Да да баш триење на петите една од друга, ваљда е некоја фаза, ќе следам. Инаку ве пратам и во другата група таман се спремаме и ние . За на инста профилите и јас ги пратам ептен кул идеи
Здраво мајки, породена сум во Чаир, бебо има еден месец, од кога сме дојдени дома многу ми крчи во носето, земав марисол и во аптека ми рекоа дека скоро сите бебиња таму родени фаќале бактерија мрса. Дали некоја од вас има такво искуство и од таа болница?? Или само шират паника? На педијатар го однесов ми рекоа дека е нормално. Крчи на моменти но нема мрсулчиња..
Како спијат вашите бебиња(тие што имате бебиња на 3 месечна возраст) Ние за неколку денови правиме 3 месеци. Спие ноќе но некако многу млеко ми бара, на секој 2 саати. Си мислев скок да не е, но според табела и според бебе нешто не ми штима затоа што гледам дека овој скок е еднонеделен а малово повеќе и тоа мн подолг период е вака. Си мислев да не е жедно па направив чајче за навечер, му дадов неколку пати, пие лакомо, задремува и за 3 мин бара млеко. Значи џабе чајот. Дајте чаре не ми се свиѓа ова некако.... И кемка да спомнам баш... Некако немирно спие. Тоа го поврзувам со жештинава. Вечерва пред заспивање ќе му дадам 1 мерица повеќе млеко па да видам. Совет ми треба
Нормално е да крчи, се чисте, слободно ставај физиолошки раствор 2-3пати на ден. Истуширај го пред спање. Гледај дали има полни пелени. И мојата стануваше на секој 2ч и мене не ми се свиѓаше ама мораше да стануваме. Сега е 7м и пак знае да стане 2-3 преку ноќ.
Моето е 3+ поточно 14 недели и станува на 2 часа за цицање. Скоро секоја вечер е програмиран во 1 па во 3 па во 5 па во 7. Ретко кога ќе направи отстапка. Во тек на 2 месец имаше денови кога сврзуваше од 9 до 4 пример ама тоа беа исклучоци. Како што почна топлово станува почесто а и се поти така што не се обидувам да ги скратам подоите да не дехидрира.
Со лесно нека ти биде. Јас почнав со авент цуцла и авент шише стакло мало од 120мл. И бебешка колеција мустела,но не му одговараше и сега сме на еуцерин атопи. Тоа за козметика е индивидуална работа затоа што секое бебенце има различен тип на кожа,но најчесто мустела за старт. И со памперс премиум 1 почнав. Одлични
@Ringishpil_ исто и кај мене малата си ги трие петите и нон стоп и се со ладна пот. Од што неможам убаво да и ги исечам ноктите на нозете си прави гребнатинки од тоа триење.
Моја беба полна да се обраќа сама на страна Ама кога ја ставам на стомак едвај 2 3 минути издржува, што да правам да и го задржам повеќе вниманието, педијатарот ни кажа по впечатливи бои да и ставаме пред неа, ама пак ништо.
Немам време да пишам. Еве сега малово заспа, големово игра игрици. Ама јас некако многу психички паднав оваа недела. Претопло ми е и покрај клима, некако се мачам, се потам, ми се врти пред очи, нервозна сум ептен. Кога сум сама некако чудно се осеќам. Имам тежина. Некој може ќе спомне крвна слика ама не ми е до тоа. Бебе како и претходно не спие баш баш. До кај 5 тераме, после се будиме, е тогаш ако не го викнам мм да седи до него ќе се отпревртам главачки гарант. А не ми е бебе многу захтевно, затоа незнам што ми се случува. Немам дома некој проблем фала му на бога, но јас сум нервозна, ми се чини ќе збудалам оваа недела. Мачно ми е со децава да седам. Сигурно некој ќе ме разбере тука. Сите имате бебушки и знаете како е. Ете, се искажав.
Те разбирам. Најубаво нека дојде некој на "помош". Маж ти, мајка, сестра не битно кој. Нека ги почува децата. Истуширај се, направи си кафе, правете си муабет, одмори малку мозок. Или легни одспиј малку. И мене некогаш ми е така, психички изморена се осеќам. Го правам истово, мм или мајка ми се занимаваат со бебе јас седам и одмарам, по друго е кога гледаш од страна и не ти е бебе во раце
Имам помош секојдневна. Имам време и за кафе и да се истуширам, и да поспијам, буквално се можам. Е сегс нормално поголем период сум сама со децата, но тоа не ми е страшно... Е затоа стварно незнам што ми е Нешто не сум ок
Мајки,користела ли некоја вакво нешто?Вчера ми го донесоа мои блиски,демек многу го фалеле..мрежичка за овошје.Се мислам да почнам по малку да и давам,за една недела сме 5 месеци. х
Го немам користено но имам позитивно слушано за него, во план ми е да го купам здравје. Пробај и кажи искуство