Внук ми е многу тежок на сон значи пред да заспие се случува и по 1 час да плаче. Па јатрвата ми ја имам видено како раствара шекер со водичка или мед со вода и ја потопува цуцлата.Па малиот веднаш ја фака цуцлата и заспива.
Мамички пак јас со проблеми Мислам дека на одмор треба да одам на Нервно. Има ли некоја мамичка чие бебе е алергично на млечни протеини? На совет на докторката од Соба за доење на јадев ништо од животинско потекло освен јајца. Од вчера почнав да јадам пак и малата се исфрла кога цица. После некое време и поминува и кога цица пак и се појавува. Исто и до вештачкото млеко. Јас мислев од цуцлата од шишето ама ова има повеќе логика. Може ли да се тестира ова?
Станува збор за нетолеранција на лактоза? Некој можеби ќе те советува каде се испитува ама јас знам дека има АД млеко со редуцирана лактоза баш за вакви случаи. Аковеќе и имаш дадено АД за да се обидеш, прашај во аптека и купи такво. Или за поинаква алергијa станува збор?
Malce pomos ako mozi za novo pecenava majka.Bidejki sme na vestacka hrana me interesira na primer se slucuva da se razbudi da si zakenka za jadenje koga mu e vremeto i jas duri mu spremam da prodolzi da spie.I sega sto da i pravam na veke spramanava hrana da ja pocuvam vo topla voda ili odma da ja frlam i nova da spremam.I dali e zadolzitelno peglanje na site alista na bebeto bidejki sum sama mm na rabota uste bolki od carskiot rez.Blagodaram odnapred.
За чување на вештачката храна не можам да ти кажам со сигурност како треба. Јас не и давам често и кога ќе и дадам не го сака секогаш па го чувам некое време и пробувам пак. На интернет читав дека некои мајки го правеле однапред за наредниот ден и во фрижидер го чувале преку ноќ. Види на пакувањето, може пишува. Иначе секако најдобро е тазе да е направено млекото ама кој има пари да фрла, посебно ако се работи за пола саат-саат разлика. А за алиштата воопшто не се замарај. Кога не можеш не, можеш и тоа е тоа. Јас само првиот пат и ги испеглав и толку беше. Нема сега ти да плачеш од болка и да пеглаш. Ако сакаш да ги пеглаш после секое перење можеш понатаму. Сега одмарај и уживај со малиот. Нова најверојатно е и тоа и тоа. Сега размислувам,можеби повраќа поради нетолеранција на лактоза, а и се исфрла на лицето и на мешето па затоа мислам алергија. Имаме закажано контрола за две недели, тогаш е докторката што сакам да ја прегледа. Не знам дали да чекам или да одам порано
Kostadinka, ние сме на АД и знам како ти е ама и на кутијата и сите советуваат да не стои подолго од саат време. Најдобро е пола саат и тоа некогаш ако треба, да не е постојано. Кога ќе го направиш, а ти заспие остави го млекото и после само шишето пушти го во топла вода минута време и спремно е. Или какојас што имам направено два пати: го оставив на парното и стоеше топло. Како ќе расте нема да ти заспива туку ќе го имаш обратниот проблем, да ти вришти додека го ладиш млеКото од што е гладно. Captivating, не сум паметна што совет да ти дадам. Да ја шеташ пак за време на вируси е меч со две острици ама и да чекаш две недели, а сирото да се мачи и така не бива. Штом исфрла сигурно е алерија, прашањето е на што е алергична. Не сакам да пцујам ама како ве пуштија дома, ви правеа алерготестови? Или дека е малечка не покажуваат? Зошто не отидешна приватен педијатар на совет? Ако треба сликај ја малата каде е исфрлана и ти сама појди и објасни што е со сите детали, па ако треба ќе ја однесеш и нејзе после да ја видат. Имам слушнато баајги пофални зборови за Јани од Систина и Поп Лазарова во Ремедика. Повеќе и јас не знам што да те советувам ама многу ми е криво кога читам дека уште се мачите зошто две недели ни се разлика бебушите. Нека помине побргу за да и се радуваш, а и таа да одмори од се.
