Isto..povraka i usta uste otvorena ... cel den sum so izvadeni cicki hahaa. Nie pa cucla ic ne sakame.. nuk imam dva vida i tommie tippe i ja pluka..kogq i ja davam.us poveke place.. ama pa zatoa mene lom me prave neznam kako ke pocnime da ispagame da setame koga ke naprajme 40 dena...koga se bara da cica
На неполни 3 месеци сменавме од корпа во транспортер. Многу сум упорна да се вози,пак вриштиме ама ми дава надеж едно 20 мин возење. Во корпа почна воопшто да не лежи се нервираше
@Leo-nora нема ништо страшно и кај мене се прецицуваше и вишокот го повраќаше. @kikin во корпата и беше многу поудобно.
Не.Следен пат планирам во Радовиш да ја носам,слушам таму имало некој доктор добар што гледа и на ехо
Количка користам од самото раѓање со тоа што транспортерот се монтира на неа и некаде околу 2 месец го извадив и го фиксирав во кола (претходно вадев од количка па ставав во авто кога требаше да го возам). Сакаше да се вози така но мене ми беше мачно - вади колица па демонтирај транспортер од кола па ставај на количка. Количката ја користам сега интензивно, наместена е на рамно и често пати денски и преспива во неа. Откако го ставив во кенгур за шетање повеќе сака да се шета во кенгур отколку во количка (нормално се гледа и набљудува). Се мислам дали да подигнам ниво на количка под 45 степени ?! Жешко ми е и се потам многу кога го носам во кенгур мада и времево вришти од топлина . Контрола на ортопед имам закажано дури на 4 Септември а цел Август кој ќе чека, бебчо си сака прошетки. Бебо е 3.5 месеци.
Не смееш, зборевме пред некој ден во темава, дури од 5 месец негде ќе го седнуваш. Ќе ти каже ортопедот.
Многу тешко стана во 5ов период менување пелена. Две секунди мирна не седи се врти, чорапите ги вади, ги пика во уста ( залади овде), вика, мава со нозе, рацете ги става меѓу нозе ( а какана цела). Почнав на кревет да ја соблекувам ми е страв да не ми падне од масата за пресоблекување. До 16ч сум секој ден сама. И сега ми е комплицирано скроз и вода и тупфери и се. Некој да ме посоветува како најлесно да се справам со пелените од шестиот месец натаму? И д витамин таблети растворени во мајчино млеко - права војна секое утро. Прета со се и устата ја затвора силно и или ми го бутка со се лажичка или го плука. Тоа и е интересно.
Јаси првото и ова ги возам од старт во транспортер. Се монтира на количка. Си викам има ли уште некој како мене ахахха
Уште влажни и фалат на црвениот газ. А чешмата не ми е до креветот, плус така малку големка е за под чешма. Земам со мене натопени тупфери али логистички е крш распоредов. Дупла работа си отварам на времево кое го имам. А на три саати сеуште и менувам поради проблеми со осетлива кожа. Охо уште гаќи сама да и облакам. Сабајлево ми ја пукна буквално вилицата со клоца во фаца бидејќи на кревет кога ќе се наведнеш доаѓаш баш во линија на нозете.
Директ под чешма у вц. Додека да стигнете до вц летајте авионче, кога ќе ја измиеш доле измиј и раце, лице, нека се погледне во огледало, смејте се. Рикверц, играчка во рака и менувај памперс. Најмрачен момент нозете во каканата пелена, па со рацете нозете ги фаќа. 5ти скок не фати, цел саат заспиваме за 15мин сон. Денес и вчера, посебно денес, многу е кенкава. Многу. Од толку играчки го јаде каишот на лулката и релаксаторот. И почна да одбира играчки, што и се допаѓа а што не. И нудам играчки поединечно не сака, ја сака една крава да ја јаде. Пак и ги давам по една играчките, јок бре. Крава и крава. Почна наутро да плаче кога излегувам. И упорно ме буди пред аларм. @FreeMind си пишала за чешмата,пробај под тушот. (зависи како ви е). А за влажните, и јас користам чат пат виолета 99% не сме имале реакција досега.
Јас дека првото ама ич не ми сакаше количка и мислам дека рацете до под ми ги истегли па затоа сега со второво и на ладно дувам. Знам и по куќата да го рашетам со количка од една во друга соба а и добро помагало ми е кога го бањам. Дека сама го бањам па на количка местам бањарка и бањкан -исплавен го ставам пак во количка . Знам, баш Ве читав во темата но чудно ми беше што една членка не ми текнува која беше ортопедот и кажал дека од 3 мес може под агол од 45 степени . Ништо, ке си почекам до Септември а и така до тогаш ќе има скоро 5 месеци. Масата стави ја поблиску до чешма а во рацете дај и нешто ново и интересно да го гледа - игра. На пр. наполни мала флаша од вода или сок со некакви ствари, пакетче марамици од оние суви што се, мала најлон кеса шарена или сл.... Стави ја во позиција на лазење во када а ти миј дупе
Не се држи мојава на една рака мине 11кг. Ќе ми се лизне под туш и во када. Ќе земам некоја поголема маса. Биљард маса Со лесно на скокот. Чувај нерви.
Пишав вчера ама пак еве ме. Му кркорат цревцата на бебе додека се покака ики прдне и многу се мачи, крева нозе у вис или некогаш кенка или заплачува додека се покака/прдне. Незнам дали се грчеви и незнам како да му помогнам многу ми е жал. Имаше честа столица по 5 6 пати дневно а денес само еднаш е какан и цело време се напнува. Ставам раче на стомак и седиме кожа на кожа ама ништо не помага..