Јас и ставам перница, се врти само на лево и ако од таа страна ја блокирам не се врти на меше. Ама затоа клоца додека не стаса со главата со оградата и пак не и се свиѓа. Едвај чекам да се врти и на грб, долго време веќе е вака. Барем да сакаше да спие на стомак, нема шанси, ако се сврти морам да ја вратам на грб и да ја држам дури не заспие да не се сврти пак. Знам за бебиња што се вртеле и на 3 месеца, на една другарка моја седеше малата самостојно на околу 7 месеца. а уште не се вртеше, после тоа научила. Моево на 5 месеца научи.
Сите деца различно има некои деца од 3м а некои до 7ми не се вртат. Ставај го на цврста, рамна подлога да се вежба
Само се жалам Ама само на форумов,вака мудро си молчам. Синко одамна не спие ноќе,се буди често,ама последниве неколку дена се буди на 20,30 мин цела ноќ. И тоа кога се буди,се подсмева во сон и почнува да мрда со раце,ги удира нозете од креветчето и почнува да плаче. Го зимам во раце,не е гладен,не цица,по некое време заспива? Што може толку да го плаши? Дали преку ден што се смее ептен гласно,додека го бакнуваат на стомаче,божем го бркаат тој се смее на глас, дали тоа го преживува повторно навечер? Друга причина не можам да најдам. Прават ли вашите бебиња вака? Разбирам дека менува,некогаш повеќе ќе спие,некогаш помалку,ама гледам дека нешто го плаши. Не ми изгледа нормално да се буди на пола саат. Има ли некој начин да му помогнам?
Кај мене така прави кога била многу во гужва, народ, кога многу ја задевале и зборувале непознати луѓе.
Значи може да е поради задевањето и смеењето Од денеска забранувам да го задеваат и да го засмејуваат толку. Да видиме дали ќе се подобри ситуацијата. Логично е донекаде,ама ај докажи им на некои луѓе. Кажувам со убаво не се разбираат,само ако се поднамќорам малку се разбираат од збор. Не се издржува вака,ај додека се будеше на 1 сат се тераше некако,ама вака на пола саат дури легнам,се наместам,заспијам,тој се буди.
Мојава на точно 3 месеци се заврте сама, претходно со малку помош. Оставај го почесто на земја. И еве сега се разбуди од спиење и одма на стомак и гуга. Смешна ми е. Инаку @hello-kitty.90 мене така ми прави кога е во многу гужви дента. Или ако е на ново место дете сака прво да поседи 5 мин во транспортер, да види кај се наоѓа. Ама не бе, вчера одма ја извади свекрва ми и почна да ја гњави. Кога спиште дете не можам да ја смирам. После само што се смири, пак ја загњавеа, па пак почна да плаче дури зајде. Е тука веќе се подналутив, па не е кукла бре детево, човече е, нека се адаптира. И одма коментари како јас сум ја учела на тишина (не знам ова што врска има со тишина ама ај). И нормално ноќеска почесто се будеше дете и понемирно спиеше.
Кај мене е малце полошо од плачење цела поцрвенува и не престанува па ја будам и мора малку да поседеме да ја поиграм па пак да ја успиам. Избегнувам такви ситуации ама кога мора обавезно сме со плачење. вечерта.
Дали само ја сум незадоволна од Памперсов? на двојка преминавме, жива катастрофа, нонстоп им се мокри алиштенцата, ја ли незнам да им ги наместам или? сакам да пробам некои други пелени, имате добар предлог? тенкс
Памперс ни правеше црвенило обичниот. Про Памперс беше добар али прескап. Јас користам Виолета и сум задоволна од 8 вечерта до 9 наутро не пропушта.
Јас памперс сменив дека мирисаше лошо, немало проблем со протекување. После Виолета и Дајперс земав, и од двете сум задоволна.
Јас со двојка почнав и ми останаа дома не ги користам многу ми се безвезе не ми се допаднаа воопшто, сега сме со БејбиЛав на ДМ трето паковање купувам и сум презадоволна. Бекутан ми беа крути а Виолета немаше во ДМ па почнав со овие. Мнооогу се добри ако можеш пробај
Ќе пишам во темата за пелени.. Кога им го давате Осанитот? За време на спиење или додека се будни. Како успевате додека се будни? Меѓу непце и усна се става?
Мамички здравооо Нова сум на темава. Бебка ми е 1 недела Сакав да ве прашам за положба за спиење. Досега спиеше на грбче, сега почнавме да ја вратиме еднаш на лева страна - зад неа ставаме перниче да не се врти, другото легнување на десна страна. Како е најдобро за главчето? Странично наизменично или на грб?