Добредојде и нека ти е жива и здрава бебка. Само за убави постови да ни пишуваш тука. Јас го ставав на почетокот само на лево и десно, сега е веќе поголем има 10 недели и сам си зазема страна а е легнат на грб. Веќе ќебенцето не може да го потпира иако му до ставам на одредена страна.
Добро дојде. Формата на главата е генетска. Новородено бебе треба да спие на грб и потоа само се врти лево десно. Вртењето на лева и на десна страна е од причина да промени позиција што велиме да не се здрви на една страна. Исто и од страв да не се задави од плунка при спиење ако ја крене брадата нагоре.
Стана во три свежа кукурек да си играме. Вака беше и првата недела во четвртиот период. Очигледно го отвори свечено петтиот. И како бе сите периоди кои ги поминаа само во спиењето ја маваат еве не знам.
Исто кога влезе во петти многу малку спиеше еве сега си се врати во нормала недела дена пред 6тиот. Си легнуваше во 23:30 беше станата во 5 ќе издржиш кратко е.
Да ми пратите слика нешто доколку имате посетувано курс за прва помош при давење на бебе,не можам више под стес го ставам да цица,го држи млекото во уста плус многу лакомо цица па ќе му надојде и опп засркнува. Сабајлево па душа да прдне и истовремено да голтне па се засркна. Ајде го навалувам го тресам додека се соземе јас се губам.... Па гледам цела коса му испаднала на чаршавчето се е со влакненца,ме удри филм вака многу што му паѓа да не има инфекција па да нема ни коса...многу забегувам знам.
Мајка не се нервирај непотребно. Косата ќе му падне нова и поубава ќе му порасне. А за задавувањето може да му иде многу млеко измолзувај се.
Верувај ми не е до многу млеко што му иде,прв пат со капки за грчеви еспумисан ми се засркна а тие густи на лажиче и полека ги давав. Он збесна кога ги вкуси и треба да го снимам да видите се стега со рачињата и со главата лево десно се возбудува и оп без воздух,мајка му си нема работа па ќе го тресе на секое. Стварно е страшно,хорор
Не е страшно мајка само заврти и подчукни со тек на време ќе се среди тоа а и ти нема толку да се плашиш.
Ние стандарт си играме сред ноќ. И остана навика од 4 скок. Не знам како да ја одучам. И да не и обрнувам внимание сама си игра брчи, си кажува, тропа. Мене ми е страв да ја оставам сама да не се удри во креветче и така си дежурам со неа.
Кај нас за среќа траеше тоа само неколку недели само јас не и обрнував внимание ја зимав до мене и ја гушкав за пола саат се успиваше.
Хепи и нас ни падна косичката во вториот месец, еве сега почна да расте и да се обновува, се смени бојата од црна сега стана смеќа девојка . Не се секирај нормално е. А за засркунавањето немам искуство, кај мене ретко се случува. Него пред некој ден прв пат пробав многу малку од мајчиното млеко и се зачудив колку е благо
Баш се мислев да прашам за мајчиново млеко,немам пробано лизнато ад имам, и по одвратно нешто немам ни мириснато ни пробано па кога ќе миев шише тоа одвратен мирис како ли го пијат. А малчино викаш благо