Да направам една ретроспектива додека спие малата на овие шест месеци и да се одјавам од темава како што е ред. Атеншн долг текст. Спојлер После бременоста од 41 недела и чинот на раѓање гледањето бебе ми се виде полесно. Стојам сеуште на истиот став дека нема потешко од бременост. Ниту стомак ми недостига ниту гадење. Ништо од тоа, немам никакви позитивни емоции кога се навраќам наназад со мислите. Среќа се заврши добро и го добив најслаткото девојче на светот. Породувањето не се заборава. Не се забораваат контракциите, возбудата дека ете стварно се дешава, апаратот од лево, најмилата бабица на свет, докторката, шефицата на болница, брзата помош, двете минути со малата, сликите од подвижниот инкубатор, стравот во очите на медицинскиот персонал, заминувањето на малата и останувањето сама во болница без бебе. Немоќта да се стане од кревет, топките крв кои паѓаа, хормонскиот дисбаланс кој придонесува за тотален емоционален крах. 48 часа останав сама без неа. Се трудев да станам од првите 10 саати али неуспешно. Мокрев со катетар, по голема не можев да одам, а не ме пуштаа додека не се излеснам. Со влечење по кревет и ѕид после 24 часа успеав да отидам до тоалет. Апетит немав никаков бев во бездна со емоции, тотално празна. Знам дека имам бебе али немам чувства бидејќи не го гледам. Знам дека морам да ја видам и мора да е добро. Влегувам во болницата во која е сместена, вратата се отвара со пропусница на неа пишува интензивен дел за предвремено родени бебиња. Влегувам во собата во која е сместена нога позади нога. Застанувам на металното креветче и сликата ме руши. Над главата листот со нејзиното име означува дека тоа е мојата ќерка. Сите тие кабли приклучени на машина тргнуваат од нејзината глава. Се вртам да добијам охрабрувачки поглед дека е добро. Она спие сосем мирно. Ја гледам и не ја познавам. Има темен тен и црна косичка. Персоналот ме прашува дали сакам да ја дојам. Секако, извикав. Ме седнаа на столица до неа, перница за доење и ја добив во раце. Прв пат држам бебе во раце, а се чувствувам како експерт со неа. Ја ставија на града и она силно повлече. Мојот крик од чинот наиде на општа смеа бидејќи тоа било знак дека нагонот за цицање и е развиен. Со денови и ноќе седев до неа после доење и ја гледав. Спиев на различен спрат и ме будеа телефонски кога ќе се разбуди. Учев да ја повивам и пресоблекувам, како да ја држам и масирам. Кога и да влезев на интензивна само она плачеше гласно. Гладна е велеа. До денес плаче само гладна. Ја напуштивме болницата после 7 дена. Свечено соочување со реалноста. Бебе облечено во помал број облека, свиткани нозе, транспортер во кој она плива и се витка неправилно, милијарда ствари во рака и торбици, она плаче надвор снег до колена. Колата паркирана на некои си 5 минути пеш. Станот на 5 минути од болница. Најдолгите 5 минути. Дома циркусот започнува. Не е исто како во болница. Бебе плаче и се грчи. Од антибиотикот и се раздразни цревната флора грчевите беа неминовни. Првата вечер ја гледавме дали дише и зошто така дише. Она плаче али тоа не е плачење. Како некој језив тон на кемкање одзвонува во собата. Страв и очај. Хормоните ме лупаат од ѕид. Цел свет ми е крив. Неспиена со месеци и толкава одговорност на грб, губев тло под нозе. Првиот месец беше најтежок. Испитување на емоции, взаемно обвинување кој е крив за што, кој побогу ме натера дете да раѓам кога не ме бива. Неразбирање на ситуацијата, тешки зборови, себичност, кавги, викање, плачења. Он оди на работа треба да спие. Ти не мора. Не работиш. Везеш гублен. Останати тековни проблеми: - хрчење на нос, затнат нос се чисти со аспиратор и солени капки по една во ноздра. - млеко имаш секогаш не купувај ад - плаче оти е претоплена - не сака да се облекува во топла просторија - има грчеви ништо не помага период е ќе помине, само топол термофор на стомак - језиво кемкање без прекин е нормална ствар - брунчиња на фаца - се чисти ќе помине - црвенило на града како реакција од цицање, затнати канали, прегледи на матка и вежби за матка - чинии расфрлани, главен оброк леб и заби, коса чупава, подочњак до колена, рапава кожа, безволност, потење како твор,течат двете гради секси добива ново значење. - температура од вакцина е нормална ствар чепче за газ - пелените се тие нема нови да измислат за тебе - протекува од страна и настинува проверувај ја ноќе додека спие - сонцето и ги црвенее очите - прошетки надвор од