Јуле, не знам што те погоди тебе па, ете ти си супер мамичка, ама Елеонора со денови наназад прашува за нејзината јатрва и за тоа што го прави за да му “олесни“ на детето. Веќе ти одговорија, во болница не се дава рафиниран шеќер, се дава глукоза, нешто што ни одблиску не е со шеќерот. Не знам кој ви е проблемот кога некој ќе си го искаже мислењето. Во ред твое мислење е дека грешам, ама јас мислам дека не грешам, дека овде има куп “немајки“ кои даваат и смоки и кока кола, а не па шеќер, епа прости ми ама тоа по ниедни “правила“ не е во ред, да земам сега да им речам на тие мајки ашколсун, убаво сте направиле, да ги потапшам по рамо и да ги посочам на истиот пат? Велиш има мајки кои се учат од интернет, а што е со тие родители кои ќе прочитаам шеќерова вода, како што ја рече ти и ќе му го лупнат шишенцето на детето со шеќерова вода бидејќи никој не рекол на тој интернет дека не треба а? Знаеш колку е проширен детскиот дијабет во последно време? За 60 % И ко што ти рече Лајонес, дете не цица колку сака, ако му дозволиш да цица колку сака на 3 месеци ќе имаш дебело бебе и педијатарот ќе ти го стави на диета, е тек тогаш да видиш како боли душичката да се криеш од бебе по дома за да не те гледа како тетрапак млеко. Имам познаничка која исто како тебе мислеше, нека цица дете колку сака, па на 3 месеци детето и го ставија на диета, мораше да бега за да не ја гледа пошто детето буквално ја гледаше само во гради и со муцето отворено чекаше да и даде да цица, нели бебе цицаше кога сака. Бебињата ништо не прават кога сакаат, туку кога треба, од мало ако не воспоставиш ред го испушти од раце, тогаш ќе имаш бебе кое тебе те има ставено во ред
Само една исправка. Син ми не цица повеќе од 5 минути па првиот месец има напреднато 1450 грама. Ист е и сега активно цица околу 5 минути само на 1 града (уште 5 си игра прави фати пушти и се смее помеѓу фаќањата ). После сме на мерење па ќе пишам колку сме напреднале. Секое бебе си е индивидуално. Јас баш читајќи дека треба да цица 20-30 минути, да цица од двете гради паѓав во депресии дека син ми не напредува зошто не прави ништо од тоа. Син ми пиштеше со затворена уста зошто јас упорно му ја бутав нецицаната града.(Колку беше интересен тогаш, гледајќи од оваа перспектива-тогаш јас плачев заедно со него ) А што се однесува до препукувањата ќе се повторам со другите дека секоја мајка е најдобрата мајка на своето дете. Ангел дај боже да станеш побргу па тогаш ќе правиме муабет за твоите ставови, а не сега. Ќе видиш колку ќе ти се изменат размислувањата.
Ауу, ова воопшто не е точно. Бебе што е само на мајчино млеко НИКАКО не може да биде дебело, ќе бидам лоша ама ќе кажам дека на тој педијатар што ќе стави ексклузивно доено бебе на диета треба да му се земе дипломата. Така е кај нас, мајката уште во родилиште нема професионална поддршка за доење, а потоа и педијатрите уште толку ја деморализираат, не качило првата недела на килажа - оп дохрана, качило повеќе од кило на месец - диета. Среќа што постојат исклучоци.
Маја бебе со 11 килограми на 4 месеци итекако е дебело бебе, тоа е бебе кое цицало на секои пола саат саат, по една голтка ама да цицне, мајката ослабе до непрепознатливост. Ќе се зачудиш ама детето беше на диета, мајката се криеше од него.
Точно е дека во некој болници се дава шекер со водичка на пр снаа ми кога се породи пред 2 години во струмица на бебето му дадоа зашекерена водичка па еве го здраво право. Јас прашав за сега како би било дали сте давале.Немајка не е соодветен збор точно се согласувам. Понекогаш треба да се слушаат тие бабини деветини. Еве и пример зошто. Внук ми кога се роди се разболе арно ама кога го носеа на доктор ништо не му помогна т.с на 2 месечно бебе освен солени капки др не се давало и една мас за градите арно ама излезе дека е алергично на маста и на капките и еве јатрвата бо бабини деветини го измачка со ракија и свинска маст (иако не дозволуват лекарите) и детето оздраве. Плус нели не се давало никаква дохрана и јас сум растена од 6 тиот ден со варен гриз и бискавитка бидејки др не сум ни јадела ни млеко никако. Ама сега не даваат да се дохранува. Некои лекари велат до 4 ипол месеци не дохрана некој велат од 3 нагоре може. Значи кој како знае затоа се советуваме една од друга.
