И јас сакав убаво да си спие арно ама спиеше цела вечер на мене меше на меше. Доста опасно ако не си свесен во сон.
Stom place mozda nemas dovolno mleko si probala li so ad mleko otkako ke go nadoes da mu dades ad mleko
Абе мила кога се мора се мора. Меше на меше стварно опасно ама со бевте една до друга. Се знае дека сите за своите најдоброто го сакаме.
Мамички дали кај новороденче е нормално да има страбизам на очите? И за колку време се повлекува? Сеуште немам отидено на прв преглед, наредна недела сме закажани, па баш ме интересира. Како беше кај вашите малечки? Иначе ни јас ни мм немаме проблем со видот. Фала
Нормално е. Моето е скоро година ипол уште го има. Во поблага форма од претходно. Ако треба подоцна ќе корегираме.
Вчера и денес се истошти од вриштење синко,ама буквално. Отидовме на педијатар,значи цица се трга и вришти,и уста полна со плунка мислиш заби ќе вади на нецели 3 месеци. Испитавме крвнс слика па не прати на орл и значи јака вироза имал,среќа само носето било ептен црвено (не знаев и носе дека црврнеело) често се случувало од клима,промаја,сепак е уште малечок. Ни дадоа ефедрин капки,ставив поплака ушѕе малце па сега заспа. Му олеснало изгледа. А на сабајле знае да му е затнато така и да кива,но ајде нели се чистат уште... само нека одмори од толку викање другото ќе помине. Убав викенд
Моево до 5 месеци имаше. Тогаш на контрола го прашував педијатарот, рече секако до 2 години не се прави ништо, ако до тогаш не се реши, тогаш ќе бараме чаре. И мислам дека после таа контрола и помина одма
Мајки давајте совет. Бебе е 20 дена. Цел ден сака да е на цицка, сиса малце и заспива, чим го тргнам плачки е. Не заспива никако освен во раце или да легнеш до него да го гушнеш а ако се тргнеш одма се буди. Сакам да средам малку хаосов дома ама неможам... Ќе помине ли или само детето ми е мазиче сака пажња?
Навикни се на хаосот околу тебе или повикај помош да ти го причуваат додека средиш. Ќе потрае до кај третиот месец. Дали вашите бебиња рикаат? Не знам како да го објаснам не е плачење буквално рикање е. Како да ги напнува гласните жици до максимум. Некоја форма на кемкање али тоа го прави многу гласно и се напиња. И чаре како да прекине со тоа?
Јас пак со тие грчеви..али нас многу не измачија, може ги има и бара утеха во цице пробај со бели звуци мене ми помогнаа многу само така спиеше сама.
Кај мене цика кога е радосна и сака да си играе дури знае подолго да цика. Исто и ако не и обрнувам внимание. Ако е такво јас мислам дека е нормално по малку гуга а повеќе праве така.
Да,син ми не знае да плачи,кога се роди дека беше слабо и мјаукаше сега фрли снага и рика. До зарипнување и ќе подзастане и ќе се накашла онака од суво грло. Тоа им е од инает мислам,од сила... а со солзи плачи онака правилно ако го боли нешто грчеви и крв земање... се друго е рикање Грчеви,што побрзо да ве напуштат имај трпение. А за хаосот јас прсктикувам на секоја дремка од 15 мин нешто да средам,па и со него во рака,само не готвам и не со усисивач ради прашина да не вдишува, иначе чекам мм да си дојде му го давам и на 15 мин пола саат слушам викање... Но совет мој спи додека спие он. Јас не практикував и сега сум страшило и да сакам неможам да заспијам денски од умор и од што го гледам да не бљуцне,да не го разбудам...едноставно зависна сум од него
Можно е да е од инат. Веќе на 5 и половина полна е со финти. Знае и да се лути. И сака да е по нејзино стално или ќе рика. А рикањето ми мава во глава. Ми враќа спомени од раѓањето.
Нормално било ми кажа педијатар,ми предложи со нежна тропалка да и тропам,лево десно,горе доле над главче и пред очи за да ги вежба очињата.И стварно го прати звукот ,се гледа подобрување.