Сакам да ве почастам тука по еден огромен сладолед славиме конечно подобрување на стомачето. цела недела нема мака каква што имавме Мислам дека доволни беа 3 полни месеци грчеви,жал ми е кога ке ми текне какви се епизоди не видовме но ете со време намалуваа. Што се не купив,пробав од капки до термофори џабе само од себе треба да си поминат. Дури и домат со лушпа јадев. Единствено што си прди не толку често,и тоа гласно Сега сме во нов скок спрема wonder weeks 3ти и сега гласот го вежбаме,пискаме и така забавата започува. И сака малку повејке да се вози во транспортер. Единствено што не знам дали е од топлово или од скокот е што ми се трга многу на сред цицање трга трга пушта ке писка па па ке фати... релативно кратко цица
Мислам дека бебе од 4 дена е премало за да си го крева главчето, кога ќе одиш на редовна контрола спомни на докторот нека го прегледа и ако се сомнева ќе ве прати на физијатар за подетален преглед, не е страшно и ако има појачан тонус се средува со вежби, не читај по нет само зошто живот ќе си скратиш
Охооо блазе тебе мајка, уживајте сега. Имаше редовни столици бебе и многу прдеше кога имаше грчеви? И во одредено време ви беа? Бебе од вчера се изнакака и на некое време му доаѓа да прдне и има серија прднувања, некогаш и кака и после се смирува. А цревата жу кркорат нон стоп. Некогаш од прдешката само како жолто има на памперсот, а не е какан. Незнам како да му помогнам цел се грчи, жал ми е многу.. Инаку и мене ми се тргаше и му дував во лице и по тело додека цицка и си цицка убаво, до топлото било. Пробај кај тебе дали ќе успее.
Еве и кај нас најново цица и одеднаш се трга од града и плаче и не се доцицува, ма да ја оваа ситуација ја препуштам на грчевите, 2 месеца сме
Мајка се ова што пишуваш е карактеристично за грчеви... се ова имавме само одреден период не,затоа што мислам дека цело време се мачеше. И тоа од памперсот како кака што е како да не е избришан и тоа е од многу гасови и грчеви така како да се подкакнува... ова се имавме. Само време и кревај ноџиња кога ке почне да јача. Со коленцата орема стомаче додека да прдне. Бар му олеснуваше на моево
@Happyinlove доаѓаат подобри денови, сега ќе сака повеќе да си игра, грчевите се многу тежок период но сега се зад вас. Ајде заедно да се почастиме Јас сум некако сентиментална периодов, минатата година овој период дознав дека сум бремена и кога правам ретроспектива колку ми се промени животот ме совладуваат емоции . Посебно затоа што бебушка почна да покажува љубов, се смее и радува кога ќе ме виде .
И мојата на околу 2 месеца спиеше по 7-8 часа. На 15 недели спиеше по 12 часа, од 9 вечер до 9 сабајле. Ич да не му се секираш, биди среќна што спие.
Мајка честитки! И јас одвај чекам да ме гледа со милите очиња и да ми се смешка. А да не збораме за гушкање и љубов покажување. Уживајте Исти сме и ние, 1 месец сме. Значи сосема нормално да знаеш. Мојата сабајле околу 9 10ч ја фаќаат грчеви и и давам капки. Исто и навечер 8 9 часот пак ја фаќаат и тогаш и давам. Отприлика по 1 час и се смируваат. За храна внимавам ама мислам и баш нема некоја врска. Период е кој треба да се помини. Некои бебиња имаат повеќе некои помалку. Мојата е лакома ептен.. Некогаш цица и воздух заборава да земи од шо е навлезена во цицање. Кога е добра си цица и е мирна, а кога почнуваат грчеви- ќе цица, па ќе плачи ќе се трга, ќе мрда и одма познавам. Многу битно е и да ја ждригнуваш и тоа по неколку пати во тек на доење ако цица подолго.
