Вие неа ќе и кажувате... Едвај чекам @FreeMind да прочита А не знаев ни јас за пролив еве да знам дека ако се 4 столици во рок од 1 час...
Леле @srekice јака ти душа со женава. Само паметува и глупости прави . Малата некако ми се смени преку ноќ. Од вчера почна да се подига од релаксатор, мислиш ќе скокне. Со нозете се одбива и мешето го крева. Исто и главата нанапред ја свиткува како да ќе седи. И почна да подава раце по играчките до неа, ги фаќа. Некако сватив дека брзо ми расте бебушот .
Исто.Во креветче,на кревет, во релаксатор веќе врзан,еднаш само што се завртив тој се спуштил скроз долу,ептен се подига и сака да се врти веќе на меше . Во раце само да шетаме низ соба,ако седнам тој се исправа со нозе мислиш ќе стое веќе. Почна да се смее на глас? Пред два дена колку слатко се смееше на глас за прв пат ама она ки ки ки,душа ми стопли. Ни растат бебушите веќе очигледно.
Може и од чешма му наточила, поладна на жешково. Прати ја на шоу : И јас имам талент! @paleska3 @Ringishpil_ ви се радувам на двете за промените. Одма е подруго како друго бебе и емоциите се неописливи кога гласно за прв пат ќе се насмее. И да палешка тогаш прв пат сфаќаш колку брзо расте. Ќе се приклучат и останатите за некој месец со вакви постови за топење.
@Ringishpil_ кај мене уште не се смее на глас но овие два дена погласно гуга, кога ќе свика наеднаш, па и нејзе и станува чудно што направила, смешки е .Очекувам и смеењето да биде за брзо. Истото и мене ми го направи од релаксаторот, се спуштила скрос долу, нозете висеа, само главата и останала внатре а две минути отидов до друга соба. Сега веќе ја врзувам. @FreeMind , се топам кога ќе ја видам дека почна да ме распознава, почнува да мафта со раце и нозе кога ќе и прозборам. А тек па кога за прв пат ќе рече мамо
Друштво како го поминавте 5ти скок + вадење заби? Кај нас се покажа ужас комбинација, спиење сведено скоро на нула и само дс се вика и кенка, навечер по саат време минимум рикање без престан.. со нервиве сум при крај некој испробан совет?
Кај си бе Вага се изгуби. Добри ли сте? @lackygirl не заебава со единствениот успешен метод - трпение. Исто мине и малава комбинација на долни два кеца и 5ти скок. Ако испаднам од видик почнува да вика. Кемка од утро до утро. Ништо не правама посебно исто како и досега. Со таа промена што речиси е цел ден на стомак оставена, ја анимираме на смени, па потоа во раце на 15 мин па на земја да свири на клавир кебе, цртани на релаксатор, бањање, шетање два пати на ден еднаш количка, еднаш кенгур и ја носам на спална за спиење кога веќе и паѓа главата за спиење иначе долго трае заспивањето. Гледам дека сака се да фати и пикне во уста така да се или перам или мијам под чешма и и давам пластично шише, картон, перница шарена, тенџере, дрвена лажица и со тоа си игра (мислам играва е едно по едно во уста). Најново ја ставам на кебе и ја влечам низ стан (прошетка на стомак) да разгледа како е од доле. Интересно и е. Ѕе ѕе (пикабо) најчеста игра. Песни и играње во раце.И тркалање преку мене од една страна на друга. Тоа е најчесто деновиве. Ако е зафатена заборава да кемка. За забите само замрзната на нук и со тоа мине, Не ја мачкам со ништо.
@FreeMind не ми збори живци кинам.Не за ја имам талент,него незнам кај да ја пратам.Кај и да одам морам да ја мкнам ао мене,зашто мм се плаши сам да е со малава еве сега ќе одам на гинеколог и свеко со нас Мм има Х фактор Малово ми го одби шишето,нејќе да пие млеко од нејзе,а морам да се молзам многу млеко имам.Давајте тоа децата кај мене на хранење
Добри сме колку што можеме бев некои си 2 месеца во мк и скроз се изгубив, ама редовно ве читам сега месец дена сум во гер, и борби водам Моево ништо живо не го интересира и заигрува, почнавме песнички да слушаме, пиличи ни се на репертоар по цел ден, страв ме фаќа на српски ќе прозбори детево почнавме и со дохрана некоку недели, уште сме на пробување, немам воведено оброк, не спиеме и станав подвижно страшило Заби страшно го мачат, пробав со дентонокс и осанит ама не гледам којзнае какво подобрување..глодалките не ги мириса нешто, му иде ладно и фрла Јас по цел ден сум сама со него, помош никаква, мислам дека фацава моја ќе му здосади..
@srekice посвојте си ја и онака е малечка Среќо земи стап и маж ти среди го сега оти готова си. Мамица има да те земе под нозе за брзо време. И кај малава осанитот немаше никаков ефект, а дентоксот ни го тргнаа од препорака. Не ти е лесно ни за анимација знам. Направи си како систем бидејќи верувам сеуште легнува на три саати преку ден. 15 минути нека лежи, 30 мин на стомак, 15 мин на релаксатор, 20 мин пееш, 20 мин тропаш итн. Сфатив дека колку повеќе ја анимираш со се и сешто побрзо заспива. Кома. Испадни надвор почесто убаво е времето сега не е жешко. Кенгур и шетај по улици ете еден саат минус од распоред. Мајка доаѓа следна недела. Се радувам како мало дете. Иначе знам какво е темпото скроз сам по цел ден речиси. Жестоко. И губиш елан и за анимација и за се. Ама верувај за да ти е полесно мораш вака. Иначе петтиов скок ќе те поједе физички три недели. Мора да го умориш за да заспие. Сега се позахтевни од пред месец дена. Али еј еве ги за две недели шест полни месеци, пола година успешно ја поминавме кој би рекол
Едит: Да дополнам уште со една занимација што ја уморува пред спиење мини концерт. Пуштаме хајвеј то хел ја зема еден како гитара неа и она паѓа од смеење. Што погласно и повесело тоа подобро.
Тоа баш и денес разгледував за кенгур да земам зашто се килавам со количката по скали, каков е попрактичен, тој со лице накај тебе или и напред што може да гледа?
На чико кенгурот се прави и така и така е сега кога се успива малата ја вртиме на кај нас за да и биде сигурна главата. Очекувај после да не сака во количка, барем кај нас така е, не сака да смисли количка. Кенгурот го користиме 100%, сега е веќе 8200-300гр и многу боле половината, но немаме избор.
Кај нас исто проблем е ај што ќе се искилавиш со количката после најберојатно е него у раце да го држиш плус количка празна да буткаш, затоа сакав кенгур барем слободни раце ќе имам, кичмата и така отиде веќе, 8300 е и мојов