Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Discussion in 'Бебе' started by meU, Oct 16, 2012.

  1. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,182
    A побаравте ли второ,трето мислење?па макар и да биде петто! Jас не би чекала самото од себе да пројде,прво мора точниот проблем да го најдете,за да се може правилно третира.
     
  2. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2013
    Messages:
    199
    Likes Received:
    133
    Па ако на детска клиника не знаат каде е проблемот каде да побара второ мислење?
     
  3. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,182
    Kако мислиш каде? Hе само на детска клиника се единствени доктори?постојат и други по стручни лица?а ако беа ќе го откриеа проблемот,а не детето во таква иста ситуација како што го примиле му дале отпусна листа!Cамо не знам со кој памет тоа го направиле. и според тебе ова го нарекуваш професионализам и стручност,и сакаш да кажеш дека така ќе си го оставиш детето да се мачи и пати без да се обратиш на друг специјалист?
     
  4. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Joined:
    Jan 28, 2012
    Messages:
    755
    Likes Received:
    373
    Gender:
    Female
    Мамички да ве прашам нешто. Денеска бевме на ортопед и се е во ред со колкчињата. Е сега докторката ме искара за главчето. Јас досега цело време во придржував главчето и никогаш не сум го држела исправено бебушот по препорака од бабите нели :^) . Докторката ми рече да го држам исправено за да научи како да си ја држи сам главата и никако да му ја држам јас. Од колку месеци вие го држевте исправено бебето и го остававте само да ја држи главата?
     
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Joined:
    Dec 23, 2012
    Messages:
    6,205
    Likes Received:
    161,241
    Gender:
    Female
    од кога почна сам постабилно да ја држи исправена-некаде од кај 2,5 месеци.легнувај го на меше да ја поткрева главата така се јакнат вратните мускули.без грижи :)
     
    Beautiful-Princess likes this.
  6. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2013
    Messages:
    199
    Likes Received:
    133
    Па јас убаво те прашав каде нели за да ја насочиш феминката , напиши и ете каде ти би побарала второ, трето, пето мислење за да не го остави детето да и се мачи! Незнам што толку те мавна нерв од моето прашање па почна да мешаш професионализам, стручност...
     
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Joined:
    Jul 10, 2013
    Messages:
    865
    Likes Received:
    477
    Не едно, пет докторки ја гледаа плус гастро специјалист за деца (не ми текнува како се вика баш),
    никој не најде ништо. Бев навистина загрижена затоа што почна да губи на килажа ама почна да качува пак па сега сум по смирена.
    Откако излегов од болница еден куп луѓе ми рекоа дека имала или знаат некој што имал сличен проблем и дека поминал, кај некој траел кратко, кај некои траел и до година ама поминал, и најважно-сите приказни завршуваа со тоа дека сега детето е здраво,право и среќно детенце па посмирена сум.
    Иначе за дкоторката што и беше, кога и да ја споменев сите ми викаа дека нема подобра од неа, она беше главна на непнаталогија па си викам ако барав некој компететен ќе отидев кај неа ама ете тоа е.
     
    kaja11 likes this.
  8. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2013
    Messages:
    199
    Likes Received:
    133
    Баш и јас на тоа мислев, тоа е состојба која бара 24 часовен надзор, а освен детска клиника јас не познавам друга установа за второ или пето мислење во овој случај! Направени се многу испитувања и сите се ок како што разбрав, а од друга страна што е и најважно бебчето повторно качува на килажа што самото по себе кажува дека проблемот почнал сам по себе да се санира и дека уствари не ни постои проблем и во тој случај докторките од таму (наташа,николина,пиперкова,палчевска,аспазија) решиле дека навистина во тој случај подобро е мајката и бебушот дома да се гушкаат и растат.
    Значи пак би те прашала ти во овој случај каде би се обратила на друго место еве да знае и мајката а и јас бидејќи и ние со малата имаме исто лежено на детска клиника па да знаеме за друг пат.
    Кој не го поминал тоа не знае...
     
