Y Исто е и кај мене само на страна спие. Кога ја држам во раце на главчето си е легната, а инаку се на страна е. Незнам дали да земам од тие специјалните подлоги за оформување на главчето што ги рекламираат.
Може едно глупаво прашање? Што прават бебиња од 2 и пол месеца? Ние имаме две фази,има ден како денес спиее кома станува на 2 саати цица птодолжува да спие и во меѓувремр аако е буден 10 ми тоа кемка,плаче вришти за да цица почесто нели од грчевите,и има ден кога се на се спие 2 саати цел ден,а се друго е кемкање,плачење па ќе шетаме во раце па па плачење,па во релаксатор одма плачење... ако не спие плачи,буден незнае да седи,да гледа...или мало е?
Јас имам клипчиња на 10 дена стара како лежи и гледа. Се познава дека уствари нишо не гледа, ама не спие и не јаде, значи само си седи. Може траело по 3 минути. На 2ипол месеца веќе си седеше може по 1 саат, ако не и повеќе (не ме држи за збор, до тогаш уште не спиеше цела ноќ, па малку ми е матен тој период ) ама сакаше анимации, и зборев и пеев, или редам по дома па ме гледа дека мрдам и интересно и беше. Тоа што е кенкаво твоето, може уште го мачат грчеви, или детето си е така поплачко И може некои денови поуспан да биде, ама генерално треба да има некои будни периоди. Ако не се лажам на таа возраст контраст најмногу ги интересира. Јас имам светло кремасти перници со црни букви, цело време ги загледуваше. Значи црно-бели слики или играчки би требало најмногу да му привлечат внимание.
Епа тоа може да почне да се смее ама во сон или откако ќе се најаде. Претежно спијат до 3мес сега може грешам, моето е прематур. Јадеше, плачеше,какаше, спиеше тоа што снима како камера, тоа од раѓање е таков. Сите деца во кола спијат, он буквално од 14дена само вртеше очи да види се можно. После 4ти фаќаат "црвците" Од 6 ептен фаќаат Во релаксатор до скоро не седеше, сега таму го хранам и седи. Го гледа и "ам" вика. На 3мес знам се сврте прв пат од меше на грб.
Баш барав слики кога малава била 2ипол месеца, најдов клипче како се врти од стомак на грб, не дека точно знае што прави него од што нејке да е на стомак прета и вака-така се сврте. Сега на скоро 6 месеца за жива глава не знае да се сврти на грб, како желка заглавена на стомак седи...
Плачко е син на мајка кемко,роден е 37ма не дека нешто прерано,но не е ни во термин. Единствено мрда прета со раце нозе јас мислам на тие играчките над креветче оно којзнае каде гледа тоа е 10 мин па почнува викање,и на огледало да се види она сенки да правиме ама и тоа кратко. Брзо губиме интерес ми е зборот. Али има преку еден ден кога си го преспива квалитетно... Затоа барам вака искуства,горе доле тоа е. . Јас секое кемкање вриштење на грчеви препишувам
и мене ме интересира на 2ипол месеци што др. правеле.... еднава ми е врескача многу, нема нормала, вреска за јадење а и кога и се спие.. не седат онака да блеат, да гледаат у таван него или плачат, јадат,спијат...пукнав...во 4ти ли се средува се?
Од 4ти веќе можеш и да си играеш со нив и ќе почнат да бидат многу заинтересирани за околината, да претаат, гугаат или врискат(не како за плачење туку како игра), ќе почнат да фаќаат играчки. Како и да е многу поинтересно.
Кај мене малата од два месеца почна после јадење да си леже околу 20 мин и си претка со рацете, ако и зборувам се смее и прво гугаше само ауу и гггг, сега од полни три месеци почна повеќе да гуга. Сега знае да поседи малку и на под и да ги потропка висечките играчки. Исто се загледува 10 мин во цртани. Па се префрламе во релаксатор, таму си игра со висечките исто максимум пола час и потоа бара да си до неа или да ја земеш во раце. Во глобала тоа ни е рутината после секое јадење.
