Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.345
    Јас и двете ги користам на сл. начин :!:
    Ако видите во маркет или пазар мајка со бебе во кенгур и друго дете до неа кое бутка количка и пазари ама не во колица за пазарење туку во количка за бебе, е тоа сум јас :D. Жими се, некој ден социјална служба ќе ми ги земе децата :D. Тоа е, морам да се снаоѓам прибидејќи таткото не е тука.
    Правам комбинации, ако е нешто набрзинка да завршам работа тогаш кенгур ако не е тогаш количка. Ако ми заспие во кенгур го ставам во количка. А кога подобро ке размислам јас уствари класично не му правам шетање туку си го влечкам со мене за да завршам некоја работа (facepalm). А работа има скоро секој ден па ако не го ,,прошетам,, си кенка и така си го ставам во кенгур и по дворот си набивам километража.
     
    На NNA и Happyinlove им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Јас овој го имам:
    https://images.app.goo.gl/MwfUG1M18hF8j54CA

    Квалитет одличен али груб материјал кај нозете и прави црвенило, ја стега.
    И за сама закопчување е тешко до невозможно. На видеото изгледа лесно али не е.

    Барај друг модел од мојот мој совет.

    Иначе 11 кг мојата кичма трпи моментално:)
     
    На Vaga~ и NNA им се допаѓа ова.
  3. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    20190716_213526.jpg Купив кенгур,се наопачки правам пред да прашам. На него си пишува 0+ на сејфти фрст е слика ќе пратам. Морам да го проучам за лесно ставање сама да го облечам затоа што го истрауматизирав бебево,он секако е осетлив уште и во кенгур да не сака:|ќе си седам дома до неговиот 18ти роденден,може последно на матура ќе одам со него.
     
    На NNA и FreeMind им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    На свадба у кенгурот ќе го носиш немој надеж да губиш. Таман јас со мојава на цицка закачена ќе ти бидам гостин стај ме негде при крај.

    Кенгур е плус четири месеци ( според ортопед) претходно нема да ти го сака оти нема да ти го сака. Најчесто е мал за кенгур мојава до пред месец/два дена пропаѓаше во него и нормално плаче и не сака. Ти мислиш се лигави. И пак бебето криво :))
     
    На NNA и Happyinlove им се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Пак ќе пишам да не испадне дека правам реклама јас сум многу задоволна од Чико и сама си ја ставам внатре мек материјалот. А тоа @FreeMind што и прави црвенило оти и се дебелки ножињата исто и на мојата и прави. Али капа ти симнувам за носење 11кг. :bow:
     
    На NNA, Happyinlove и FreeMind им се допаѓа ова.
  6. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Не е за цабе форумов,прашај си хепи паталци тука. А богами колкав е кенгуров има на свадбата негова комотно да му биде бајракот да го вее со една рака... да да сега ке се тешам дека се големо на детево му земав,не е он непогоден мајка му е брза:D да го спаковам убаво прашини да не фајќа. Како и се останато.

    Планирај си фустан на едно рамо за свадбата:D
     
    На Emma2, NNA и FreeMind им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.345
    За сама ставање само во седечка позиција т.е ти ке седнеш. Мене ортопедот ми препорача кенгур од 3 месеци кога ќе направи бебе свртено на напред
     
    На NNA и Happyinlove им се допаѓа ова.
  8. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.349
    Мајки дајте совет за нашиов проблем со мешето. Беба има 5 месеци без една недела и уште се мачиме со стомачето. Насабајле станува со стенкање и со плачење, кога цица ако и дојде да прдне а секогаш и доаѓа, цела се витка и почнува да плаче, и откако ќе прдне не сака пак да цица. Кака секој втор трет ден, тоа за нас е нормално, но во последно време е полошо со "грчевите". Таман заспала, станува со пиштење, се витка како кифла, се вцрвува во лицето и плаче. Се потсмирува, плаче жално и пак појачува со плачењето. Користам биогаја пробиотик, не давав пет дена и три дена си беше добра и си какаше секој ден барем по еднаш, реков се спасивме, ама после пак по старо, пак со напнување, со стенкање, со плачење, со прекинување во цицање, и пак дадов биогаја. Душава ме боли не знам како да и помогнам, вежби со ноџињата, масирање на меше, лежење кај мене на рака со меше, термофор, ама ништо не и помага. Не се овие тие грчеви што ги имаше до 3 месеци, тие се јавуваа во 5 часот траеа до 8, си плачеше тој период ама не вака неутешно и болно. На два пати за да ја смирам од тоа силно плачење скокав со неа низ соба и се смири, се прелажа. Педијатар вика внимавај на исхрана зошто сме само на доење, и тоа е, ќе помине.
     
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Абе јас уште месец дена немаше и земав кенгур као 0+ она уште очите не ги отвараше јас се обидував да ја сместам и да ја шетам низ стан. После сфатив дека маркетингот ме победил во секоја смисла на зборот. И сега си прашувам ама буквално ништо не купувам без да прашам овде искуство.

