Мајки едно прашање , од кога ги оставате бебињата на под? Скоро три месеца сме, па сакам да и земам од тие коцките за на под.
Немој ќе ти е криво, ако не се решиш за машка фриз пак ќе ја врзуваш и џабе си ја скратила Мерев по 100мл вода и 20тина зрнца ким, сега од око од прилика исто. Почнав со бекутан да џогирам дека не го користам за бебе, шо убаво мириса
Заборави на мириси најубав и единствен мирис ми е бебешкиот прашак И најтрагично ми е кога мм ке се нашприца пред да идеме негде и ќе ја подржи дур се спремам,и после и она мириса ама ај објасни се со муж
Ние сме 3 и пол месеци мојов абер нема да се заврти,ниту па сака. Само кемка,плаче на стомак кога е пробува ептен малце на една страна повејќе со главче се навалува и јас туркам бидејќи ако не го турнам 2 саати ќе рика. Форсирам но мрза е.сака на грб само и рацете во уста што подлабоко Држи глодалки Испушта крици Се смер И плачи
Веќе не е за сам на кревет. На грб легнат прета, се лизга надолу. На стомак исто. До пола се врти за од грбче накај меше, сигурно за брзо ќе се превртува. Понекогаш се буни, но намерно го оставам на меше да вежба и машала веќе убаво се исправа одамна. За рачиња кога ќе го фатам со мало поткревање, мала помош од моја страна се исправа како за седење. Така правам по еднаш, до два пати на ден да не претерам.
Завршивме срце . .. еве веќе 6 часа нема никаква реакција фала му на Бога! Во Букурешт бевме така ми кажа педијатарката таму да ги носиме...супер се просториите, чисто средено, направено детски со џиџан ентериер, топ!! добро поминавме,една заплака така поише другата еден звук пушти и дури на неизвадена игла се смири, душа! Да, носевме крвна слика, ние пред две недели праевме за да провериме железо за едната, дека ми пие сидерал,па ај на двете им напраив, фала Богу добри се! Ми ја прифатија истата крвна слика, ми викаат немора нова да не ги трауматизираме. И така...еве им залепив од тоа фластерите со плав гел за против температура ама вечер нема да спијам знам. Одете во Букурешт нема да зажалиш...и носи ги накај 11 сабајле,живо пиле немаше, од 8 била гужвата...дека жеешко сега бевме само ние... и така.. ако треба уште нешо питај...ми спие дете на рака па ќарувам малце разонода... јехехе така ли, абе ти место за заработка на колешките да му ја мислиш хахахах
Откако почна сам да се врти почнав на под. Сама сум и некогаш треба да завршам нешто по дома и за да не ми падне од кревет, го ставам. Моето за 1 нед. полни 4 мес. Инаку по цел ден е на рамна тврда подлога - читај кожна гарнитура или под. Штом правите 3 мес ставај го долу, нека ојакнува Ќе почне сега накај 4 мес не му се секирај. Моето прво беше по мрзливо а ова по жилаво. До детето си е. За рацете не кажувај и мојот ги бутка што подлабоко во уста и тоа цела песница понекогаш . Вежбај го нека покенка ништо не му е.
Супер што поминавте добро И мене педијатар така ми кажа,во Букурешт да носам. Зздравје другата недела да направам крвна слика и одиме.
Мајкички,бебе ми е многу исфрлен на лице. Месец ипол сме,ама не акни како лишаи по цела регија на образите. И кожа сува. На телцето е премека, само на лицето. Да го носам за ова на педијатар или така ќе помине. Ништо ме мачкам. Посебно се познава после бањање.
Со упат можеш во Синлаб, има двајца дечки со супер пристап, само се мислам да му се вратам на тој едниот да не ми ја урочи Сара, и се заљуби во очите нејзини, не ги извади од уста
Au kako se ner koga ke isperam i ako ne gi soberam na vreme ke presusat i ni miris ni nis i pak odnovo peram. Mm vika ne si salam.. a vo zatvorena prostorija susam nadvor ne i oak neka miris. Edvaj cekam da se preselime susara da si kupam sea neam mesto kaj sveki za nis hahha
Мами до кога дававте превриена вода за пиење? Бев кај др. Марина во ремедика ми рече веќе да почнам флаширана за пиење, за два дена 6 месеца праиме
Смени купка за бањање веројатно му ја суши кожичката на лицето, земи некоја маслена. Мачкај со Јекодерм на лице или некоја крема што содржи пантенол. Од пантенол имаш крема и маст, подобро масче да земеш. Добра е и оваа на база на невен од Веледа. Пробај со овие поевтини (јекодерм, пантенол) да видиш како ќе реагира бебе. Не е лошо и педијатар да го види, можеби е некој вид на егзема..
Можно да е атопичен дерматит. Ако се зацрвенува на моменти тоа е. После бањање се суши дополнително кожата и затоа. Посети педијатар да те посоветува што да земиш. Ние користиме Биодерма Атопик.
Ми дојде нотификација дека влегиваме во 4 скок. Мислам дека до сега не видов некои позначајни влијанија на скоковите ама овој ќе ми дотера памет. Цел ден денес е нарушен ритамот на спиење и јадење. Сега едвај го испав а очекувам секој момент да стане. Така ми личи спиењево. Наместо да пролонгира цицање денес на секој саат јадеше. А тек влеговме, како ќе биде кај громчето... Уф
Никогаш не ја превривав водата, одма флаширана почнав да давам. Исто почнав од 6 месеци да му давам вода. Од 6 месеци почнав да му давам вода кога почнавме со дохрана. Пред тоа не, дека беше само на доење. Јас Ладна му давам, на почеток само ќе лизнеше не сакаше да пие, пред годинката почна да си пие и да си бара кога е жеден.