Грчеви се и тоа е до 3 месеци, само трпение. Топла пелена на меше или термофорче и носи го на рамо како папагал.
@FreeMind де на pinterest или на некои германски сајтови види мора да има како да се направат homemade влажни марамици. И од вечер да си исечиш да си ги навлажниш и да ги ставиш во пластичен сад,или во како се викаа едни марамици што се вадеа од пластична кутија...мора да има или вака нешто https://pin.it/ucyroytwiu5b4q
Јас си направив парченца од памучен материјал. Нормално, испран и пегла. Си исеков на помали парчиња, штом ја соблечам ги топам со вода и ја пребришувам. (така правев еден период). @FreeMind жено не си играј со масите за пресоблекување да не направиш беља. Ете сега е на земја, врз тоа постели подлога(во дм секако ги има), ни да се плашиш да ти се преврти... Заебано е.
Ви спијат бебињата на релаксатор, мислам ги оставате ли подолго време? Еднава ужива да спие така,ама пак ми е шубе некако ко у дупка да е, ко да е искривена некако, а и ставам и перниче одоздола...
@kikin ние лежевме во корпа до 3 месец и потоа почна да плаче штом ја ставам, неможев ни 5 метра да ја возам. Потоа пробав со транспортер и така сака. Сега секоја вечер се воземе и најчесто така заспива. @Emma2 и мојава сакаше до пред некоја недела да спие во релаксатор и ја оставав, сега веќе несака. Се си е на периоди.
Доста интересни изработки се заштедуваат доста пари. Го обожавам сајтов бтњ нон стоп сум таму закачена. Само после треба да ги пеглам дислајк. Ќе наредам помошна маса до креветот како мини бања и тука ќе се бориме со пелените.
Ова во 6ти месец Моево бре не дава пелена да мусе смени,прета врти глава нозе ќе исправи и стегне ,оди свиткај да те видам.Стомакот ми е потечен од шутирање.Се молиме 10 минути за пелена да сменам. Што ќе биде до 6ти ќе ме шамара @cinderella5 колку месеци е бебушот твој?
И јас пресеков една тетра на парчиња и со нив го бришев нон стоп до 4 месеци, бидејќи нон стоп какаше и само црвен беше во газето од ко почнавме со кашички, не се кака по 100 пати, само 2,3 пати во денот и тоа е суво и нема гајле, сега само со влажни виолета го бришам и на 3 сати менувам пелена (мочана-немочана) и само пудра косили му ставам (со пудрава се преродив, се испробав, СЕ и само пудрава ни помогна за потпарување) нема црвено газе. А ко ќе се кака го сеќавам и одма го преслекувам а ако е повеќе рашлакан го одмивам описов лудила Уште не се превртува на меше и немаме мака многу со преслекување, само многу мава со нозете, ми ги руши градите
@slavica999 Јас пишав. На 3ипол месеци бевме на ортопед кај Маја Каличанин во Систина и ми кажа количката да ја направам подигната кај главата на 45 степени. Не како да седе туку само главата. Е сега колку бил добар советот незнам, јас го подигав тој дел малку не баш на пола тело, ама во таква состојба се лизгаше и не ја користевме количката туку кенгурот. Сега веќе ни е направено за седење.
Здраво девојки, моето бебе е три недели, на горното усте има како меурче да го наречам, од што може да му искочи, инаку на доење сме ... Некоја со слично искуство...?
Одлично, баш добро ќе ми дојде за да ја прошетам до парк а да не зимам количка со мене бидејки сум во зграда 3ти спрат фала многу
Нема проблем Избери добар кенгур, една членка баш се жалеше од еден. Препорачавме повеќе, јас лично го имам на чико.
Моето имаше како меурче, пликче на средина на горната усна, неколку пати се појави првите недели. Мислам дека при цицање си ја шмукаше устата и затоа се јавуваше. Само на почетокот беше тоа, после не се појави пак. На сликава е мало, некогаш беше и три пати поголемо од ова, ама само оваа слика ја најдов.