Неколку пати се деси да видам во измет. Носот му го имаш чистено со вшмукување веројатно. Имав на почеток еден со тенко цевче напред и веројатно капилари пукаат: Со ваков немаш претстава до каде навлегуваш и можеш да направиш беља на синусите. Земав ваков: Со ова е пошироко и таман влегува до каде треба. Прашв на лекар кога се појави прв пат ми рече следи ситуација. Али во следниот немаше. И така.
Majki se potat li vasite bebinja.. moeto e ko banjato... samo na grbceto, vratot i pozadi glavata-kosickata. BeZ razlika du spie,dali ja drzime, za vreme na doenje utop e deteto. Dali zas ima kosicka i toa plus vlijae... 3+ nedeli sme
Мајки бебе од вчера почна да плаче додека прдне или се покака и денес е исто само што денес повеќе пати какше и цело време му кркораат цревцата. Можно ли е да е настинат? Или од грчевите е...
Грчеви се, дигај ножиња на кај меше да ги исфрли гасовите. Кај мене од чајот на Бекутан уште толку плачеше бидејќи и правеше гасови. Редовно давај пробиотик и држи го меше на меше.
И моево исто два дена.Ама јадев брокула,признавам крива сум и млеко пиев.Кај моево храна сто јадам има огромна улога.И кафе не пијам веќе
Леле не ке му верував на некој да ми кажеше дека ке набљудувам и чекам какачки од бебево Дефинитивно е само секрет,шлајм што ли е али е многу густо а и го има и затоа бојата му е како крвава... Добрата вест е што го исфрла,а лошата е што пред 1 и пол недела завршивме со капки ставање. ништо понеделник да ја оправам на пефијатар. Аман више со ова носе
@FreeMind и нам педијатарот ни објасни вчера зошто е многу битно да ја ставаме на меше, дека и да кенка мора да најдеме начин да се научи. Јас почнав да ја практикувам твојата тактика со перница и цртани и успева. Наголемивме од 2-3 минути на 10 мин седење. Ќе се обидувам што е можно повеќе. Наполнивме 4 месеци, се меревме, супер си напредува. Мама пресреќна
Браво и за мама и за малата! Додека сме на темата вежби на стомак во Англија еден од најдобрите "играчки" за да бебе ја засака позицијата е оваа: https://www.amazon.de/gp/product/B07QJ9LPPP/ref=ppx_yo_dt_b_asin_title_o00_s00?ie=UTF8&psc=1 Јас ја порачав ќе споделам искуства иако не се сомневам дека е добра бидејќи рибите мрдаат внатре. @lackygirl @hello-kitty.90 ако ја најдете таму или можете по нет да порачате уште подобро.
@FreeMind многу интересно изгледа подлогата, сигурно ќе има ефект. @Ringishpil_ како сте вие? Како е малиот?
@paleska3 малиот веќе почна многу да "отвара"што би рекле. Пее (цика)преку ден до боли уши. Ги вежба гласните жици, ако му речам немој така,тој погласно. Сака внимание постојано,сака да си игра.За рацете не зборам, нон стоп во уста, мислам во скоро да му ја купам софи,зашто веќе фаќа работи и ги носи до уста,посебно ако го покријам со тетра пелена си ја дофаќа си ја става преку глава и право в уста.Пред огледало сам на себе си се смее,ако нема бебиња во близина барем на огледало ги има да не ми подиви дете. Според апликација веќе сме во 4ти скок,измени само во цицањето, ама му најдов цака,само лежејќи, инаку се друго е поинтересно од цице, воглавно пред да се успие или кога ќе стане,инаку нон стоп си игра со неа и ми се смее у фаца,но тоа е фаза знам ќе помине,сега се му одвлекува внимание, баш и ние вчера го меревме супер напредува. Наредна недела вакцина имаме втора доза,се надевам сега полесно ќе поминеме без менингитис вакцината овојпат. Во план ни е одмор за Мкд,мислам дека ќе има плачки од непознато првите денови,навикнат е само на мене и мм ми. Туку како да го навикнам преку ден да ми спие во гужва, се осеќа и одма се буди,навечер нема проблем.Како е со спиење и цицање малата кај тебе?
И јас со количкава имам дилема...вчера низ парк ги шетавме во дигната положба, само две нивоа има количкава, лежење и подигната..е сеа незнам дали е 45 степени,така ми личи..3 полни месеци ќе прават за некој ден, мајками ме искара во седечка позиција сум ги држела, дека нели не смеат уште да седат... и сеа шубе ми е...јанза ме јаде... @FreeMind срце шо мислиш ти, да не им ги сј*бав рбетите?? ..еј многу ми е ќејф за малечката што така си напредува, а и какво крофнуле за бацкање е
@Emma2 Не ме праша ама мислам дека може да ти кажам Кога бевме во Систина на преглед нс 3ипол м ми кажаа дека може да ја правам количката на 45 степени, а на 6м веќе на повиско. @Ringishpil_ Не ти е збеснато бебето, и мојата почна од 4м,уште вриска, а пред огледало побеснува сака да го фати бебето. Е арно ама сега се радува така и на сите бебиња, деца и делува нападно и некои се плашат. А она само сака гушки
Немој веќе исправени, мали се. Мене ортопедот ми кажа на 5 полни да седи под тој агол. Моето е машко па имаше нели нешто врска и тоа , ама консултирај се со ортопедот, иако мене дури и во транспортер кога го ставам ми личи како да седи, ама не било ништо страшно
За да им ги сјебеш треба подолго време да форсираш некоја неприродна позиција. Малите твои можеш да ги држиш во позиција од транспортер или релаксатор. Погледни дали е истата позиција најмногу два часа. Ако е нешто повисока позицијата не ги кревај пред да ти одобри педијатар. Остави ги да лежат нека си уживкаат. Ех мене да ме собере во количка и да ме бутка некој цел ден ич нема да одам само така ќе лежам.
Беба ми се враќа во нормала, а и јас со неа. Се врати на стариот распоред за спиење ноќе, дури некогаш само еднаш станува. Преку ден уште минатата недела почна да спие по старо. Конечно и мене малку ми се намали сивилово околу очи. И целосно сама заспива сега навечер. Цица и ја оставам. Малку си пее нешто по нејзино и за 20 минути заспива цврсто.
Мамички едно прашање На малата (4м) вчера и се појавија две црни мали точки на гавчето како малку вдлабнати, ја однесов на итна и ми рекоа дека е бенкичка не е ништо страшно. По неколку часа и се појави уште една но таа се изгуби. Што мислите дека е? нели е рано за бенки и тоа на главчето нема никаде на друго место а и малку одоколу и е цврсто утре сме а лекар кај матичниот ама неможам да издржам до тогаш, некој совет искуство или мислење? Извинете за долгиот пост, барав но не најдов ваква тема или нешто слично
Многу. Имаше и многу долга косичка. Го шишавме еднаш намали доста потењето, вчера баш пак го шишавме нема гајле. Барем главчето не му е мокро онака како бањано беше.