Бебешкава Jана водичка пишува,за 2 дена да биде употребена по отворането? Ваше искуство и совет, дали навистина само 2 дена може да се користи?
Да не ве цитирам поединечно, ќе пробам да одговорам на сите. Како прво во некои болници даваат баш шеќер и вода, постапка што не ја оправдувам, ама даваат, не зборам напразно. Друго, во врска со доењето, исклучиво се држам до советите на докторката од Соба за Доење, на фб, докторка која мислам се занимава исклучиво со доење. Самата докторка тврди дека дете треба да цица кога сака и колку сака, и дека нема дебело дете кое е на мајчино млеко. Баш некни една мајка пиша дека педијатарот и рекол да го стаи детето на диета. Подои се бројоат кога детето не напредува, во тие случаеви, но доколку детето напредува, му се дава да цица кога сака и по колку сака. Син ми цица едвај 5-10 минути, некогаш и на пола саат, а напреднува сосема одлично. И во советувалиште докторката ме советува да му давам да цица секогаш кога ќе посака. Јас незнам како на мало дете ќе му воведеш ред, што ќе му кажеш нема сега цице, сега ќе спиеш. Малите бебиња менуваат од ден на ден, еве син ми не спие по цела вечер, жива ненаспна сум, уморна, ама како да го сменам тоа. Сигурно јас не му го воведов тој ред. Јас неширам неболози, и на мене ми се крева косата некогаш од некои прашања, колку пати почнував да пишувам и бришам, но никого неможам да наречам немајка. Ете затоа изрегирав Ангел. Секој има право да си го гледа детето како што сака и знае. А елеонора, секакви совети ќе слушнеш, ама се знае на бебе што му треба. Млеко, мајчино или АД, се до 6 месеци, друго не давајте. А тоа со ракија и јас мачкав кога настина, ама тоа не е бабина деветина, тоа и лекар ќе ти го препорача. Исто и со винскиот оцет, со сода се чисти устата. Тоа да, ама гриз, ориз, мајка си, па сама одлучи. Сноу, не цица малиот?
Прашав јас за совет иако јас не би му дала на моето без дозвола на лекар. Ама па во денешницава сите различно кажуваат едни лекари велат дајте му слободно на 3 ипол месеци каша едни велат никако до 4 ипол месеци епа сеа видете сами како ви одговара. А за ракијата нам ни рече матичната дека е прејака за бебе ракијата ама ние пак мачкаме стално.Кашички не ама сок од јаболка по 50 гр даваме бидејки не кака редовно на 50 Ч еднаш. Еве и за какњето многу совети се изнакажаа ама не ни помогнаа внук ми пак не кака редовно еднаш во 50 саати и тоа едвај. А матичната вели не е нормално тоа. Плус да прашам уште нешто од што може да не јаде бебето нема колци ниту плесни а наместо по 150 мл според возраста да изеде јаде по 90 до 120 мл преку сила за 20 дена 300 гр качило и било многу малку . Не напредува.