    Ало не него снаата ќе ја стаиме. Зошто па само @srekice да има јака свекрва мора да дојдеш до израз.

    Ќе дојдам со една цицка на свадба. Другата преку рамо ќе ја префрлам.

    Кенгур за напред се почнува по минутажа. Не да го земеш и два саати да го шеташ со лице, ќе ти вреска две години потоа.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.345
    Па убаво ти кажал педијатарот, внимавај што јадеш ти. Не јади грав, леќа, боранија, луто, се што содржи какао (чоколадо, крем, сладолед....) пресно кравјо млеко и др. преработки што имаат кравјо млеко, марула, сувомеснато, кечап, мајонез, газирани сокови и вода...на крај краева тестирај се. На пр. јади еден ден патлиџан и ке видиш како ќе реагира бебушот. Мачно е знам, и досадно но за да му олесниш на бебушот. Гледај повеќе да си на варена или печена храна. Тестирај реакција и на бел, ржен, пченкарен или интегрален леб.
     
    На NNA, Coco31 и Happyinlove им се допаѓа ова.
  11. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Леле мајкааа.... маки се навистина те разбиран потполно. Истото птвара очи со стенкање плачки додека прдне,кога цица ако му дојде таква болка се црвенее ме тегне страшно плаче и ке се засркне со млекото плус.
    Верувај пазам на исхрана премногу,дури доматот го лупам. Зелено не јадам и зрнесто се што содржи целулоза...џабе 3 месеци сме нон стоп се мачиме. И хумана земав пробиотик го мрнав биогајата.
    Јас искрено ако не пројдат до полни 3 би го носела на ехо на абдомен незнам онака раат да бидам
     
    На S.J.Parker, slavica999 и NNA им се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    @S.J.Parker ме буни она неутешно плачење, а и големо е за грчеви.
    Јас на твое место ќе си земам уште едно или две мислења. Да си бидеш раат.
     
    На BabyT* и NNA им се допаѓа ова.
  13. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.349
    Овие два дњна оставив и леб, инаку не јадам грав, боранија, леќа, грашок, зелка манџа, домат, ниту луто, ниту алкохол, цитрусно немам пробано, чоколадо не, едино сладолед ама и тоа ретко. Искрено исхраната ми се состои од компир и јајца на 100 начина, месо печено не пржено и ориз. И некое овошје колку да се рече. Сва среќа имам млеко зошто пијам вода по 3литри. Ете сок пијам три четири пати во неделата од јаболко или домашен од вишни и тоа е. Не знам што да сменам.
     
    На NNA и FreeMind им се допаѓа ова.
  14. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.349
    Целово ова со стенкање, црвенеење, неутешно вриштење, жално плачење трае 5 минути макс, после тоа како ништо да не било, си заспива, или почнува да се смее, да си гуга. Проблем е што се јавува 2-3 пати во денот. А еве вечерва на пример откако ја заспав пред еден час два пати ми стана со жално плачење, ќе ја земам, вежби со ноџиња, ќе прдне и си продолжува да спие.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.345
    Нема што да менуваш ок ти е исхраната е сега што навистина јадеме и колку е тоа здраво е друго прашање.
    Внеси во исхраната круши, сливи и јогурт некој пробиотски ќе почне можеби секој ден да се празни па можеби ќе нема да го мачи стомачето.
     
    На NNA, Happyinlove и S.J.Parker им се допаѓа ова.
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.381
    Допаѓања:
    24.989
    Пол:
    Женски
    Пробај со друг пробиотик, на брачедами бебето имаше повеќе грчеви со Биогаја, сега користи Ваја и е многу позадоволна, а јас му давав Биогаја до скоро и на моево му беа супер.
     
    На NNA и S.J.Parker им се допаѓа ова.
  17. Vaga~

    Vaga~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2017
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    За муабетот кенгур 0+, јас купив на ерго марамите и за мало бебе се супер, мојов така сморуваше грчеви на стомаче на мене и низ цел стан шетај..а за кенгур тој како твојот највеќе го фалат, таков меркав и јас
     
    На NNA и FreeMind им се допаѓа ова.
  18. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    @S.J.Parker @Happyinlove нас педијатарот Recol ни ги даде три пати на ден по пет капки. Јас и давам еднаш до два пати дневно и многу полесно кака сега не се напрега кско предходно. Знае да закенка ама тоа не е ништо во споредба со тоа како беше.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Секое дете различно моето баш имаше повеќе грчеви од компирот и јајцата и млечните производи. Сепак е големо за да има грчеви, може само лакомо да цица и да се ствараат гасови во меше. Грчевите се познаваат како топка се прави цело меше.
     
  20. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Мајки ги будевте ли бебенцата кога ќе се успијат за да цицаат? Бебе е 3 недели и се успа цврсто од 5 часот, цицкаше во 10, сега само што го ставив на града се успа не можам никако да го разбудам а ништо не цицна. Незнам што да правам прв пат се успива вака.