прв ден со се плачење со се клатење во корпа облечена како за на антартикт - сите те советуваат кој стаса тој за се - баш твоето бебе плаче другите не нели - честитки од сите страни, ти глава не можеш да држиш, а не на тел да збориш да да фала исто и тебе аха да знам така така ќе биде да да - сите сакаат да ја видат малата, после две секунди ти го ставаат нивното секојдневие на маса и нивните проблеми ти со полуотворени очи се прашуваш дали е ова реално или халуцинираш - мајка ти е најголема помош и права свекрва во исто време - на никој не му е гајле за бебето освен на тесна фамилија факт кој ќе те разочара - се гребеш на нокти да се поткренеш малку од емотивниот колапс и да се ишишаш оти личиш на був. И смрдиш. Да драга моја ти смрдиш. А он си прска парфем пред работа и така скоцкан, среден и насмеан ти вели имај убав ден. Ја криеш пилата зад врата за кога ќе се врати да го пречекаш со "ручек". Минат 40 дена полни со акција и реакција. Бебето почнува да те гледа додека цица. Срцепарателен поглед кој те топи, едноставно сфаќаш дека тие мали очиња ти се живот. Оно те гледа во очи ти плачеш. Плачеш од убавина, види што создаде. Тоа мало душиче те има само тебе во тој момент, не знае каде е, го бара звукот на правосмукалката за да биде сигурно дека е на безбедно. Сфаќаш дека бара утеха во тебе, бара љубов не го познава овој свет се му е ново. И токму тогаш сфаќаш што значи да си мајка. Херојски ја земаш во раце и и го покажуваш светот: Да мама, јас секогаш ќе бидам покрај тебе. Види ова е светот малечка, да малечка добро дојде. Малите раце ти го допираат образот, милион емоции. Како прав фотограф влегуваш во филмот сега ќе ја покажам убавината. Милијарда фотографии не ден. Еј се насмевна види. Оние кои до вчера те смараа на фб дека бебето им прднало и албум од 67 фотографии веќе не ти се толку смешни. Одбираш три најдраги од купот од 1000 слики и ја публикуваш. Посилно е од тебе. После месец дена се совладуваш и си велиш заеби не им досаѓај на луѓето со бејби фотос. Најди си форум и таму пукај се. Таму збори си за се што никаде на друго место не можеш да кажеш. И би така. Малата почнува да ја држи главата, да се смее, да лежи на стомак. Контрола позади контрола ти укажува дека е добра и расте. Машала мама машала. почнува да те шамари и да те клоца во фаца. Еј еј полека полека мама нот фани ет ол. Спиење станува научна фантастика. Спиеш само на празници. Бес те надвладува, но се контролираш да не испцуеш. Ти иде да цркаш, викаш и да плачеш на глас. Хроничен умор. Ја гледаш и сакаш да ја префрлиш во друга соба за да одспиеш и ја земаш во рака: малечка ајде да си играме. Продолжува денот. Ден по ден одбележуваш месеци, настани, движења, гласови, новитети. Полека полека домашната атмосфера се враќа. Старата добра како ли живеевме без ова мало човече ти е потполно јасна. Гордно крената во раце со дупли бакнежи и се заблагодаруваш што е тука. Ќе биде уште подобро. Оди малечка во следните шест бебешки месеци одбројувај, а мама ќе запишува како беше најубавиот дел од животот, животот со тебе.
Го прочитав во еден здив. И многу сакав да има уште за читање. Чудни емоции ме совладаа. И солза пуштив и неколку насмевки ми изнуди постов. Нека ти е жива и здрава Емили, голема да расте и гордост да ви биде
Кај мене македонскиот јазик ќе и биде странски јазик. Мајчин јазик ќе и е германски. Во градинка почнува на година и еден месец така да очекувам мешано да прозбори. Англискиот секако е успат со песни и книги. Тој само да го слушне да го препознава мозокот. Далеку од она дека ќе го научи и тој јазик. Тој во школо кога ќе дојде време ќе си го учи.
Golema da raste Emili, @FreeMind. Procitav cel tekst i se pronajdov mnogu vo del so bolnica, strav, inkubator, bol..ma se. Samo majki znat toi bol i imat taa snaga da pominat kroz se. Prviot mesec koga dojdovme doma (dvajcata mi bea mesec dena vo bolnica) i jas se custvuvav kako tebe. Celo vreme prasanje vo glavata, dobra li sum majka ili ovo ednostavno ne e za mene. Placat tie, placam i jas. Ok i sega na 8 i pol meseci nekogas taka se custvuvam, ama nem vrska Za jazicite ne mislam deka morat da slusat eden. Maz i jas zboruvame svako svoj jazik. Slicni se, ama i ne se. Pesnicki na makedonski ne mozam da najdam na youtube (moze neki predlog?), pa slusamo na srpski i obozavat gi. Slusame od 2-3 meseci non stop i imat omileni. Crtani ne gledame, bidejki ne gi zanima mnogo.
