По мене Марина Поп-Лазарова важи за еден од најдобрите педијатри во државава. Она ме советуваше,применував. Имаше бебе мое ефект. За во око и уво не добив совет не знам. За нос ќе специјализирам,мака ни е
@Happyinlove ,@FreeMind па не спие детево.Преку ден по 3 саати не заспива,си врти со главче гледа жал ми е да го остаам така па му тропка,пеам го занимавам.Па се смее мочла мала. Инаку @Happyinlove пробај легната да го доиш,и мојата се засркнува на една града,па легната ја дојам @Emma2 не кажуј за фалење,јас бев најголем противник за држење во раце,а малово не го пуштив од раце е сега,овие три дена ми се трга од раце преку ден,бара у креветче да спие.И чудно ми е,ми фали
Имаш само среќа што не сте закачиле бактерија. Добро намерен совет е после бактериите многу по тешко се лечат. Ја разбирам маката ама верувам дека има други решенија.
@Emma2 @srekice што гомна се изнајадовме вака ќе праиме онака ќе праиме и оп сите три со бицепси. Мене цел ден ми се инати и ми рика малово, не можам да најдам начин да ја смирам мислам во секој момент ќе и се откинат гласните жици. Па колку е гласна тапанче буши. А чим ема спомна серија се токмиме еве пет и пол месеци со Фреди Мекјури да го изгледаме и никако не ни се погодило. Чим досега не го пуштив ќе го мезам со вино полека лагано за некој месец. Уствари ако замрзнам млеко и и давам од замрзнатото 48 часа алкохолот ќе испари од телово. Така?
Да не имаш помалце или премногу млеко на таа града? Ако до сега цицало од неа без проблем, само тоа мислам дека може да смета. Пробај да одмолзиш да видиш колку ќе излезе од двете. Јас од старт имам повеќе млеко од едната страна, и додека не се регулираше лактација таа страна помалце ја сакаше. Ќе измолзев малку да намали притисок, па после сакаше. Сега обратно, од таа страна тече повеќе и побрзо, па сега повеќе ја сака.
Богами,колку зборевме и се лупавме у гради,само кога ќе ми текне Еј,нај јако беше ќе се наспијам на стомак Една чаша пиво или вино можеш,сега ммуже ми читаше ама после тоа не давај 3-4 саати цицка.Одмолзи се маче.
Тоа ми е најјак дел. Додека да добиеш дете, јас ова нема да правам, јас вака нема шанси и на крај се од глава ќе ти се удари . Се правам тоа што викав дека нема. Јас си гледам серија додека цица, со паузи на два подоја таман една серија . Кај мене малата цица долго, по 30 мин, некогаш и повеќе, па ми се фаќа една серија .
Је*ала ме регресија во спиење поврзана со четвртиот скок. Имавме ред под конец со денски дремки и ноќно спиење. Некако беба сама си го наметна, јас само го одржував успешно. Сега плачење пред спиење, будење нагло од денски дремко, плачење после цицање, навечер станува во 11, па во 1, па накај 3, па 4, па 5.... Зомби сум. Не сум навикната вака. Заспиваше во 8:30 (и поместивме малку за да фатиме малку свежина за шетање), па станување во 2 и во 4:30-5. Следно беше целосно будење во 7-7:30. Вие што сте поминале, ќе се врати ли во нормала? На пола копје ми се очите цел ден. Па и едни модри кругови што се направија. Страшно.
Книгата вели ќе се врати. Кај Мила остана да станува ноќе и да си игра еве седум месеци и е малата. Кај мене ни претходно не спиела ноќе така да регресијата беше лудило дополнително. После тоа преку ден е управена скроз, навечер иста песна. Ставете се на смени иначе ќе папсаш. Трае периодот долго речиси цел четврти месец е регресијата. Петтиов скок е со рикање од досада. Ако не ја анимираш две минути готов си. Сеуште спиењето и е исто како претходно. Досега забележана промена.
Мајки... 1. Ја спуштив Wonder weeks и според due date ми дава прв слок за три дена а малиов се што пишува за скокот го има од вчера. Можно ли е порано да е влезен? 2. Ги оставате ли бебињата да спијат на стомак? Моево само така врзува половина час сон... 3. Бебе неколку дена има валви црвенки на двете страни на лицето. Што ли се? Црвени точки се и некои внатре со брло. Ми е страв да не е некоја инфекција
Луѓе просто се чудам како мајките денес се справуваат со тоа држење во раце на штотуку родено бебе, затоа што директно ги облекуваат. Во времето на мајка ми се знаело, бебето е повиено, и нема кај да мрда.
Дали ви е страв и како да не дојде до шинување или некоја повреда на детето, затоа што е кревко, мало, како правило да се држи?
Луѓе можно е папочнава врвка уште да не ни е пресечена? Мочле нема полни 3 месеци а освен кај мене кај никој друг не седи. Сега беа свекор,свекрва да го прдржеле,боже сачувај дигна зела зграда од вриштење. Не седи ни кај мм повејќе од 15мин,се само кај мене и тоа во раце,а се бунев за тоа нон стоп во раце,епа сега буден освен во раце никаде не седи. Шала на страна како да седи и кај други? Не е нормално колку вика,а сакам да го чуваат свадби имам за една недела раат да сум... Му реков дека во градинка ќе го пуштам да учи самосталностне ме разбра И дали и вие како мене мислите дека вашите мајки подобро би го чувале него свекрвата
Немам таков проблем сеуште, кој да ја земе нема проблем само да биде во раце. Иначе не мислиме - знаеме Од мајка нема подобро.
1.Секое дете различно така да може и порано и покасно "да го фане" скокот. 2.На меше само додека си и ти будна и го следиш. Ова додека бебе не е спремно само да се врте и да си ја месте главата. Да не се заринува со нос во душек. 3.Мислам дека се бебешки мозолчиња и дека ќе се исчисти.