Јас на чико и давам, две се во пакување. А најпрво една огромна гумена мм таква купил, и паѓаше нс малата хахаха.
Јас сум ти оваа што се проба и после ги фрлив оти гледајќи ги само се нервирав. И демек за четвртиот скок @LoveHope може да сврти купив пак разни марки и тие завршија летајќи. И готово крај со цуцли. Ниту давам ниту пробувам. Сега на глодалки се удрив. Покрај Софка и Нук денес искупив некои нови модели и како и останатите интересни се две минути. @paleska3 ќе сврти мила пак таков е тој 4ти скок многу долг и напорен. После него ќе видиш сосем едно друго бебе. @lackygirl @hello-kitty.90 ноќново спиење чини целодневн настава. Верувале или не денес преспа од 10-11.30 и тоа е се. Во 20 заспа кома. Два пати надвор во кенгур во меѓувреме и бањање уклучено. Како да нешто ќе пропушти ако преспие. Цицаше кај 16 ч и така на цицка подрема две минути ја тргнав и стана свежа како еж, спремна за тркалање. Морам да кажам дека дефинитивно во шестиов месец ми е најинтересна. Пее цел ден по нејзино сака да си игра се смее на речиси се гласно, многу убаво чувство. Ми порасна бебето, а вчера ја родив. Пола година дечки наскоро. И на овој дневен ритам се нафаќам само навечер да спие.
@FreeMind постојано менуваат и растат. И синко до пред некој ден спиеше од 10 до 11,и од 14 до 16 и навечер заспиваше во 21. Веќе трет ден по ред спие само од 10 до 10 ипол или 11,и попладне од 15 до 15:30. И јас викам страв му е да не пропушти нешто,па неќе да спие. Ние сме точно 6 ипол месеци. Веќе вика мама и баба, ама само тој кога ќе сака,кога му викам да каже не кажува,веројатно сеуште не разбира што значи,ама ете си вика,ептен чисто Се смее на глас, нешто си збори на негов јазик,вика ептен силно па се радува кога се слуша, многу сака да слуша кога правиме муабет,знае да се крие, се врти кога го викаме по име... Времето лета. Едвај чекам да почне да збори,да оди,да се игра.... Поголема радост нема...
Majki kako da i izvadam mrsolcinja na malata. Imame skoro 3 nedeli. Zatnato mi disese no sega ja banjav gledam vo dvete strani ima mrsolcinja
Неколку капки физиолошки во ноздрите, и после со аспиратор. Можеш да пробаш и да ставиш физиолошки и да полежи на меше 5-10 минути, ако не се многу густи истекуваат и сами без аспирирање.
Како спиете навечер, малце отворен прозор во просторијата со бебињата? на боди по долги ракави ми се и одозгора покриени секако со прекривка летна.. 27 степени ми покажува собна...
Кај нас е толку, јас не отварам врата таму каде што спиеме, но спие само по боди на куси, не покриено.
Јас имам на Исомар, супер ми вршеше работа. Не гледам некоја значителна разлика меѓу брендовите, би ти рекла само да земеш аспиратор што се шмука со уста, а не со пумпа. Купив со пумпа пред да се роди бебето, ништо не вадеше, после го купив другиот.
Многу е боди на долги на 27ми степени. Мојата спие со ромпер, секогаш се открива а прозор отворен во соседната соба. Исто 27.
Девојки какво ви спијат бебиња? Мојата е цело време на грб, кога почнавте да ми ставите на страна? Јас навечер ја ставам на страна ама за 2 минути пак се обраќа на грб, и обично преку ден заспива во транспортерот.
За вруќаници ќе ги соблечеш на кратко боди момите и навечер само тенок чаршав ако е топло со отворен прозор. Ги претоплуваш и они ќе ти плачат и ќе имаат вруќаници. Речи и на мајка ти да облече боди на долго иако се движи да легне во соба од 27 степени покриј ја и затвори и прозор. Ако настине нека каже Ми текнува прв месец надвор околу десет степени мојана ја турила на долги, капа и зимско боди и плус скафандер. Бебе плаче рика она вика грчеви се После сфатив оти толку плаче жешко и било. Толку. Ова е само за гз али на мојата од ништо досега не и помина. Шест месеци црвен гз.