,а се разбуди во7:30, и оттогаш не заспа,а постојано е во раце,гушнат,со надеж дека ќе заспие. Ама не. Рацете ми се издолжија до колена :headbang:

    Тоа е. Такво ми е детето,ама си го сакам најмногу на свет. Иако некогаш ми доаѓа се преку глава.
    Сепак,ми останува само да се надевам дека ситуацијата ќе се подобри,надежта последна умира.:) (waiting)
     
    На NNA, thinkerbell, paleska3 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Па тогаш секако рано ти е да огласуваш. Ако не беше на шала коментарот.:D
    Иначе мојот не го засака релаксаторот.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.200
    Допаѓања:
    24.611
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, слично и моето беше, после 6 месеци е супер преку ден, сака и да се вози во количка, значи имај надеж и јас мислев дека никогаш нема да излезиме некаде без плачење, но еве го обожава в количка сега :) само што ноќе не спие уште, цицката му е цуцла лажалка :D
     
    На NNA, paleska3, hello-kitty.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    ко да гонцитираш мојот потполно исто да се здрави и живи
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Во четвртиот период не сакаше па ја сместив во кенгур. Исто мислев другиот дел поинтересен ќе и биде 45та али бетер со тоа.
    Сега од кога помина во 12 час шетаме со количка (она спие) и навечер во 19ч со кенгур. Ако дува пак со количка (она да спие иначе кемка).

    Твоево е прво од генерацијава на листа што ништо не сака. Јака ти душа.

    По тебе сме јас и Лаки што не спиеме со месеци, па Дина која спие на два саати и остали бебиња.

    Што да очекувам во 5ва? Врискот од нигде никаде? За неспиење нема да се изненадам секако :)
     
    На NNA, paleska3, hello-kitty.90 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.699
    Допаѓања:
    24.090
    Пол:
    Женски
    Вака кога ве читам си велам меѓу помирните бебиња имам :)
    Моево спие од старт, нормално се буди 2-3 пати ноќта за цицање, ама сепак врзува на два пати по 4-5 саати, а и јас со него.
    Ужива да се вози и спие во количката уште од почеток, до 6м скоро цело време беше легнат во корпата без проблем, сега е веќе подигнат за да си разгледува, ама заспива и пак го спуштам. :)
    Спие сам во креветчето од првиот ден, така и се успиваше, само во последно време со нишкање заспива.
    Не сака во релаксаторот за жива глава да седи, па не го ни ставам веќе. Во транспортер ужива да се вози, спие по 2 саати кога одиме за Кочани со колата.
    Преку денес има 3 дремки по саат време отприлика, некогаш и повеќе. Само последнава недела спие како на трње по 30мин ама мислам дека е од жешкото и забите што го мачат. Уште нема ниту едно, а набабрени се. Со тропкалки и Софка се заигрува по 10/15мин, после му здосадува. Гледа цртан 5/10мин и му здосадува. Лежи и се превртува на сите страни на подот 10мин и тоа му здосадува. Многу брзо се заситува од овие активности и затоа мора цело време да сум до него да го анимирам кога е буден.
    И јас веќе не сум за во темава, утре бебо полни 7м, ама ај кога почнавте да си пишам :)
     
    На lackygirl, NNA, paleska3 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Имам мака. :?:
    Додека го собираше во корпа спиеше како бајче.
    Значи од 8 до 8... Да, 12саати без прекин. Ретко да станеше во 6сабајле.
    Е сега во креветче веќе месец скоро се буди на неколку пати и плаче... Мислам дека е гладен, ќе му дадам и после 2h пак плаче.
    А го земеме на спална, заспива во секуна и спие повеќе од 2часа.(facepalm)
    Ми е страв во спална да го ставам, јас се вртам 19473662пати, еднаш го удрив. :(
    Чаре?
    Иначе залепено е креветчето до мене, заспива држејќи ме за рака, ама ептен немирно спие. Се врти на меше го шета цело креветче.
    Кога е тој пети скок?
    6+ и една нед сме .
     