Ова со шеќерот, да ми прости јатрва ти ама изгледа има одвишок деца за фрлање. Што ви е бре мајки едни немајки, простете ми феминки кои сте си стварно супер мамички, ама читам овде и не ми се верува Шеќер на мало бебе, што не земете кокаколата во шише и нека натегне, убаво блачко ќе му дојде. Абе јас кога сум растела мајка ми не ми давала шеќер а камоли сега, во 21 век, кога толку многу информации на интернет има. Не знам стварно, шеќерот е бре жени најлошото нешто што можете да се одлучите да му го дадете на детето. Ајде една компарација само да ви направам, ете ќе ви се слоши, ќе ви се стресе снагата, што правите прво, лапнувате шеќерче, замислете ако тој шеќер и го прави тоа на вашата “снага“ што му прави на едно бебенце од неполни 6 месеци. Јас мислам дека казната одземање на родителско право треба многу да се употребува во нашава ни земјичка за да почнеме некако да се свестуваме. Мој совет Елеонора, јатрва ти комотно нека му става и по малку кокаколиче на цуцето, слаткичко ќе му дојде и ќе се смири. Нема лоши деца, нема тешки деца, нема проблематични деца, има лоши родители, има мајки кои поважно им е Фатмаѓул да не ја пропуштат отколку да му спремат на детето асално јадење па смоките ќе му ги бутнат, на 6 месеци, срамота, мака им е со трпение да го навикнат детето на цицање, да се помачат па ОП вештачкото, ОП шеќерот, медот... Јас сум била дете кое не сакало да јаде, тешка сум била на јадење, мајка ми ми правела по 5-6 кашички, морков, компир, спанаќ, ориз... од се по малце да види што ќе “решам“ тој ден дека ми се јаде, ама се трудела жената бре, имам една слика кај што ме храни од точно 12 тањирчиња, и вика изеде тука 2 лажички морков, една лажичка ориз и една лажичка мевце, е ај кажете ми дали не и било на мајка ми полесно да ми ги тупне смоките, сум имала некои си 7 месеци, комотно можела да ми даде смоки, сигурно ќе сум ги јадела, убаво ќе ми дошло, соленко. И уште еден пример, мм, бил многу плачливо дете, а како не би бил, во еден спрат живееле три фамилии од кои двајца баба му и дедо му, двајца мајка му и татко му со него и двајца чичко му и стрина му со две ќерки, гунгула, па не дете и свекрва ми збеснувала, и детето не спиело, епа како да спие воопшто, ама свекрва ми ниеднаш не му дала цуце со шеќерче да се смири, туку го нишкала по цели ноќи, се трудела да го заспие, да го смири малку. Сума сумарум, нашите мајки биле многу потрпеливи од денешните мајки, а переле пелени на раце, имале далеку потешки услови, со многу помалку помагала од сега и пак сме израснале здрави и прави. Мајки, малце прстот на чело, шеќерот нема да ви помогне, денес е шеќер, утре е чоколадо, и не, не сме растеле ние на чоколади, смоки и млеко кравјо со шеќерче, и на нас мајките пазеле, и тоа во време кога природата била на наша страна. Елеонора, не ја гледај ти јатрва ти, гледај ти да не ги правиш нејзините грешки, па за друго остај ја неа со нејзината паметна глава. И да не мислите оваа Ангел само знае денес да вика и да кука, еве и еден совет за млекото вештачко, добро де АД Се дава еден до два часа преку сила на собна температура, не се прегрева, не се лади во фрижидер, ако не го испие се фрла. Ако дете стане за цицање и презаспие подобро да го разбудиш, потегни го нежно за косичката над уфцето, нема да го заболи, ќе се разбуди и дај му го шишенцето. Инаку треба да си ги знаете веќе дечињата, како спијат, како јадат, ако станало во време кога му се пријадува е гладно, а ако стане во време кога обично не му се јаде пробајте да го занишкате, да му дадете чајче ако пие, цуце ако цуца и ќе си заспие, гледајте вие да бидете шеф а не тоа, оно ќе станува секој саат мама ако му спрема цело време топло млекце Како што кажав погоре, деца, ќе имаат многу маки, само треба смирено и правилно да се реагира.
Нова, јас бев со малата надвор сега, ај на кратко испаднаа неколку саати. Дојдовме дома на време за да јаде.
Ajde majki sega pak za drugarka mi da prasam.Deteto i e 3 ipol meseci za 2 nedeli 4 polni. Taa saka da znae kakva kasicka moze na ovaa vozrast da dava bidejki imalo kasicki od 3 meseci nagore.Ili nekoja domasna kasicka?Izvinete za latinicava od telefon sum online.
Кратко и јасно-НИКАКВА! Кашичка на три и пол месеци??? На 6 месеци тогаш што-ќебапчиња? Аман бе мајки, аман... Па на кучиња пазат што им даваат, читаат книги, прашуваат по ветеринари, од каде бе на три и пол месечно бебе кашичка?! Или ѝ рекол некој паметен-а бе дај му кашичка, ќе си спие со саати, гајле ќе немаш...
Sovet od aptekarka se prodavale i kasicki od 3 meseci nagore ama smeelo da se davat po 90 - 100 gr dnevno. Se zacudiv iskreno ama sepak me interesira za da i kazam sepak se raboti za bebe ne za vozrasen
100 gr. Kasicka na 3 ipol mesecno bebe?! Mojta tolku ne jadese na 6 meseci ! Stvarno ne mozam da se iznacudam na takva neinformiranost i naivnost... Vo 21 vek c ccc
Апсолутно се согласувам за тоа со едуцирањето. Се продаваат кашички за бебе од 3 месеци затоа што компаниите сакаат да направат пари а не затоа што бебето треба да почне да јаде каши од тогаш. Јас оддвај чекам да и давам кашички затоа што рекоа дека тогаш повраќањето ќе и се подобри ама пред 4 месеци никако. И не сакам да навредам некој ама откако станав мајка сватив дека тоа што го кажуваат некои аптекарки не треба да се зема здраво-за-готово, поготово кога станува збор за бебиња
За тоа да не им се верува на аптекарките потполно се согласувам. Син ми обично има запек, и кога имаше 2 и пол месеца му реков на сопругот да бара нешто во аптека за против запек. И аптекарката му дала сируп од слива и смоква. Јас не знам како може на мало бебе тоа да се даде, одма може алергија да се појави. Кога му кажав на докторот рече никако тоа, он е мал за тоа.