Ангел, ме испровоцира да пишам иако обично не се мешам таму каде што не ми е местото, ама... Еден совет до тебе: прво скокни, па речи оп. Како бе се осмелуваш дури и да помислиш, а камо ли вака јавно некого да оквалификуваш како немајка не ми е јасно, навистина. Да не збориме дека немаш никакво лично искуство во одгледувањето на бебиња, ама дури и да имаш пак немаш право да даваш такви квалификации. Секое бебе е приказна за себе. Дај боже, дочекај твое дете, па после зборувај тука дали исклучиво според правила и книги ќе го одгледуваш. Аман
Мајка Немајка што знам, според мене секоја Мајка е најдобра за своето дете . И Таа што ке го дои детето до 06 месеци , и Таа што на 10 дена ќе праша дали да даде Битолско млеко Според мене најлесно е да станеш мајка, да родиш дете . Да го одгледаш, да го пораснеш , е тоа е веќе друго. Јас секојдневно гледам/читам Мајки со некои чудни ставови за мене несватливи ама неможам на ниедна да и го дадам прекарот на Немајка . Дај боже секоја од вас еден ден да стане мајка , да се стекнете со една одговорност Плус . Не е само на еден ден , недела него за цел живот. Додека се мали бебиња , цицалчиња лесно е ... кога ке пораснат кога ке почнат да разбираат ... е тек тогаш е голема работа , да знаете да се носите со таа обврска на Мајка. Тоа дете бара воспитување , и не е само на еден ден ... Јас моето дете го одгледав , пораснав по мое . Фала му на бога , здраво право , воспитано. Од март почнува во градинка . Ке видиме со какви се деца ке дојде во контакт. Надвор сликата е една , гледам родители тотално незаинтерсирани. дали нивното дете , трча , мава по други деца . Додека моето се разбира со еден збор, некое и песна да му испееш џабе е .. Треба тоа повеќе да ве плаши . Kакви деца на пат ке истерате . Детето учи од родителите , слика е на Нив . И така ај да не одолговлекувам... Поздрав и секое добро
флашираната вода која седи повеќе време во шишето, има повеќе бактерии и е понечиста од водата од чешма, самото шише бери бактерии, затоа не се препорачува да седи повеќе време во шишието, макар и нема голема врска дали е флаширана или од чешма ако се преврива 5 минути. а во врска со ,,немајка,, wtf како некој се осмели да кажи такво нешто, па и поќето од нас на форумот сме биле ,,немајки,, без зборови сум, некој кој нема никакво лично искуство да ти кажува што треба, а што не!!!
Јас после вториот ден ја превривав, па така ѝ ја давав. Ама поголема кога беше од твоето жапче. Сепак, мислам дека ако си ја превриеш може да си ја користиш, барем е наменета за бебиња и нема бигор како скопскава.
Фала му на бога, дали еднаш во неделата ми се јавува проблемот со млекот и многу сум среќна Но доста често си штука детето, па сметам дека не е ништо страшно ако му дадам неколку голтки вода. Мајка ми и мене и сестра ми така не израснала....личен став
Нема потреба од вода даму даваш до 6 месеци, ако ика. Дај му да цица ке прекине, доколку не сака да цица масирај го на грпчето и ќе помине ние така функиционираме.
Охоооо... колку искуство имам да знаеш... Не е битно, немам свое дете ама имам големо искуство, дури и повеќе од што треба. Пред да ме цитираш провери што сум напишала па после скокај добро, како што мене ми рекоа повеќето, првко скокни па речи ОП, така и ти. Убаво напишав јас, повеќето сте супер мајки, ама не можам да разберам мајка која на дете од 10 дена ќе му даде гриз и бисквитка, која на 3 месечно бебе ќе даде мармалад, и тоа не се однесуваше на ниедна од вас, туку на јатрвата на Елеонора. Ама нели, ниедна од вас не прочита па ајдееее, удрииии... Сите се сложивте дека гриз на 3 месечно бебе е нонсенс, сите се сложивте дека советот на педијатарот е надвор од секоја вера, ама ете Ангел рекла и рипнете по неа. Според мене немајка е таа која не се труди детето да го навикне на цице туку опа вештачкото, која наместо да биде истрајна со цуцето ќе стави шеќер и водичка, која наместо да купи АД купува Битолско со 9 витамини, затоа што е поефтино и полесно и е да го даде... И ниедна од вас овде не рече дека направила нешто такво, сите сте навистина пожртвувани мајки кои пред да направат нешто бараат консултација од искусни, од некои кои поминале низ тоа, се советуваат. Ама нели тешко ни е да прочитаме, полесно е да удриш по некој кој друг Сноу, Јана водичката не е бебешка, пакувањето е само Јуниор, иначе не е наменета за бебиња стрикно. Иако Јана водичката е супер, мене ми е најблиска до изворска вода, другите сите ми го имаат тој вкус на пластика. Јас лично ја пијам само Јана, и на внука ми купувавме Јана, ама пак ја превривавме, за секој случај, пуста параноја де
