Мамички како да ги користам бекутан капките против грчеви?? Пиши во упатството за бебиња 20 капки во течност и така да му се дадат. Како во течност? Јас на бебка ништо не и давам освен мајчино млеко. 3 недели сме.
Да знаеш дека е така за род женски,јас а и мои блиски со машки дојдовме до заклучок дека се плачковци,се лигават и зависни од мајка се. Заклучок не се криви свекрвите,мажите се многу залепени за нив чест на исклучоци јас мојов пробувам да го сменам колку што дозволува карактерот ептен е лигле,мало е да ама кој манипулатор е се со вриштење како грло не го боли
Ам после ти е јасно зошто на 37.5 температура и затнат нос од кревет не стануваат една недела и нон стоп се кука како е тешко да си болен. Абе од вратата од кола ќе се удри три недели за модрицата на колено зборува колку боли Татко ми кога ќе се разболеше уште се смеам колку јачаше од “настинка” мислиш готово со човекот, крај. А него само носот затнат. А тек да бидат бремени или да раѓаат. Само замисли онака со неспиење со убитачно лошење со месеци, со лажни контракции, со клоцање во дијафрагма и раѓање
А што има врска дали е машко или женско? Има разлика во периодот на ставање во дубак? Иначе немам искуство. Дубак не сум употребувала. Само џампер за на врата.
Имам слушнато дека машките можело порано од женските ама точно од кој мееец незнам. А каков е тој џампер мене вчера ми спомнаа за него од колку месеци може да се користи?
Тоа за седење дека се седнувале машките порано.Во другата група совети за бебиња од 6до9м се водеше дискусија, прочитај таму.
Џамперот е 6+. Јас им пуштав музика на моите и рипаа до бескрај. Само не се сеќавам колку време дневно смее да се употребува. Јас го користев половина час дневно, најчесто распоредени. Оти најмногу зависи од интересот на бебето.
Мамички од некна бебево мое наполни 5 месеци и еве два ноќи некоја промена ми прави у сонот станува вришти плаче многу силно и го зимам у раце уште повеќе се засилува. Два ноќи така ми прави и одвај ќе го смирам и ми давам одма да јаде и си јаде. Ај првата ден цела ден не јадеше убаво и си помислив гладен дека е и се најаде и заспа еве вечерва од кога заспа го наранив и немаше 3 саата поминато наеднаш у сонот кога врисна од памет ме извади и одма го земав бетер почна да плаче ајде по некое време се смири некако со цуцето и му давам да јаде се најаде и продолжи да спие. Дали воа му е нова навика не ми правел вака до сега само ноќе шмокал прсти и почнувал да се врти кога му се јаде ама и тоа било на 4 5 саата и никогаш не плачел вака сега на 2 3 саата и вришти како да го боли нешто. Целата се стресов два ноќи не спијам и ја убаво и малце да мрдне си мислам ќе викне.што мислите ви се има ли случено вакво нешто?? Дали и одма ѓто го зимам у раце бетер му го раскршувам сонот ама ша и легнат плаче ама не толку силно и раце а го земам се засилува
Здраво на сите , јас сум нова овде меѓутоа ве следам уште во труднички муабети и морам да кажам од голема помош се вашите мислења и искуства, големо браво. Девојката ми е 8 недели и вчера цел ден преку ден не заспа , никако не можев да ја успијам има ли скок таа недела или е нешто друго што мислите?
Да, има скок во 8ма недела. Ама 8ма недела од термин не од дата на раѓање. Најверојатно тоа е, еве повеќе знаци за скокот.
Мамички вчера бевме на ортопед, Антонија има полни 5 месеци и докторот ни кажа во количка да биде под агол од 45 степени со ноџињата пуштени надоле. Е сега јас имам количка на cangaroo stefaneli и е со корпа која се прави седиште. До вчера беше малку подигната со тоа што и го закопчував наслонот кај главата а надоле беше корпа. Сега кога го спуштив делот кај нозете тоа горното само се поткрена и не знам колку степени е. Количката има две нивоа. Е сега како да знам колку степени се?