А мамички секој ден ли ви имаат бебчињата грчеви?? То не ми е јасно... Можно е секој ден и то по два пати. Вака до крај на 3ти ќе биди цело време? @cinderella5 следи ги и ти одговорите
Ќе следам, еве јас да ти кажам. Медолино мој нема одредено време кога има грчеви, го фаќаат и додека не прдне или се покака се напнува и грчи цело време, пропратно со тоа се кркорење на цревцата. Денеска 3 пати го фатија, вчера цел ден, а пред тоа само од сабајле имаше. Од искуства на други мајки читам дека еден месец се интензивни, па ќе издржиме. Јас не му давам ништо, почнав со Ваја ама сите ме советуваа дека нема ефект да не му давам ништо и окапав. Многу ми е жал кој се напнува и помодрува, ама пак, многу ми е мил кога ќе се олесни, па му зборам и ми се смешка и гуга по малце. Умирам од радост тогаш, многу си го сакам ова детенце
Мојата грчеви интензивни имаше од 8 ден па до вториот месец. Секој Божји ден од 5 до 8 попладне. Капките помагаа ама пак се осеќаше. После тоа се намалија грчевите трае пократко, ама бебиња се мењаат, 10 дена нема ни г од грчеви и одеднаш некој ден ... абе ти доаѓа од кожа да си излезеш. После 3 месец веќе почна ептен да намалуваат и сега ги нема. Се откачивме и од капки за грчеви и од пробиотик. Мое мислење од мое искуство пробиотик Биогаја и помагаше до 3.5 месеца после тоа повеќе проблеми ми правеше. Откако го откачивме скроз бебето како да ми се препороди. Фала на @TeddyGrey и другите феминки што споделија искуство дека и кај нив проблем бил пробиотикот.
Ние бекутан капки користиме. На почеток првите неколку дена одма делуваа, сега по 1 час делуваат можи и повеќе. Ама се смирува. А и мене ми е ептен жал ко ќе плачи, некогаш веќе готово како да немс глас. Ептен ми е жал, ја ставам на града и уште толку и е лошо ама барем се смирува од плачот. Доктортка ми рече можи секој ден да се даваат капките немало штета.
Дали може да се комбинира јаболко со морков, и дали јаболкото се вари за каша или може несварено да се испасира? #младанеискуснамајка
Можиш јаболче скоро со се одговара. Ако мислиш за пасирање со велушка не би можела пак остануваат големи парчиња, а за во пасатор можиш.
До 2 месеци секој ден имаше,како направи 2 месеци декој втор-трет ден но многу повејќе се мачеше,повејќе плачеше,па точно на 3 месеци почнаа да намалуваат. Давам само провен пробиотик. Предходно се се што се има да се купи и тоа да се потроши не колку да се речи ги пробав,и на храна внимавав и уште внимавам но ете кај моето бебе беа многу долги и трауматично ги доживеав од тоа колку плачеше,се мачеше па ни сон немаше од тоа мрдање,стенкање....
Епа значи тоа е.. Мора Да се помини, ништо друго.. Само жал ми е ептен, како и на секоја мама. Здрави и живи да се, ќе се издржат овие состојби, после ќе доаѓаат други итн...
Добро утро Цела една непроспиена вечер и од мама и од бебе. Имав како некој симптом на цистит. Пред бременоста често фаќав само малце да ми смрзнат нозе. Од синоќа како пак да осетив и ме фати паника. Ми помага само Палин лек. Некој со искуство дали смеам со доење да пијам или страна каде да проверам.
Еве прочитај и самата одлучи дали смееш. Јас не би. http://www.e-lactancia.org/breastfeeding/pipemidic-acid/product/
Гугаат,се смеат,влеговме во 4ти месец Иш грчеви им зборев дур ги лулав за спиење, конечно ги истеравме. Навечер почнаа да врзуваат, и успевам да поспијам саглам Епа ајде да започнеме ново поглавје,она вистинското, поинтересното... Частенка и од мене женски, да преминете и вие набрзо во истово..