Имаше и синко баш на 2 месеци, го мачкав со кокосово масло и со павловичева маст и потоа чешлав со чешле одма испаднаа за една недела.
Не знам за каде е прашањето Модератори, преместувајте ако треба, ама со оглед да едното дете уште нема 2 месеци, може и овде. Значи, тие што имате бебе и поголњемо дете...кој каде ви спие? Само мењам распореди не знам како е најдобро да спијат...
Ааааа ама она си има изговор, они се прематурчиња, во слободен превод вонземјани капираш? практично до вчера изговор и беше УШТЕ БИЛЕ ВО МАТКА и морало да им правиме да им е топло! Знам дека им е од тоа, и многу ми е мака,ама па осеќам грижа на совест да не ми се разболат,а да чукнам во дрво нишо не им фали до сеа, пркнати се фала Богу, добро напредуваат и педијатаров вика ич не изгледаат ко прематурчиња,ко нормални бебиња се. Тоа е...се ми е јасно...еднава клоца фрла прекривач, соблака чорапи, плаче... еве сеа само на тетра ја покрив...Тоа за мајками ти е добар метод, мене маж ми ми го направи истото,слично,.две фротирки ми фрли врз мене и ми затвори прозор, пошо сум ја слушала многу мајками
@LoveHope ќе полнеме 4 месеци за некој ден, лета времево некако . Ќе ни пораснат бебињава, не ми се верува. И јас се навикнав на темпото кое ми го наметна малата, полека се привикнавме една на друга . @FreeMind едвај чекам да видам што ново ќе донесе скоков.
Мајки по колку пати ставатр физиолошки раствор на бебињата? Матичниот педијатар ни рече може на секое доење бидејќи му е затнато носето. Ржи и баш се осеќа тешко дише. Некако многу ми се виде па затоа. И дали оставате бебе да спие на стомак? Малово само така сака и пак педијатар вика може а по интернет пишува не. 1 месец сме.
Колку има потреба, нема штета од солен раствор. На стомак само под надзор дури е вака мало, или кај тебе на стомак. Не може уште да ја врти главата, постои ризик од СИДС, па затоа. Кога не може да бидеш до него, на грб нека спие.
Моето бебе е затнето, кива, закашлува и има секрет во носот како вода и е, што да правам? На контрола сме во среда. Од нас ја фати дома, сите сме од грип
Ништо,само солени капки за носето(јас ставав Аква Марис)по една до две во ноздра,и влечи со аспиратор.На контролата во среда ќе процени педијатарот ако треба нешто друго.
Од двете страни на спалната по едно креветче а кога е тато 3та смена големиот до мене а малото во креветче.
Според мене подобро води си го на лекар. И јас чекав, чистев само носе со солени капки и пумпица,па завршивме во болница.
Јас кога ја бањав со чешленце четкав и паѓаа,од водата и шампонот стануваат меки и се одлепуваат.....кај мене до кај 5м ги имаше,на еден дел ќе поминат на друг ќе испаднат..
Направи си брисеви најпаметно и оди во среда со нив, ќе ти каже педијатарот што и како треба. И нашето така беше затнато и на крај МРСА бактерија.
Тука не даваат така лесно упат за брис, незнам ни фали ќе ни дадат нешто во среда, а ептен кие и кашла. Ќе земам сега капки за нос и нешто од аптеката што ќе ми предложат таму додека да дојде среда.