Ги мешам дали 126 или 176 така нешто... не е скапа за разлика од другиве а ја сака само неа. Еве сум имала спакована
Се урочив.. два дена по ред неподносливи, урлаат мислиш ги колиме... и тоа едната ќе заурла па одма после неа другата као поддршка ..ццц живци искинав и грб немам веќе... со појас за грб шетам, ко баба сум, да ме видите од негде скокови ли се шо ли се... 14та недела ја тераме.. конечно 5 минути сум раат, незнам шо попрво да правам, си седнав на тераса
Многу ми паѓа косава, дали е од шо ми е во пунџа по цел ден или хормонално нешто? толку од долга коса, шо ќе ми е ако ми е нонстоп собрана ќе морам да ја кратам
Хормонално, колку коса ми паѓа што се чудам како уште имам. Еве 7м скоро малата уште ми паѓа ненормално.
Оооо исто со косава,туфи цели...читав пред некој ден,паѓала бидејќи естрогенот во бременост се зголемувал затоа но била бујна убава во текот на бременоста а сега после порајѓај се обновувала т.е паѓало се она што го држел естрогенот така нешто беше. Али само ке се регулирало значи најнормален процес. Мене ме нервира што се наоколу е со влакна.... гадно и кај детево во рака дури А за викање знам како ти е... скок некој ги фајќа види си по дата на раѓајње колку недели сте, леле па две стерео и ние сме во 3ти скок па мислам му мутира тоа гласчето по пискав е уште 3 дена пишува кај нас овој краток е,али 4ти скок затоа е долг колку кинески ѕидод 14та недела започнува до 19та.
Ај фил ју. Баш пред некој ден имав грутка. Среќа овој пат поминав без топли облоги. Имав 3 пати запушен канал и на допир баш се осеќаше на градата. Не можеш ни рака да кренеш ни да се мрднеш. Оваа грутка ми беше мала го ставав повеќе да цица на таа и масирав и за среќа ја снема. И јас едвај чекам да легнам на стомак и да се наспијам така.
Три пати го затнував одводот со косата. Од секогаш имав ретка коса и ми паѓала многу, па последните 3 месеца од бременост и 3 месеца по пораѓањето не паѓаше ич. Затоа од 3-от до 6-от месец страв ми беше да се исчешлам. Сега сум вратена на старо, паѓа исто како пред бременоста.
Оваа цуцла сите бебиња ја сакаат, и ние ја имаме. Мене ме интересира на колку време треба да се смени цуцлата со нова? Месец? Два?
Lele emce srce jaka ti dusa so dvete krofni...kralica si. Jas so edna krofna umiram haha.. naporno mi e zimi se. Pa i zas place vriste rika se bore, se tepa...plus grcevi,se vitka ko kifla....hiperaktivno dete. Edna peda me zaebava 22h od 24 Se nadevam ke minime se porzo
Јас не сакам да се подречам пу пу али единствена придобивка од бременоста ми е густа коса. И уште се држи. За мерак ми е. Иначе три влакна ги размавнував на сите страни. Не сакам да те плашам али 4ти месец ќе ти се види некако долг. Позитивно е што по два дена вриштат па си идат на нормала. Ама после емуш има да одмориш во 5ти.
Мојата коса јас незнам како на толку многу паѓање не падна целата, одвај чекам да помине овој период ми здосадија влакната што ги има насекаде Под вриштење незнам дали спаѓа и брчење, луѓе уста не отрава а постојано брчи. Веке нема лежење сака само да се шета се поткрева со стомакот и нозете и се што ке види става во уста, ако ја доближам до мене и мене сака да ме апне ама насмевката кога ке ме види прави да заборавам на се и почнуваме со игра @Emma2 женче поскоро нека ви помине овој период, сега ги сваќам они кои сакаат да се вратат поскоро на работа п.с пазете се од црни точки
И мене косата интензивно ми паѓаше од 3 до 6 месеци по породување. И сега паѓа,ама не така како што паѓаше. Синко не е во скок 31 недела по термин,ама постојано нешто не нѕ е погодено,бетер од скок е. Почнува да кинка,ако не се нацртам одма до него вика колку го држи глас,како да ме кара. Постојано сака да е во раце,никако не се залажува да лежи,а како ќе почне да лази и седи ако ми е постојано во раце???? И кога плаче,писка и на улица да го слушнат. Ноќе спиеше до мене на спална,лежејќи цица кога се разбуди и продолжува,а еве веќе 3 дена мора да го земам во раце,да цица и да го шетам,испокршив нозе од спална. Ноќеска се будеше на 1,5-2 саати,шетав низ соба како месечар. Таман се пофалив дека поспиваме......како не....Се порекувам,може ќе се оправиме,сум го урочила. Многу било тешко да си мајка,а колку само не верував кога ќе го слушнев овој муабет
Здраво мамички, утре имаме прва вакцина ме мава некоја јака трема Живееме во Германија па сакав да прашам доколку некој има што е во Германија и поминал низ ова да каже искуство и нешто битно што треба да знам... ве сите
Ништо страшно, ставаат една во уста и во двете бутчиња, даваат и чепчиња, може малку да ја качи температурата, мојата од првата вакцина качи 38.3, ама ставив чепче и за пола саат и се симна, може да биде бебе само повеќе поспано. Сега кога бевме на 2 вакцина немаше никакви реакции.
Земи си памперси три во ташна и постава за пресоблекување. И дупла облека со козметика и средатво за дезинфекција на раце. Иако ќе бидете во изолирана соба за бебиња ќе ги фаќаш кваките, а има болни дечиња. Треба колкови да му мерат на бебето на прв преглед и вакцини. Се тоа оди брзо и професионално. Чепчиња за температура ќе ви дадат. Вакцините се и доброволни ќе кажеш дека сакаш да ги прими.
Nenna97 , FreeMind срцки сте фала многу, друго е кога ќе знам како иде процесот од прилика, да не бидам изгубен германец во права смисла на зборот , се надевам лесно ќе поминеме
На малово почна да му солзи едно оче од синоќа,и лачи секрет.Го чистам со газа, Матичнава ми кажа чистење со физиолошки,тобекс капки и масажа. Како се масира? Ви се случило ли?
Мајки на девојчиња, кажете ми како и го бришете дундето на бебето, како и го миете? Приметив како бело да пушта, можно е да има некоја инфекција? Денес една недела прави од кога е родена, на контрола понеделник сме, до тогаш не знам што да правам
Да не е од кремата што ја ставаш. И јас така мислев дека нешто има, всушност павловичева крема сум ставала во огромни количини и навлегувала во секоја фалтичка, што и после бањање не се измивала сосема. И да има инфекција, ќе ти дадат крема, брзо се решава, не се секирај.