И јас го водам кај Маја во Систина. Мојата количка има каиши плус така да нема да ми се лизга но сепак ке почекам да видам што ќе ми каже таа на контрола. Со главата накај тебе до 3 ти месец после може со главата напред за да гледа. Од втор месец можеш да го ставаш по пола саат максимум ама дали бебо ќе сака ќе видиш, моето не сакаше баш па тогаш интензивно си беше во количка. Откако го ставив да гледа напред многу сака. Во кенгур смее максимум 2 часа. Ова препорака од ортопед ми е. Кај мене на ТВ нон стоп оди музика ама VH1. Oд раѓање пуштам музика за да има галама и многу сака музика. Кога му беа најинтезивни грчевите во вториот месец само со музика и тоа на појак тон се смируваше. Нормално јас го држев во раце и си играв со него а тој уживаше мочко И ден денеска кога кенка пуштам музика на повисок тон и тој се смирува. Тетка ми свири на клавир и има клавир дома и кога и одам ја малтретирам да му свири,а тој ужива. Најак муабет од бабите беше ,,овој ќе биде музикант,, Не дека потценувам професии ама бебчо ужива на музика само затоа што од прв негов ден слуша музика и увото му е навикнато на таа ,,галама,, и општо познато е дека музиката смирува. Можеби ако пуштам Цеца ќе ми прозбори ,,мамо дај виски,,
@Makedonka007 мене ми препорача педијатар дс давам по малку превриена водичка или чајче, ама не сакаше па не и давам, само на цицање сме. @Emma2 песнички и пуштам од 2 м полни и пред тоа ама не им обраќаше внимание. Сега гледам две посебно и се свиѓаат пошто изразува радост кога ги пуштам, прета, вика по нејзино се смее. Нема ден без песнички да ни пројде, а имаме и една за спиење.
Супер,почнувам и јас да им пуштам...они до сеа беа на оние од youtube Mozart for babies, ама искрено збрлавев неможам веќе да слушам па сакав да им сменам... а тие ги обожаваат,си заспиваат..само мама ќе се швркне
Нешто да сменам женче, поцркавам по цел ден едно те исто, Mozart for babes...ако не сменам секојдневие ќе скренам
Јас ова и го пуштам и и пејам со мојот гаврански глас и играм со рачињата нејзини и ноженцата. Излегува и дека ја вежбам успат, а она среќна пресреќна мислиш јајце ќе снесе душа моја.
@Emma2 јас пуштам песнички уште пред да направи два месеци ама не го интересираа, но штом направи два месеци почна со многу внимание да ги следи, и веќе си има и омилени. Му ги ги пуштам анимираните од IDj kids. Кога треба да сработам нешто му пуштам, го ставам во релаксатор и бркам работа.
Кога моево незаинтересирано бебенце почна да покажува интерес за кокомелон да ги гледа,под мустак да се смее кога ке ја слушне најавната со тоа и да искористиме 20 мин да седи во релаксатор а јас среќна да го гледам значи има нештоооо плус ги учам точно песните до збор. А и релаксаторот нема да го продадам . Сега дека не е во ред пред тв не е знам,но барем 20 мин не вришти. И он да одмори и јас.
. Само 20 мин.? оф бре душа си и ти Ќе го пробам и твоево, дај шта даш ќе биде Ќе пишам каков ефект има
Леле ова колку е страшно бебе, Емили плаче штом го виде Ова не го сметам за нормално да го гледа малата, на типкава кој и рекол дека е забавна не знам: Овие @Emma2 : После верувај ќе го бараш бетовен назад Главата оток ми е во сон ги слушам ритмовиве. Наутро имам многу обврски така да во дневниот распоред цртаните се наутро и потоа за второто кафе на пладне. Исто за да тргнам цицка систем заспивање ми помагаат многу со нив заспива. Како немајка вака можам и цеца да и закачам жуто пиле или како и да беше. Ама затоа ќе почека да и ја претставам мама со ракијата Пред шест месеци ова време ме изнесуваа од породилна сала без бебе. Тортата е порачана повелете по едно парче да одбележиме на кругло шест месеци мама
Мене ми рекоа воопшто да не и пуштам цртани ни по 5 минути на ден. Не дека и со 15 мин ќе и било нешш, но сега била мала и ако не и пуштам нема да има проблем, но во иднина кога ќе зазнае ќе бара сама се повеќе и повеќе и проблемот настанувал така. Цртаните влијаеле на поспоро прозборување, на исклучување од реалноста, изолација, па дури и се поврзуваат со некои аутистични однесувања. Пу пу скраја да е. Но јас сепак кога не ми проаѓа некое јадење знам да пуштам кокомелон само за да изеде некоја лажичка. Ама не ја анимираат многу долго. Има омилени 1 до 2, нив ги подгледнува и после кога се менува нова песничка и толку. Вака кога ве читам дека вашите толку се унесуваат, па може дури и да си работите низ дома ви завидувам. Е оваа мн си се заигрува и тоа најчесто не со играчки туку со капачиња, шишиња, книжиња, амбалажа и сл глупости. Ама ако не седам до неа да ја гледам плачи и не си игра. До кај 7 м пак можев да ја подоставам, сега не бре бате. Само што излезм од соба веднаш по мене иди, а ако и затворам врата се потпира на неа и плачи на цел глас со солзи и се треси цела. Дали мисли дека ја оставам нз, па со неа и во вц одам. Од први тргнувам по 4 часа на работа, па нз како ќе поминеме. Најново и врати отвара ако се само потурнати, не скроз затворени, а намерно така ги оставав за да ја слушам. Почнува да брмчи и го стартува моторчето со лазење.
