Ставам подлога во коритото и ја легнувам само главата и ја држам поткрената така што подлактицата ми е под вратот, а со дланкага и го опфаќам раменцето. Си уживка, прета цело време. Ја проплакнувам со таа водичка, па после ја земам во раце (еднага рака кај градите, другата кај газот) и маж ми ја трла кај грбчето, нозете и газето. Тој плакне, јас држам. За 7-8минути сме готови и тоа натенане, бидејќи девојката сака вода. А за секојдневно перење газ после какање ја носам во вц под чешма и ја држам со една рака, ама многу се плаши од чешмата.
@srekice https://www.google.com/search?q=podloga za banjanje bebe&client=ms-android-tmobile-mk&prmd=ivn&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwiQzPXE38vjAhUYHcAKHTMPBPkQ_AUoAXoECA4QAQ#imgrc=d7z_oGxf-vEfsM: (Морам вака линк,имам проблем со тел не ми прикачува слики.)Види по продавниците за деца вакво или слично нешто ќе се преродиш,убавина е.. До полни 7 месеци на вакво ја бањав,после почна самостојно да си седи..
Ок,мислам разбрав.Утре ќе пробаме.Мм слаб помошник ми е И јас у кујна у садопер ја мијам после какуркање ја и цела можам да ја избањам
Малку.сме над 6м. Ама само.јад сум луда ли што откако и падна папчето ја шлапнав во вода цела на подлога во коритото. Прво ја држам на рака мијам глава, грбче, па се кисне во вода си лежи и ја плакниме на крај. Мора двајца, пробав сама поплава беше. Незнам како да изведам во вц капење не ми го збира коритото во туш кабината... Газе исто под чешма мијам.
@supergirlmb за брзо кога ќе почне да седи само, една пеленка во туш кабината седни го и бањај-ни прскање по дома и многу по брзо
Ние имаме вакво столче. Го ставаме во корито Почнавме од три месеца да ја ставаме во него и конечно видовме раат. Сега ужива, инаку постојано ни плачеше. Во ова можеш и сам да ја бањаш. Гледам сте зборувале за одење на свадба со бебе. Јас не би. До сега бев на две свадби, бебе оставив дома, бабите ја чуваа. Едино ако е многу блиска свадба. Друго ново ни е овие денови почна да сака само со мене или со татко и. Ако ние не сме во просторијата плаче. А сме ја оставале често на некој саат. Наеднаш промени, ако плаче кога ќе не види нас, се смирува. Душичка ми е . Но се плашам, неможам да ја оставам на подолго да ја чуваат.
Сум гледала слични,од кај го зедовте?Иначе досега и ние ја бањаме на скроз ист начин како @thinkerbell ,само улогите се обратни-мм држи,јас плакнам
Колкаво е малото? Знам дека ова е следно што треба да научи мојава (според скоковите), ама сеуште не прави проблем да ја оставам со било кој.
Блазе вам.. кај мене два месеца е и не ми е јасно како кога вришти само кај мене се смирува. Минатиот месец не беше вака.. можеше друг да ја смири, сега шанси нема. Дури чудно ми е, затоа што не очекував дека толку брзо може да се случи тоа. Препишувам на тоа што преку ден е цело време залепена за мене, не знам.
Од кога почна да се превртува мир немам од пелените, секоја вечер е протечена. Има ли некој идеја што да направам притоа сите пелени на светот ги пробав и не е до пелените?
Дупла пелена. Една нормално и над неа уште една обратно ставена, со газот напред. Немам лично искуство, ама сум читала дека вака ставаат за бебиња што спијат на стомак. Јас користев еко пелени заради црвенило едно време, ама ми протекуваа дека бебе спиеше цела ноќ. Па ставав шушкава подлога за пресоблекување под неа за да не го топи креветот, ама тоа не помага за бебето, пак ќе си ги топи алиштата. И ако не си пробала, купи памперс актив, купил маж ми по грешка, многу повеќе упиваат во споредба со обичните. Дури и после 4-5 саата не е баш најполна преку ден, а моево е сега 90 посто на стомак преку ден, и не ми протекле.
@Ladyyyy567* од чико го купивме, нас ни се виде многу практично. @Spidy ние сме помали, 4 месеци за некој ден. Пред оваа промена да се случи, претежно се смееше на сите што ќе и прозборат, а сега само мене и на сопругот. Дома пее растура, штом ќе испаднеме од дома, само си разгледува.
Од страна течат сите. И обични и гаќици. Напред и назад е супер. На памперс избива црвенило не и одговара хемијата.
Тие ко уши што се од страната ги вадиш ли нанадвор? Кај синко знаеја да протечат кога немаше да ја наместиме убаво пелената, односно кога тие "ушите" ќе останеа внатре. А ако пелената протекува од преполнетост, тогаш може е време за поголем број.
Се е тоа проверено. Не е ни полна пелената. Вчера вечер беше речиси сува, а од страна протечено. Како и зошто сите пелени до една и протекуваат кога лежи на страна не ми е јасно. Гаќици се покажаа попрактични ноќе и користи најголем број.
@srekice Јас ставам во нејзината кадичка голем пешкир на делот на главата полнам водичка, сега повеќе а кога беше помала само колку да и држи топло на газе. Уживаше и тогаш и сега. @Leo-nora Те разбирам мајка и мене ми е прво бебче и низ истото поминаме мора се да пробаш што го смирува твојто бебче, најчесто до 3м престануваат. @Spidy ние сме 6м1н и сега само мама и тато сака, ако некој од нас се оддалече одма плаче. @FreeMind да не и е мала пеленката, и малата се превртува па не претечила до сега.
Не е рано таман е. И ние сме иста фаза, 2 и пол месеци рачиња во уста и се останато, цело време. Мајками ме удави гладен е, доста и викам олабавиме малце не е гладен.
Девојки, земавме подвижна клима за во соба, не е директно накај беба завртена, сосема на другата страна од собата е, викате ќе и штети нешто на беба или?