Синко ми голтна од водата додека го бањавме.. премногу сум исплашена Има ли нешто за паника?? 15 ден сме...
Nisto strasno.. mojata dodeka ja banjame raci u usta stava so penja pa ke rikne i pos se smee. A tolku e ziva.i cvrsta masala nemozeme da se odbranime od nea a tek 3 nedeli sme
Dali grcevite moze da se premestat od vecerno vreme vo densko vreme? Zas obicno imam slusano deka najcesto gi ima kasno navecer t.e rano sabajle..posle polnok
Само што ќе пуштав слика, @cvekence123 ви пуштила линк од подлогата. И со првото и со ова, по паѓање на папоче ги бањам цели во корито. Во локо кроко ги има на лорели, 380 денари. За какање, моиве двете исти се. Малото сега 5 дена не беше. Ама на доење е па според педијатрите, нормално било до 10.
Фала мила да ја следат вашиве уште побрзо! Па ќе им правиме трки како со количиња Ноќеска во 3 саат не разбуди да си играме и знаев дека сака нешто да ни покаже. Обично после будење ноќно време за игра има новина. Ете го петтиот период. Сигурно ќе има уште нешто деновиве очекувам да пушти некој целосен збор оти уста не затвора по цел ден.
@FreeMind догодина кога ќе се уклучат моторчињата нема да може да ги стигнеме . Инаку и кај нас малата постојано си пее и многу е гласна. Најсмешна ми е кога ќе виде некоја од тропкалките што и е омилена и се радува, цика, прета со раце и нозе . Душички колку малку им треба да се среќни
@FreeMind ајде нека се угоде,нека е за арно и убаво. Јас совет барам значи 2 дена го набљудувам нон стоп и барам причина што е тоа што го тера да вришти до тој степен што ништо не го смирува. Значи вчера си се смееше на глас,јас среќна менува бебе и оппп вриштење. Заспан беше стана ајде убаво го расонив прошетавме низ стан и да го бањам прво за да не ми призаспие после цицање,земав го соблеков значи дали не бил расонет,дали толку гладен... хорор беше ни цицка не фати за да се смири како во транс викаше . И заклучив дека многу се палаши,како да го опуштам. А што е најинтересно често дремки си тера со отворени очи ни јас не знам кога е буден кога не,ама знам кога сум го иплашила мислејќи дека е буден
Еден период ми правеше така од кога ќе ја избањам и вриштеше ама мислам дека беше глад помешано со поспаност тоа траеше еден месец. Страв ме фаќаше кога идеше ред за бањање. Ништо неможеше да ја смири и од толку плачење се успиваше. @FreeMind Со убаво нека е! Па наскоро да каже мама. Мене ме изненади со тоа, многу убаво чувство!
@Happyinlove околу вториот и третиот толку многу гласно плачеше после бањање што и до болница отидовме еднаш да видиме што и стана. Она уствари нејќела да се облекува после бањање До ден денес знае да завришти на тој дел само што не и се плашам сега. Нормално после бањање ти е жешко и вода ти се пие исто така и кај бебе. Значи ако е пред бањање кај тебе врискотот гарант е од чинот на соблекување и гладен. Најди му финта дај му да цица малку бањај и потоа нека доцица. @BabyT* сигурно е убаво. Чекаме уште и заби во секој момент. Сето е испомешано периодов.
Кај тебе плачеше ли кога е беше на меше. Цело време ја ставам и ако има играчки до неа, мирна е. Арно ама јас и ги ставам далеку за да ги дофане и почнува да плаче, цика, го пучи газето и само лево, десно се шанка.
Она воопшто и не сакаше на стомак да биде до последниот преглед на 02 Јули. Бидејќи педијатарот ме изнакара за сите пари решив 90% од времето да ја оставам на стомак бидејќи морало моториката да ја зајакне. Првата недела кемкаше скроз без прекин. Јас нон стоп на анимирам на стомак клечам пред неа, играм со крената високо играчка да може да се крене на раце и да ги ојачи рамениците за да може да лази. Досегашната позиција на гледање цртани и ја направив прилично тешка односно ќе мора да се крене на раце за да ги гледа фронтално високо е телевизорот. Играчките нон стоп и ги ставав пред неа и куклен театар речиси пред неа за да ја заинтересирам да ги земе. И странично бидејќи само до страна се вртеше. Од играчки сменив на кујнски помагала измив пластични чинии во бои, чаши, шише пластично со вода од кока кола, книга, картонска кутија, табла од јајца. И ги менувам секој ден за да и биде интересно. Она сака една од друга ствар да ги удира и да ги фрла на страна па и се виде интересно. Се тоа пропратено со кемкање кога ќе се умори. Втората недела научи дека може и да легне на стомак да се одмори па така и заспиваше. На крајот од неделата почна да се врти. На грб ја оставам само после цицање да не поврати иначе цело време на стомак. Виде не виде сфати дека не и требам да се заврте. Третата недела ја отвори со буткање со нозе и ринење на главата. Најчеста позиција на рацете и беа ширум отворени, а требаше напред да и стојат. Цело време и покажуваме како да ги држи до неа легнати, врз неа и слично. Исто и лазиме со неа за да сфати дека така треба. Нон стоп се буткаше со нозете газот оддамна го крева од 4ти месец. И доаѓаше баш како да си ја рине главата. По совет на мајка ми и ја ставив ногата моја да се бутка од неа доле како кочница, греда. Со соблечени чорапи за да може да ги зарие прстите почна посилно да влече напред. Од пред некој ден почна повремено на раце да стои и вчера беше речиси цел ден на раце како склекови да правеше. И тоа скроз озбилна мислиш ќе стане ќе не натепа. Овации со браво и супер за секое стоење на раце. Ова од вчера: Спојлер Утринава ја ставам на стомак и со мајка ми онлајн камера накај малата и слушам мајка ми вика готово тргна тргна и се вртам ја гледам она одлазила кај играчките. Толку ми дојде драго бидејќи според килажата која ја има мислев искрено дека тешко ќе развие моторика својствена за другите на 5,5 / 6 месеци. А на преглед за моторика сум на 7 Август главна контрола и ќе ме извие жената повторно. Ама ете бебе за еден месец на стомак жилаво се бори да се ојача. Жена Сеуште кемка, ама нека си кемка слободно ова е за нејзино добро.
Супер, баш ми е драго. Фала на опширното објаснување, сега ќе се фатам за работа со други реквизити и помагање. Права лепотица е
Мојов е плачко голем, секој ден пробувам на меше ама никако не сака, плачи, а и настинат е сега немжи ни да диши, уште не се врти (7ипол м) а да го оставам да плачи ми е грев, ептен се улипува ќе ја пробам твојава тактика, мора малку да се заинатам и јас, како ме има земено под нозе се со плачење добива, ептен се разгали, вчера малку му подвикнав и бев сериозна и незаеше дали да плачи или да се смее, многу беше смешен пусти заби не измачија двајцата, сега уште помалку спие ноќе ,станува со плачење, заспива со плачење..
Уште од бебиња со исти карактеристики се гледа половата разлика. Жена ти е инат бре! Сега ја учам Не. И некогаш како да ме разбира. Исто ме зема под нозе и мене закемкај јас сврти ја жал ми е да не биде на стомак. Сега сфатив дека ништо не и било само глумела, баш и е интересно вака. Со лесно да мине настинката го бакнувам најсилно! Добра идеја. Може и пелени за во вода да пробам.