    На NNA, Milaаа991 и FreeMind им се допаѓа ова.
  12. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Официјално и ние заминавме од групата ама морам и јас да споделам ситуација :)
    Уште 3 дена и завршуваме со 5ти скок. Океј го поминавме, исто како и четвртиот. Иако бев преплашена од шо читав други мајки не беше толку страшно кај нас. Е сеа 5от се поклопи со вадење два кеца доле Еден период потешко заспиваше, освен тоа, друго немав некои изразени проблеми.
    Сака да цица лежејќи ама тоа го препишувам на жешкото, пошо во раце кога цица многу се поти.
    Седи во релаксатор, може и по пола саат, неколку пати во ден.
    Седи во транспортер и во количка, најчесто заспива веднаш, освен ако ептен спиела пред да излеземе од дома, па тогаш си гледа или глода играчки :D.
    Во хранилка седи додека јаде, а некогаш знам да ја седнам пак кога јадеме и ние па да е блиску до нас.
    Ја заспивам легната на спална, со цуцла и тапкање по газе, па после ја префрлам во креветче. Спие таму до кај 3-4 саат, па ја зимам на спална до мене за цицање. Најчесто се буди накај 6 уште еднаш за цицање, ама знае и да изненади па да отспие право до 8 без да стане пак. Ааа да, едно време стануваше во 6 саат и нејќеше да презаспие, и тоа сигурно беше од скокот.
    Преку ден спие 3-4 пати, еднаш 2 саати другите пати по 1 саат. Среќа се научи да дреме преку ден, пред тоа спиеше едвај 15мин преку ден. Ама мислам дека се научи поради тоа што 1-2 недели спиев/лежев до неа, па сеа е поопуштена.
     
    На paleska3 и FreeMind им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Јас за моето викам дека е мирно бебе :)
    Барем не плаче, се тешам. И гледа цртани кокомелон цел ден да и го оставам тв уклучен цел ден ќе ги гледа.
    Преку ден уклучи една дремка од два саати и два пати по саат. Е сега тие два пати по саат и ние сме надвор така да кога ќе си дојдеш одма влагаш у ритам за анимација и акробација.
    Во транспортер и остали 45 степени позиции никако од никогаш. Во раце легната никако. Среќа тука спаѓа и нишкање и тоа не го сака.

    Последниве недели во петти месец се заигрува и сама на стомак и на грб, некои си 15/20 минути. Како си игра? Ги џвака играчките. Софка ја витка на две и тоа и е интересно за во уста мечиња и тропалки. И рика. Испитува глас и цел ден рика се мислам кој ден ќе заебе гласни жици. И прави балончиња со плунката. Забите ја мачат, среќа и вака што мине.

    Во креветче не можам навечер да ја легнам бидејќи цицката и е нон стоп во уста нели. И не можам да ја дигам горе доле така да остана на спална со месеци во надеж дека некогаш во иднина ќе сврзе со саати сон.

    Она што сфатив овие месеци е дека играчки апсолутно не и требаат не ни купувајте џабе. Ништо не и треба само вие со анимации. Висечки играчки на креветче и количка исто помагаат. Други не. Не планирам да купувам ништо до една година. И ќе следам совети од постариве за да купам и јас.
     
    На lackygirl, paleska3, NNA и 3 други им се допаѓа ова.
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Заборавив да спомнам и дека мрази да се вози во кола.
    И тоа ( не препорачувам) мора да е во раце, ако го ставам во седиште/ транспортер вришти,па нема никаде одење.
    Ама и во раце плаче,па пуштаме јутјуб,тропам со клучеви,вадам цицка,го префрлам 1246765пати од една на друга страна,за возење 2 км. Затоа и не одам скоро никаде,до ортопед,педијатар,вакцина,проверка кс и до малскиот маркет.

    @happygirl од мерак да чуваш такво бебе

    @FreeMind освен вриштење по цел саат без смирување,и без ништо да му е,други промени не забележав во 5 скок. Далеку помалку страшен од 4 скок.
     
    На NNA, happygirl и FreeMind им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Баш како мува е:)
    И ушите и ги клемпа.
    112C4FCD-27C6-4DB2-9989-DDCAF5C86F4B.jpeg

    @TeddyGrey не може да ги вади со врвка се назад.
     
    На lackygirl, TeddyGrey, paleska3 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Мајки бебе ми спие само лево и десно а право со главчето никако не седи. На педијатар сум за две недели ама до тогаш незнам дали да правам нешто' дали да го ставам измеѓу две перници да стои исправен или..
     
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    @FreeMind
    Нашите се помали ама ушите и ги клемпа :D Барем ги остава ли на неа. Баш е типка момата 8) На чико се или други?
     
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Ги остави денес. И да сака да ги извади не може како да се лепат за глава некоја мека пластика.
    Изглед не е битен само да не и крварат очите.
    На сангласес се:
    A0F1D73E-624C-4534-9BE8-57D83ECC5226.jpeg
     
    На lackygirl, TeddyGrey, NNA и 2 други им се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Супер се со здравје да ги носе момата. Вака изгледаат практични, тоа е најбитно.
     
    На TeddyGrey, FreeMind и NNA им се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Не бери гајле за тоа. До 18+ се оформува таман. И моето спиеше на лева. Ма врти му глава, па држи го, па тетра под душек од лева да го натера да се сврти, џабе се.
    Еве сега почна и на десна и на меше спие, веќе се гледа подобрување. :)
    Уште во болница борби водевме, сестра му врти глава, а тој еден инат дава отпор и се црви дури од мака пак на лева да ја сврти.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.