Моево е скоро 40 дена старо и има големо пликче после секој подој, ништо страшно ми кажаа, ќе се изгуби
@FreeMind I feel you Менувањето пелени е ептен напорно и кај моево, еве веќе 2 и кусур месеци како се превртува цело време додека го пресоблекувам, па јас или татко му жива вода се правиме за време на тој процес. И јас сум уште со туфери! Ќе видиш откако ќе почнеш со каши, нема да кака толку често, па полесно е. Одамна не ја користам масата за пресоблекување, на спална ставам Слипи подлога, спремам мокри туфери, памперсот и го ставам него на крај на креветот. Се да ми е спремно претходно оти нема шанси да го оставам сам пошто се врти нон стоп. Нормално, добивам нозе во врат, во лице цело време.
@cinderella5 не се грижи. 4 недели сме и исто шо го опишуваш го имаме и ние. Без гајле, грчеви се. Сега ќе поплачи, ама капки и ставам јас. И по пола саат делуваат, се смирува и ја заспивам. Имаш разни видов капки за грчеви, разни фирми. Сега прашање ми е Дали е во ред секој ден да и давам капки, по 2 пати сабајле вечер?? Еве веќе неколку дена така и давам. Баш си помислив да не има штета секој ден да се даваат. ЗНАЕ НЕКОЈА?
Перниче никако доле, рлаксаторот си е направен како што треба положба да имаат бебињата. Едино, на 45° да е и тоа е тоа, не ти треба ни подлоги ни пелени ни перниче. Нека спие ако и е убаво ама гледај да не е долго во релаксатор.
Јас колку што знам не е. Нас пед ни рече три пати дневно да и давам кога имавме грчеви, ама јас само по 2 пати давав , сегс веќе по еднаш на поручек. Нас recol многу ни помогнаа
По цел ден кака еве 6 месеци. Може со дохрана ќе се регулира али дотогаш како Мате Парло сум по цел ден. Ставив се до кревет и цел ден тоа правам. Мава како будала. Се врти, гребе, се крева како на натпревар да е некој. Само 40 мин денес преспа да не пропушти нешто.
Еспумисан му давав 3 пати по 25 капки секој ден и пулс Биогаја по 5 секој ден. После 3 месеци ги снема грчевите, давај му. На еспумисам пиши после секој подој
Јас се препородив откако престанав да давам се'. Не му давам ништо, само јас пијам пробиотик. Има некои денови околу половина час, некои не. Имав страшна 24ка со биогаја, со плачње, викање, тресење, со се'. Сега обавезно да ждригне после подој и тоа два пати и мирни сме. Спиел, не спиел мора да ждригне. А јадам се', салати, риба, печурки... Месо, кромид, лук...
Јас на земја ја пресоблакам. Бар не може да ми падне. И така си се бркаме едно 15 минити. Она бега, соблака, јас одам по неа и облекувам. Денес пробав со гаќи, ама не е нешш мн полесно. Ак сега лето нема мн за облекување, ама на зима.
Не чека доста интересна зима. Нека почне да седи и ќе ја седнувам и на нокшир. Иако не и е развиен осетот сепак ќе пробувам да ја учам. Нерви искинав со пелениве од кога е родена. И црвен газ вечито.
Kај мене спас беше кога почнуваа да стојат. Во бањата, стоејќи, да се држи на кадата, јас така бришев со топла вода од судопер. Со пелените тешко подобро да биде, да не речам ама скоро сите се така и ќе си тераат така. Пробај да и дадеш нешто да држи во рака, да се фокусира на тоа.
Моево бебе се заигрува/ше со пакетче влажни дека шушка и така мењаме пелена да е мирна. А многу е полесно за замивање од кога стои, посебно сега летно време.
ок ок ќе го тргнам,мислев дупката да ја пополнам, незнаев дека е добра положбата,уствари положбата е ко у транспортер некако....фала ти!
Пуштате детски песни македонски на 3 месечна возраст?? маж ми прееска им пушташе на цел глас,му викам мозочето не им поднесува толку гласно а и не разбираат ништо...а што е за право еднава одма заспа на песните убаво и дојде, другата и така и така хахаха а цртани од кога???
@Someday @lackygirl Фала женски ќе давам и понатаму. А што мислите со чајче да почнам? Нане или ким.. Или мало е?
Мојата само во релакс заспиваше до 5м преку ден да не е подолго од 2ч не исправено. Јас одма пуштав песни и и пеев, кај 4м појави желба да гледа и прати во тв, но ограничено по 15мин на ден.
Од негде втор месец почна со внимание да гледа цртани. Песнички не сака. Иначе за бебе до 1 година препорачано време за цртани и тв е 0 минути на ден. Кај мене без Кокомелон не мине ден. Ги обожава начисто. Цртаните се пасивно користење на мозокот односно бебето/детето џабе гледа не учи ништо. Чисто за јазикот да го слуша се добри.