Ама исечија тортата на пола и дувајте свеќичка дека нели пола годинка пола торта Често гледам такви слики. Среќни 6 месеци,како си растат дур трепнеш во диско ќе почнат да одат
Туѓи деца брзо растат а додека го испилкаш своето ќе си остариш побрзо и нервите ќе ти се истенчат среќно Јас не пуштам цртани уште имам трауми од првото кога беше борба меѓу него и татко му - едниот сака вести а другиот цртани и нормално јас во мисија ,,мировни сили,, пуштав музика или гасев ТВ. Туку многу ми паѓа косата, знам дека е нормално и се тоа, туку да не има некоја нова измишљотина сега за витамини и минерали додека си леунка (доиш бебе) ?!
А па мислиш они се загледуваат? Не бе маци ако нешто им прошара па да ѕирнат,иначе гледање после 8-9 месеци мислам се загледуваат ,да разбираат уште подоцна, мали се нашиве 3 месечни музиката им привлекува внимание дефинитивно. Сакаат музика. А тоа аутизам од цртани гледање не верувам , скраја да е. А јас многу гледав цртани ептен осовено кај 5-6 години тие дизниевите на касети. Сега се и свашта има на youtube глупости еден куп. Јас само за музика пуштам,и до детето си е или го интересираат или не. Али кога гледам на годинка две,особено машки дечиња што се глупости гледаатама не се они криви,ние сме. Тупни телефон мама раат да седи,не бива... @FreeMind да се множааат @slavica999 сега се миев,туфи коса ми пајѓаат. Чекам да препорачаат шампонче нешто,што било да земам. А таман ми се оправи косата во бременост сега пак
Na liceto, obrabcinjata i se pojavija bruncinja kako gnojnicki... crveni i nekoi imaat belko vo sredina nekoi se samo crveni. Od sto moze da e? Dali sami ke se povlecat ili da prevzemam nes?
Токму така. Не се препорачува гледање тв, цртани и чепкање електронски уреди поради влијание на забавен говор. Детето треба да е со играчки и надвор на воздух со игри, од причина што влече негативен развој и особини за иднина. За аутизам како доаѓа немам читано не знам дали е поврзан. Од друга страна препораките за бебе од 3+ се слушање ритмични песни како овие на кокомелон за развој на делот на мозок за зборување. Во делот на јазици од 0 до 3 се создава база за јазици во мозокот на детето. Колку повеќе слуша странски јазик толку полесно ќе му биде подоцна да го научи. Најдобро е да му пееш и читаш на странски јазик. Тоа се препораките. И нон стоп да му зборуваш. И кај мене не сака сама да си игра. А тоа сакав да и го наметнам од почеток, да се заигрува сама. За подоцна ќе биде потешко. Но приметив дека ако и стојам позади грб фактички да не ме гледа она знае и сама да си игра. Едноставно кога ме гледа е таква кемкава и сака се да и подадам. Штом се тргнам на страна почнува се сама да прави. И топка и стана прва ствар за игра. Ја бутка налево надесно, со глава со нога. А мене животна желба ми е да биде ракометарка (може било кој спорт потоа). Да не дреме по канцеларии во животот и да се расправа со секакви будали. Ја гледам со медали, мама на трибина закачена урла вика, се фрла на терен, се прпелка од радост. И се изнафалив како еве сега се почетоците на нејзината кариера. Пусти комплекси Обавезно на пола. Ќе пуштам некоја фотка. Фала ти. Брзо мине ептен вие веќе и на работа почнувате. Па ќе се префрлиме на родендени славење
Од жешкото се прават такви брунчиња, ќе се повлечат сами, туширај почесто и нека биде лесно облечено. @FreeMind со среќа пола годишнина со бебче Да ви се множат! Ме зачуди за тоа дека требало странски песни да му се пуштаат, мене педијатрите стрикно ми велат само македонски ништо друго. Штета што немаме добри песни на македонски едино Биби е така интересна.
Користам еден божем со Б комплекс витамини ама нешто аир и не гледам толку. За странска музика знам и јас и затоа само VH1 канал се слуша на ТВ. Потоа треба многу да се внимава кога ќе почне фазата за читање на книги на мак.јазик за да се збогатува речникот стекнуваат навики за читање. Јас со првото не обрнував многу внимание т.е не бев толку упорна за да мак. книги му ги наметнам да го заинтересираат и затоа сега си имам проблем. Поголем му е речникот на англиски и чита англ. литература а мак. чита од зорт. Често го кажува зборот на англиски и ми бара превод на мак.