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,182
    @Kаја
    Bиди,моето прашање беше надоврзано со овој пост,дијагноза немаме официјално
    A нерв очигледно ми реагира на глумење лудило :geek: .Hејсе,муабетот ми беше вајда не живееме во триесет и друга година,па само еден и единствен компетентен доктор да е за оваа проблематика у државава,меѓутоа колку што можам да прочитам мајката не знае за што станува збор,играле на таа карта нагаѓање,ама официјална дијагноза :?: .па оттука културно прашав дали продолжиле да го решат и откријат проблемот на друго место?Tака да наместо да ловиш дали сум за друго мислење освен на клиника,можеше ти со твоето искуство да и излезеш во пресрет на мајкава,без да се зафаќаш за банални работи,бидејќи тоа што може за тебе е добар специјалист,може за мене не е и обратно,сите сме си со различни критериуми и јас тргнувајќи според мене,никогаш во животов мој не сум се водела поготово кога се работело за здравје,да се наслонувам и задоволам само со еден одговор од доктор,мое право мој избор нели?така да сите на различен начин ги гледаме работите,па и ги применуваме.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,956
    Likes Received:
    115,353
    Gender:
    Female
    Другарка упорно го носеше детето во Козле, само го решетаа со инекции, детето не пркнуваше никако а постојано болно. Го однесе една ноќ во Систина, немаше друг избор, со една инхалација и инфузија детето цела пролет беше здраво, можеби му ставиле и антибиотик, ама кога излегоа од таму детето не изгледаше како да е поболно откако го однеле. Во принцип немам изграден став за приватни болници, ама мислам дека државнава не ни е нешто многу добра па да не можеме да се ослониме на второ мислење по приватниве клиники. Тргни од фактот ортопед, ете она рутинско прегледување, во Мајчин дом тоа трае полни две минути додека во Ремедика цел час ти го гледаат детето, те советуваат, разговараат. Епа извини ама тие деца се родени со триста маки, мајки бел ден не виделе цела бременост, неретко инвитро забрелемниле за некоја докторка да и е страв да го пипне за да не се зарази, да не го прегледа како што треба, да му даде рандом терапија без да помисли на нешто друго... Многу се има преценето медицинската фела, добро прават родителиве со хомеопатите, со алтернативната медицина, се понашаат ко на улица да се наоѓаат децата, па се дерат по мајките, како тоа биле загрижени а немало зошто, како тоа само тоа дете ли било... Ма свашта :x
     
    marchi-cool likes this.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,182
    со секоја почит кон докторкиве,ама сите 5 решиле така стручно тимски,најдобро е сега за сега со гушкање млазевите да ги надминат по дома |( ,е браво за професионализмот што го поседуваат,што друго човек може да каже.
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    1,329
    Likes Received:
    1,196
    Не секоја дијагноза е за седење во болница.
    Ако детето има проблем кој се решава сам по себе нема да ја држат во болница сигурно.
    Што треба според тебе да направат?
    Во ред е да се даде мислење ама ти некако многу при срце го зема проблемов.
     
  13. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,182
    A која е функцијата на еден доктор?да го открие проблемот од што човек боледува и да се излекува,вака лаички да се изразам.Hикој не спомна дека по секоја цена мора да се лежи во болница,ами да се излекува,да беше за седење по дома со скрстени раце и чекање самото по себе да се излекува не ќе се обраќаат по доктори,ќе си изиграваа луѓево по дома екими и ќе се немаше потреба од било каква стручност .

    едит: при срце не ставам,само дискутирам,нели е форум зар не |(
     
  14. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Joined:
    Dec 23, 2012
    Messages:
    6,205
    Likes Received:
    161,241
    Gender:
    Female
    рефлуксот(така спомна мајката ја окарактеризирале состојбата)кај нас не се лекува ,што не е случај во соседните земји.се остава да зајакне сфинктерот на желуднокот и да не се врака храната.некаде од 12-18 месеча возраст,ако има срека при воведуванје на цврста храна ке престане.и што треба до тогаш да ја држат во болница?!
    и моето повракасе и уште поврака ама во помала мерка.советуваат што поисправено да се чува,храни и преоблекува,како и да спие на подигната подлога.помали но почести оброци .
    вознемирувачки е ,нерви и трпение бара и многу прашок за перенје :) ама поминува.
     
    mihael4u likes this.
  15. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2013
    Messages:
    199
    Likes Received:
    133
    Цело време збориме за терцијална здравствена заштита каде пациентот има 24 часовен мониторинг,муабетот ми беше дека не постои кај нас друга терцијална здравствена установа (колку што знам во систина, ремедика нема таков посебен одел за третирање на болести кај деца со хоспитализација) и во тој случај каде би нашле второ мислење, назад во примарната заштита на пример педијатарот?
    Од друга страна пак колку год да ни е лошо здравството (а факт е дека е лошо) сигурно нема да отпустат бебе доколку не увидат дека состојбата му е нормализирана!
    Како и да е, да не разглабаме многу мајката е таа која знае дали треба да побара помош од друго место или не но најважно во целата ситуација е што бебето повторно качува на килажа и напредува.!
     
  16. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2013
    Messages:
    194
    Likes Received:
    46
    Gender:
    Male
    Мајки а дали знае некој дали е штетно ако цуцлата се топнува на врв во водичка со шекер?
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,956
    Likes Received:
    115,353
    Gender:
    Female
    Штетно е, па макар и само врв на цуцла, нема потреба мало дете да внесува шеќери, подобро да се потопи во млекцето што го пие, ако е на кашички во некоја овошна ама шеќер и мед никако :!:
     
  18. Nova

    Nova Популарен член

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    1,058
    Likes Received:
    1,205
    A да прашам. Сокоја цел им се дава шеќер на бебиња? Не ретко имам сретнато такво прашање или коментар.
     
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Joined:
    Dec 23, 2012
    Messages:
    6,205
    Likes Received:
    161,241
    Gender:
    Female
    сигурно за полесно да ја прифатат цуцлата?!
     
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Joined:
    Jun 25, 2013
    Messages:
    3,492
    Likes Received:
    4,549
    Ne,, tuku za da se zalaze bebeto ako place..blacko ubavo ke mu dojde..