Не бе, не размислувај така. Јас во ниту еден скок не видов нешто ,,вау,, освен што ете можеби некој ден ми бил фластер. Темана за скоковите сто пати ја прочитав цела - секое бебе си е приказна за себе. Можеби јас сум повеќе во некој скок и сакам брзо да порасне . Моето кога влезе во скокот само една ноќ ми се будеше секој саат потоа се врати во нормала. Понекогаш порано или подоцна половина час заспива инаку си ги тера 4 те дремки. Првите 2 се во секунда по 40 мин, третата 2 часа и четвртата точно половина час. Ноќе кога како, чак што више направи рекорд за прва цицка дури во 4 часот сабајле а и 2-3 дена ме почасти со будење во 7.30 наутро инаку си станува 6-6.30. Денски гледам до максимум да го изморам и прошетам. Кога му се спие почна да ми ржи овој период. Громчето ќе ми се погоди на одмор така да јако ќе си поминеме
Кремата ја користиме, али не детската. Една членка ми спомна дека користат детска од оваа линија, а нас оваа ни го препишаа и плус купка за бањање.
Сама посабајлечки со двеве, пробувам нормални песни да пуштам, претаат на кревет чудно им е... Ајде убав викенд на сите
Штом до сега нема ништо нема ни да има. Мојата реакции имаше само од таа на 6 месеци, пд претходните ништо.
И моево исто, само локално црвенило и малце кенкава беше два дена. Ништо посебно, ама претходните пати немаше ништо.
Не знам, теорија на мм е дека тој период повеќето бебиња вадат заби па малку послаб им е имунтетот па затоа качуваат.
И ние истото го прашавме зошто на таа вакцина скоро сите креваат т. Одговорот беше дека детето го губи имунитетот стекнат од мајката, нели и почнува да ослабува крвната слика и затоа. Ние поминавме со тт до 37.9
Исто сме и ние, очекувам за брзо да почне да се врти. Исто се исправа за рачиња, и на меше ја крева скроз главата. За некој ден правиме 3 месеци. Примивме вакцина шествалентна, реакција немавме.
Мајки бебе кака потечно два дена. Педијатар вели ништо нема ама мене пак ми е чудно. Расположен е, грчевиве за сега добро ги поминуваме, си спие и преку ден и навечер, ама ова ме загрижува. Може џабе паничам ама морам вас да ве прашам. Значи има во памперсот кака баш ама има и течно сенф боја впиено. Извинете на опис ама морам да прашам, дали некоја имала слично искуство. Кака често, вчера некој 7 - 8 пати и тоа ми рече е нормално дека е на мајчино. 1 ипол месец сме. Јадем често полента, па се мислам да не е од тоа. Исто некогаш кака на рати, се напнува ќе какне, пак се напнува и пак ќе какне и така 2-3 пати.
Слично и кај нас се врти истото,гледам нешто ново да му воведам пошто сега се сака да допре му давам пластично шише ,празни паковки од влажни марамчиња интересен му е звукот му шушкаат, веќе му ја купив Софи глодалката и од уста не ја вади а веќе нова занимација ни е вртењето на меше,неколку дена го оставав подолго на меше пред него еден куп играчки и сабајле кога се разбуди се сврти сам без моја помош, па колку беше среќен што направил денеска на секое пресоблекување само се врти, радости . Веќе и нозите почна да си ги гледа а и стопалата многу ги трие и му се потат ,мислам @FreeMind имаше ист "проблем "околу триењето ама не ми текнува што беше
Здраво Мајки. Уште малце почнувам дружба со вас Па како мама на прво бебе цела сум во прашалници. За почеток ме интересира: Предлог убава цуцла за новороденче и шише (да имам барем едно за секоја случајност) и какво да биде стаклено или пластично? Предлог и за бебешка колекција? Совет со кој памперс да почнам?
Браво! Супер со на @paleska3 малата. Игри ви оставив во другата тема од 6-12 може истите да ги користите. Лаки остави интересни инста профили: aktivnosti za deca i razvoj niz igra ( секоја чест на оваа жена ако е на фемина и се поклонувам). Ако најдете некоја страна на било кој јазик тагнете ме. Ги триеше петите една со друга. Али прекина сама од себе. Тоа ваљда се спремаше за активност )