Вода нити сум превривала ниту планирам да превривам, шишиња исто така никогаш не сум стеризирала. Прво така ми кажа патронажната а второ не гледам никаква потреба. Ауууу што немајка ќе бев
Ангел како не сфати дека сите всушност реагираа на онаа твоето немајка. Тоа не постои, бидејќи за секое дете неговата мајка е најдобра, макар да дава гриз на 3 месечно бебе. И јас би рекла дека не секој за да биде мајка, односно родител, ама никого неможеш да наречеш така, ниту пак да осудеш за некои нивни ставови. Јас со пола од работите кои се пишуваат овде не се согласувам, ама си молчам, знам оти нема да и го сменам ставот. Еве и јас не стрелизирам толку често, досега само цуцла користеме и тоа ретко, па ја превривам еднаш неделно. Гледам да е чисто, испеглано, но не и стерилизирано. Ева јас мислам дека детето полека треба да навикнува на надворешната средина, утре ќетргне во градинка, а таму е далеку од стерилно. Ама тоа е мој став, и не ме прави помалку или повеќе мајка од оние што стерелизираат секојдневно. Некои АД прекинуваат оти немаат пари, па Битолско е поефтина варијанта. Не оти сакаат, туку морат. Други имаат пари, ама АД е покмплицирано за правење и се одлучиле на млекото од тетрапак. Трети одбиваат да дојат оти доењето бара детето постојано да е со вас, а некој не е спремен да си го жртвува сопственото време. Така има милион случаеви, ставови, се ќе прочиташ и слушнеш, ама никого немаш право да осудуваш и да го наречеш немајка. Гледаш и самата ти им пишуваш по незнам кој пат дека вода не се дава на дете кое цица до 6 месеци, ама они упорно даваат. Ниту пак чај. Јас на сите мајки кои ги дојат своите деца им ја препорачувам Соба за доење, се што ве интересира, ви ствара заблуди, имате пршања, се ќе најдете таму. Дискусијата ми нема смисла, во погрешен правец отиде муабетот, во никој случај не треба да се коментира дали некоја мајака е немајка. Но донекаде те разбирам Ангел, иако имаш искуство со друго дете, кога ќе имаш дете поинаку е.
Знаев, знаев дека ќе го кажеш ова. Претпоставувам мислиш на внука ти, ама не е исто, верувај ми. Ќе ти стане јасно кога ќе имаш свои деца, сега џабе збориме. Ете и јас имам 4 внуци, па тоа не ме прави експерт за деца, а уште помалку ми дава право да навредувам некој кој животот би си го дал за своето дете. Навистина се згрозив од твојата изјава. Немајка бе
абе жениии пазар ли е ова ??? жената ПРАШАЛА како се дава на мало бебе , не ве утепа,што е тоа револт и кажување мајка немајка, јас шишенцата ги превривам еднаш неделно,вода не препорачуваат ама некогаш му давам бидејќи сме на АД млеко,алишта не пеглам, не го нишкам да заспие макар и кенкало да не се научи во раце, ке му давам каши т.е. дохрана од 4 месеци бидејќи немам пари да купувам само млеко па дома ке му правам кашички И ЈАС НЕМАЈКА СУМ ШТО ЖИВАМ ДНЕВНО ОД 2 ШОЉИ КАФЕ ЗА ДА НЕ МИ СЕ ЈАДЕ И МАЛКУ ЛЕБ ЗА ДА МУ КУПАМ НЕМУ??? абре луѓе свесните се за ситуација и се вкупно и не осудувајте, и ја сакам се најдобро за детето мое па испадна таква ситуација да не можам од се да го задоволам. НИЕДНА НЕ Е НЕМАЈКА.
Можам ли да го мешам измолзеното млеко со тоа од претходно? На пример,сакам во еден ден да не го менувам шишето од пумпата. Да се одмолзам, да ја ставам пумпата во фрижидер и наредниот пат да се одмолзам пак, дополнувајки го шишенцето. И онака не вадам многу секогаш кога се одмолзувам, некогаш и помалку од 10мл па ме мрзи да ја стерилизрам пумпата по 100 за 10мл. Исто, колку дена во фрижидер ви стои одмолзено млеко? Прочитав на интернет дека може да стои до 8 дена па ако не се искористи може да се замрзне ама некако не ми е верно ова, се плашам да не се расипе