@FreeMind алал да ти е за текстот, верувам дека секоја од нас ќе се пронајде во него Ме наежи и ме потсети на тешкиот почеток, на адаптацијата, на долгите ноќи без сон, на милион прашања без одговори... Да си жива и здрава и ти, и твојата Емили
@FreeMind баш ме врати назад, на почетокот, на неспиените ноќи уште од бременоста...таму назад...тоа не ми фали и мене многу убаво напишано, ме расплака, синко во раце ми спие ме надвладаа емоциите (плус си имаме др мака во фамилијата, татко ми не е добар....баш ме расплака) Нека е жива и здрава Емили, дс ве радува цел живот
До 3м траеа грчевите ама јас се пазев до скоро 6ипол месеци сме, за грав, зелка, другото почнав од 4м.Можиш да пробаш ако нема реакција, јади си се.
@happygirl ти имаше најдобри описи на првиот месец. Еднаш пиша “ толку плачеше што ни дојде да го фрлиме од тераса”. Баш такво е чувството првиот месец не знаеш што е ден, а што е ноќ. Јас бремена до заби си викав ваљда нема да го фрлам за озбилно @lackygirl се надевам ќе се накрене татко, му посакувам брзо да оздрави за да го шета малиот долги години! @BabyT* само ние знаеме токму така. И никој друг не знае што ни се дешава
Среќна пола година @FreeMind , да си растете без проблем, чекај не во другата тема да ни делиш совети за тоа што следи. Со текстот ме остави без зборови, се наежив колку е се точно и колку мајчинството е најтешката и воедно најубавата работа. Неможев да замислам како може да си претепан од умор, да не можеш веќе да стоеш а сепак да бидеш исполнет со љубов и полно срце кога ќе го видеш тоа човече до тебе. Не очекуваат уште безброј предизвици а ние сме тука да се бодриме и да си даваме поддршка дека не сме сами низ овој маратон. Овие два дена малата ми ги тренира рацете и грбот. Само така заспива и тоа со нишкање по саат време некогаш. Многу тешко заспива . Останувам без сила, се менуваме со сопругот но преку ден сум сама. Плус почна по 10-15 минити да се занимава со нешто и потоа бара да сум до неа, да ме има на видик. Едвај до тоалет одам, се на трчање. И потоа следи другиот момент, и се доближувам и почнувам да и пеам и за прв пат ми ги подаде рачињата и насмеана ме погали по лицето, се стопив
@FreeMind И мене ме стопи ја пиша реалноста на една мајка Разликата кога бевме трудни и сега е што тогаш неможев да те поднесам а сега Се надевам дека еден ден ќе ги упознаеме лепотицата и лепотанот
Тешка си на топење ми требаат 234 реченици за да те убедам дека сум фина (понекогаш). Ќе биде и тој ден @paleska3 не ја успивајте зголемила саатница не и се спие. Остави ја додека не и паднат очите за спиење, ќе видиш успева.
@FreeMind баш така, многу тешко ми беше првиот месец, не знаев кај терам. Ни ден ни ноќ гледав. Бебо се мачеше да фати да цица, и јас со него да се научам да го дојам. Најтешко е на почетокот. Затоа е многу важно да имаме помош и поддршка од партнерите. Мене само тоа ме одржа ми се чини. После не дека е помалку напорно, ама се навикнува организмот да функционира со помалку сон, прифаќаш дека си 100% одговорна за тоа мало бебе, и дека зависи од тебе во секоја смисла. Си прави некој ред бебето, и ти се привикнуваш и тераш. И така минуваат деновите Еве јас за месец дена треба да тргнам на работа, а ко вчера да беше кога се породив, така ми се чини. Ама тоа сега така мислам, првите 3 месеци дека зима ладна, затворени бевме само дома со бебо, мислев времето стои.
До пред два дена на секој 2 саати ми бараше млеко(1 недела вкупно беше тоа) , сега па несака да го пие. Или ќе испие пола, па уште пола за половина саат. Ако не го побара за пола саат го фрлам. И така си тераме. Не ми спие баш баш. Тоа се е овие 2-3 дена. Е сега чаре? Или период ќе помине.
Истово кај нас се случува. До пред два дена цицаше на секој саат, сега не сака толку често, а и кога цица тоа го прави многу незаинтересирано, се трга и се молиме цело време. Мене секако ми одговара и го чекав ова. Инаку сега во 11-12 недела има трет скок а според него ќе има и намален апетит па може тоа е.
Денес беба какаше 5 пати, од неделата до денес 3-4 пати дневно сигурно, давам био гаја редовно а од неделата почнав со колеиф капки за грчеви, можно е да е од капките? Многу ми е чудно зашто и предходно и давав колеиф и какаше едвај еднаш во ден, правев пауза од капките неколку дена за да видам дали сеуште ке има грчеви , и од неделата пак давам. Грчеви нема откако и давам ама ова со какањево ми е чудно, искуство некој? Инаку бебе е само на ад, не се доиме.