Нема он интерес за твоите досадни тропкања и желба да блее у таван) Уствари кога ќе размислам и вака ве читам стварно први три беа многу досадни. Пред да наполни три летав за мкд освен дека плачеше како будала и поминав кошмарно не ми текнува дека нешто друго правела. Прстите во уста и беа сигурно пред три полни. И почна да се смее и да прати со поглед. И на 3+ главата и беше веќе стабилна. И прстите си ги фаќаше. И се смееше не на глас. И гледаше цртани cocomelon. Инаку како некоја машина тоа па тоа од раѓање. Сега со 5+ исто ѕенѕаш само имаш додатоци во програмата. Иначе пак е јади+релаксатор+под+цртани+играчки+кемка+цицка+какала+итн. Ако нема три пара раце за држење сеуште е тешко за на ручек надвор ако ти се разбуди од количката. Плус комарци милијарда само пафташ како брисач да не ја касне. За вечера сеуште не сме се осмелиле. За еден месец ќе бидат скроз поразлични од сега. Ситно броиш искачаш од први три.
Јухуу, па доста беше лудиов период, да се вратам и јас малце ко човек, се изгубив себе си скроз, башка си викам што деца ми се погодија, го немаат она бебешкото блеење у таван, ај грчевите праеја проблем,сега веќе ги нема, прткаат сега и тоа ги вознемирува ама се регулира и тоа од ден за ден...имаме и Аууу гууу ама слабо е... ќе се стрпиме... сте летале на 2 месеца, бравос, мене до парк ми беше незамисливо почнавме веќе...
Прашањево може не ми е за овде,нека се префрли во соодветната тема-како им ги закачувате играчките на количка?Мислам се купува некој посебен дел или...?
Јас летав не летај и ти, биди си умна и шетај си до паркот. Иако некои подобро поминаа. Ете мојата среќа знаеш под ѕвездата искривена баш таква е. Мене ме нема скроз од кога е родена. Исчезнав. Немам ни желба што е најтрагично. Како да се помирив дека ќе шетам испотена цел живот. Чекам да заврши периодот на доење и влагам низ голема врата:
Е немам веќе душа во мене. Госпоѓицава го усоврши вртењето на стомак, ама не и враќањето на грб. Интересно и е и во секој момент гледа на стомак да е. Ретко и успева да се врати, па има плачки. Се е тоа добро преку ден, ама за навечер ми е страв. Не сум спиена како што треба, бидејќи се врти цело време и страв ми е да не се загуши. Извадив оградици, сега е само душек и чаршав. Им ставате ли нешто да не се вртат? Или да ја оставам да се врти, затоа што сама го прави тоа па се надевам знае главата на страна да ја сврти. И мислам дека така и е поудобно. Прета додека не се намести убаво на стомак и заспива. А тоа што прави кругчиња од 360 степени во креветче е друга работа.
Леле и ова со колата ДА исто ама сега обожава, најсреќен е в кола, премногу се радува, ќе смени ќе видиш и јас така си велев како можи само моево да несака в кола да се вози но никако заспивање, само гледа надвор, гледа во татко му во воланот и се радува...
Околу активностите и јас да пишам еве.Имам мирно бебенце пу да не го урочам или да се смени од овие скоковите(4ти скок навидум) Сама го чувам буквално,мајка ми беше месец и пол на помош но си замина Мк,мм постојано на работа. Цица на 2-3 саати преку ден,навечер само еднаш се буди накај 3,4 и наредно будење 7,8, Веќе е 3ипол месеци,сам си го држи главчето,како желче е хаха. После цицање си гугаме на кревет ,има многу годиш и тоа му е многу смешно, често се загледува во мојата пунџа и прави фаци ко демек шо ти тоа на глава. , и се останато што е колоритно. Си седи во релаксатор гледа цртани и пењави со устата правејќи тапанчиња истовремено. Мах саат и пол е буден.Преку ден спие по 2,3 саати и ова време го користам да зготвам и зачистам нешто.Навечер заспива сам во креветче гледајќи во играчките над него и со цуцла,отпосле ја плука. Еднаш до два пати неделно го носам во центар за дечиња каде што има совети околу доењето,мерење,масажа за бебиња,запознавање со други мајки, и на него тоа му е многу интересно,очи не трга од бебињата многу ми е смешен. На кревет веќе ми е страв да го оставам ептен се подига со газот и се подместува, а и веќе гледам сака на меше да се сврти,се врти странично и со едната нога се тушка да се сврти,мала помош и се гњури во кревет Од кога почнуваат да се вртат на меше?
Првите денови буквално го копаше носот во душекот, а потоа јас на неколку пати и а местев главата не а враќав назад и сега ја месте сама. Арно ама неможе да се врате назад на грб во сон. Додека е будна се врте по пет-шест пати, на сон потешко. Прати ситуација овие денови ако се месте убаво остави ја. Или за денско спање оставај ја да се учи на меше.