Ангел не те ни дочитав затоа што се згрозив од самиот почеток. Како можеш некого да наречеш немајка, м? Само затоа што дала или прашала за шеќер? Еве конкретно за шеќерот, уште од самиот старт во болница додека да дојде млеко на бебињата им се дава шеќерова вода и еве на ниедно не му се има случено нешто. Јас се згрозувам од вакви коментари, од жени кои се учат како да бидат мајки од интернет. Порано кога ние сме растеле не се почитувале пола од работите кои сега чиниш се со закон воведени, па сме милион пати поздрави и без алергии. Од оваа читање по интернет речиси секое дете е со алергии, секое дете е со бронхит, со престои во Козле и сл. Некогаш да знаете тие бабини девитни помагаат многу повеќе отколку советите на педијатрите кои веднаш посегнуваат по антибиотикот. Порано АД давале најмногу до 3 месеци и одма воведувале кравјо разредено, па ете сите се здрави и прави. Јас сум тазе мајка, кој никако не се води по бабски муабети, ама некои работи што имаат смисла ги прифаќам. Јас дојам, па не давам ништо, се до 5-6 месеци, ама бебево го гледам според она што јас мислам дека е во ред. Не се водам ниту по интернет ниту по книги, а радо примам совети од баба ми и мајка ми. Еве наречете ме немајка затоа што имам вакви ставови. Срамота, просто сум запрепастена со какви предрасуди сте, и како се осмелувате некого да наречете немајка.
Во болница не даваат вода со бел. рафиниран шеќер (!!) туку гликоза (се купува во аптека). Инаку, еве препораки официјални за бебе: Препораки за здраво доенче - Не давајте вода, гликоза, вештачко млеко. - Не давајте му цуцла додека не се приспособи на доењето. - Во првите недели од доењето бројот на оброци би требало да биде од 8 до 12 во 24 часа, а дојката да се понуди на првиот знак на глад. - Намалувањето на тежината повеќе од 7 отсто во однос на породилната тежина во првите пет дена укажува на несоодветно хранење. - Единствено доење се препорачува во првите шест месеци од животот, а треба да се продолжи барем до 12 месеци. - Во првите 6 месеци на исклучително доење не додавајте вода, чај, сокови или „засилување" на исхраната со други додатоци бидејќи тоа го истиснува мајчиното млеко и неговите заштитни ефекти. Има и др., ама да не зафаќам премногу простор...
Ова веќе кажан аргумент ама ќе го повторам. Не може да се водиме според тоа што било порано и сега. Како комшијата. Мајка му го рѓала во штала со сено. Епа што не ја пушти жена му да раѓа во штала. Порано работите биле поинакви. Многу работи што ние ги знаеме денес не ги знаеле нашите мајки. И денес имаш огромен избор за бебешки производи, не мора одма на кравјо млеко. И да не заборавиме дека составот на многу производи е сменет, дури и на овошјето и зеленчукот. А за тоа што викаш во болница им даваат шеќерова вода, тоа е глукоза и им даваат затоа што само тоа им е потребно додека не добие мајката млеко. Иако не би нарекла некоја немајка се согласувам со Ангел. Денес полено е да му се тутнат смоките на бебето па нека ги шмука отколку да се помачиме да му направиме нешто што е здраво и добро за него. И многу мајки го прават тоа.
Кај дете кое е на доење не се бројат подои. Бебе цица колку сака и кога сака. Ниту пак се мери времето колку цица. Секое бебе и мајка се различни. Ете едно правило паѓа во вода. И аман веќе со тоа порано какви биле порано работите. Факт е дека повеќе работи се прифатени поради помодарство отколку што се корисни, па затоа како што бабините девитини се прифаќаат со резерва, така треба и овие. Мене ми боде во очи изразот „немајка“. Апсолутно нема право некој никому да именува така, па макар и смоки да му даде на своето дете. На крајот кој грев и ако му даде смоки. Секоја мајка си го гледа детето како што сака. И јас не давам шеќерова вода и ред други работи, ама не напаѓам и не осудувам ако некого тоа го прави.
Кај дете што се дои и те како се бројат подои, навистина не ми е јасна небулозава . А и времето на цицање е МНОГУ важно, и тоа ми е потврдено од 3 педијатри, секој од нив ме има прашано -КОЛКУ време цица... А бе убаво е што сакате да мислите дека СЀ знаете, дури и кога врска се нема, ама овде читаат и млади мајки кои можеби ќе поверуваат во било каква нелогичност, да не кажам глупост, а станува збор за здравјето на бебињата. Не терајте инает колку да се докажете, ова не е тема за тоа, последиците може да бидат сериозни.