Генерацијо сакаат ли вашите бебиња на стомак? Ние едвај 2-3 мин и одма кенка, некако ич не сака на меше.
За во кенгур до 3-4 месеци обавезно завртено на кај тебе да не го сецне вратчето. Не го форсирај колку сака толку. Исто и мојата не сакаше сега оди запри ја
Не остава никако,форсирам после бањање да го легнам да го мачкам и со тоа да го вежба главчето но 2 мин трае одма кемка,плаче ...
Не ја форсирам, за да го вежба вратчето пробувам ама неќе и одма ја земам. @Happyinlove , исти сме и ние. Ќе го дигне вратчето, ќе погледне 2-3 мин и одма кенка.
Вака пробајте: Земете перница од оние за на софа не се високи долгнавести и ставете ги со стомачето на неа. Пред нив телевизорот со цртани или вие клекнати доле да анимирате. Перницата треба да му дојде на граден кош. Ако немате ваква перница одлична е и онаа за доење перница. Ја ставате како Титаник нели. Ова беше совет од бабицата кога малава беше два месеца. Кога и да дојдеше она така ја ставаше бидејќи малава не сакаше исто на стомак. Убаво е да ги оставате уште од два три. Јас како вас не сака не сака и кај педијатарот на контрола сега прво што направи е проверка на моторика и рече нон стоп да биде сега на стомак. Најубаво било бебе да е цело време на стомак за да ја стегне мускулатурата која му треба и за седење и за станување. *Ова не значи дека мора и секое бебе е исто.
Neznam veke so da praam so ova moeto bebe. Preku den si spie maka nema ako stane za cicanje arno ako ne nis..ili stava cica 5 10 min i pak e uspana na grada. Ama navecer neznam neam ni sili ni energija. Vo 2 stana sinoka do kaj 3 cica spie cica spie aj se uspa nekako vo 4 pak stana do 8 neznaev veke so da praam. Pak cica pa pluka pa ne saka pa se tegne, pej , nisaj, setaj niz soba ne bree ne biva.. pak ustq otvara da cica staj a ne saka... cucla pa nikako ja pluka od prv den. Grcevi ima da ama fala bogu gledam ne i se bas naj naj golemi. Posebmo sinoka pa nemase...ne se vitkase ne crveneese. Neznam navecer mi e problem golem. Ke puknam mislam
Фалаа фрии,навистина знаеш многу работи така да не ме блокирај доколку те бомбардирам со прашања. А ние сме 3 деца,и сите три сме израснати со спиење на стомак. Така им кажувале па така сме биле и на 2 месеци желки прави ококоравени. Па која безбедност небезбедност има бебе на спие на стомак и краји ни сме се плашеле со раце она моро како ли беше,а и помалце проблеми со грчевите. Сега многу ретко на стомак да им спијат.
Ако спие постојано преку ден, ќе има будни периоди ноќе. Буди ја преку ден, анимирај ја што повеќе, и полека ќе смени да спие ноќе место дење. Сите бебиња секако спијат поголемиот дел од 24 часа, наша работа е да ги научиме будните периоди да бидат преку ден. Ова се разбира е само ако се друго е во ред. Ако се грчеви во прашање, додека не поминат нема чаре. Некои деца имаат грчеви постојано, некои одреден период од денот. Можеби кај вас се погодило да бидат ноќе.
Абе едно знаење шо, среќа пред вас сум три месеци па искача јас дека ве учам Без ликови како тебе животот би бил навистина ужасно досаден само мудреци на секој ќош Малце језивко е кога ќе отвориш очи и го видиш свртено на стомак ноќно време морам да признаам. Прво коса ти се дига неколку пати. Иначе цел живот спијам на стомак така да убедена сум дека е најдобра позиција за спиење. @srekice за да се повлече матката мораш на стомак да лежиш. Под стомак ставај перница. Мене бабицата ме тераше да се пењавам на софата како преклоп на стомак и со силно триење во таа регија за да биде се во ред. Сеа цицоњиве се како рид али ништо не е лесно у животот
@FreeMind ок ми е матката,се повлекува,битно стомакот ми е рамен како пред бременост килажа иста 69 ко пред трудноќа .Е сега за спиење на стомак нема шанси,цициња болат убиваат така ништо страшно ,ќе помине. Еј ве читам со вежбиве,јас моево на гради го ставам и вежба вратче ,не сум ја ставила на стомак,вришто жал ми е и педијатарот рече одлично вежбате.Не и кажав што правам. А да ,да не ја изоставам свеки.У почеток кога ја бањаше јас ја облакам и ми вика "Вратот и го истегна"??? Молам и викам!!!??? И зема и го потегна главчето,ми вика вака се праи за да имале врат ќе си умрам значи без врат ќе било детето иначе.Затоа тегнете тоа децата жени
Мочам еј не речи два пати.Ќе живеам у страв дека ќе се избаци со вакво нешто сега Морам луѓе да ја трпам,што да праам тоа е.И мм е крив не дека не,али ми вика она нек збори ти терај си по свое.Ама многу ми е тешко да се воздржувам,знам ја кај да ја пратам иначе.Но ете,од култура ќутам. Инаку кенгуров само низ куќа да ја шетам ми е,ми тежи во раце а и таа положба на гради почна да ми ја сака многу.
Боже мили, како може да и го потегне вратот на бебчето за да имала врат, демек ние што не потегнуваме нашите деца немаат врат. Не и дозволувај твоето бебе дали има еден месец, моево бебе беше многу мрзеливо, на 3 ипол месеци почна да си го држи вратот сама, не го држи баш цврсто, ама и за тоа има време.
Мајки за сите што поминуват низ скок со вадење заби да помините како нас. Само три дена со плачки и лиги, но се трпеше. Денес имаме запче
Еве јас да кажам за водата.. вчера бевме да не вакцинираат на два месеца. Бебка немаше каканно цела ноќ прв пат до сега и го прашав педијатарот од што така, ми рече да и давам по малку превриена вода, до сега не и давав ништо апсолутно. Бебе не е какако два дена еве веќе како треба, сабајле напиња не може да се искака, очигледно запек има. Вода пробав да и давам ајде по совет на педијатар, не ја сака. Значи навистина има педијатри што советуваат да се дава вода. И тоа со фамозната реченица " на жешково како тебе што ти треба вода, така и на бебето". Ама моево еве не ја сака. И сега ако може совет што да направам да и помогнам да се искака?
Фала @FreeMind ќе пробам така некако, да ја занимавам, мора да пробуваме. Леле @srekice абе бисер до бисер од твојата. Кај и истекнуваат глупостиве не ми е јасно. Не ќути, кажи си, во спротивно ќе зема повеќе залет. @BabyT* со лесно да ги нареди сите запчиња, бели како бисерчиња.