Дали ви се случило дневната да ви е,, главачки,, и да немате сила да средите и си викате ај попосле сега кафе ќе пијам. Е таква сум моментално. Не е нешто којзнае што, но мене и влакно ми смета. Ама така е со деца. А и ние со нервите Машини секој ден пуштам од каде ли идат овие алишта, ќе се карам со комшии тие излеа ја полнат корпата кај мене Мојата тераса е секој ден шарена со алишта. Шо убаво, па како ќе се оладам ако не со влажни алишта
Јас до пред некој ден превриена, сега почнав флаширана невриена по препорака од педијатар, јана најдов за бебе во зегин.
Земав бебешка на хип ама и таа треба да се преврива после 24ч,сега замав обична Јана не бејби и а превривам ама барем не е 120ден. Е сеа со викам да не има врска.
Мајки од кога почнуваат да гугаат бебињата? И колку често се користи она за собирање мрсулчиња од носе, пошто бебе секој ден има по малу. И дали после сисање штукаат вашите малечки, моево често штука по неколку пати па ми е чудно..
Да бе мила така е. Ако ми го види тој коментар ќе се лути хаха и онака ми се радува, не би биле иначе заедно онака како "шала" го кажав за Големите гради, а помалите секој ден до крајот на животот ќе му го прават среќен! Иначе права си со напишаното! Не само за мене за сите мајки е исто.
@cinderella5 јас секој ден аспирирам секрет од нос,сабајле и навечер пред јадење.Ставам isomar и влечам.Така ми кажа педијатар ,и така правам.Инаку моето ика ако не е ждригнато,и ика од возбуда.Ма нон стоп ика @Makedonka007 нек ти се порадува сега сопругот на бубисот,зашто после тоа у ролна ќе си ги виткаме евентуално преку рамо ќе префрламе Моиве прскаат ко туш ако неам улошки.Детево е пола мокро дур загриза да цица Јас вода давам Јана,по неколку лажички на ден.Знам не треба ,ама жал ми е,посебно после оние гаднине Омега3, масло од сардина па со вода морам да смирам ситуација. @Adeline не да ми е лом дома оди куќава Ми е гајле ,уморна сум . Од 8ми јуни не сум наспана асално.Алииии зато мм спие ко заклан. Го чекам да стане па да се фати за пегла,или усисивач
Не дека немам којзнае колку сила ама ме мрзи, некогаш и си велам ,,ај утре,, сепак гледам да не биде ептен хаос за да после не знам од каде да почнам со средување и чистење . Јас со првото дете многу ослабнав така да намалив бр. на градник за несреќа на мм . Партал ми се со стрии и малку виснати али затоа ова второво бебе ги врати во форма и гарант ќе ги доизвлече уште повеќе. Со првото се замарав демек онаков градник, па ваков, таков за да не виснат, но нема врска ,,дубаре за паре,,. Ако си вежбаш ок ќе ги доведеш во некој ред, ако не, што ти даде Господ . Јас вода не давам. Бебињата икаат често и се лигават до коленици. Понекогаш во тек на ден и по 2 лигавчиња не ми вршат работа, лигле си е моето и ме нервира веќе муабетот ,,ааа забчиња ќе излегуваат,, Да, сигурно, еве ги идат за некој месец ќе се појават . Почнуваат од 2-2,5 мес зависи секое бебе е различно
@srekice @slavica999 кога ќе почнат да лазат здравје иде нервозата за чисто и само ќе ѕиркаме наоколу, така јас се нервирав со поголемиов, долг период лазаше нерви искинав да е чисто долу, уште хемиско што не викнав
@srekice @slavica999 Прашувам за гради, а јас не сум пола година активна.. Долга пауза.. Како почетници ќе бидиме со мм хаххаха и нека бидиме само да бидиме нешто оти и тој и јас нервозни дотука бидува. @Adeline ако ти се верува дека фатив правосмукалка и цел стан си го средив, а и претходно еднаш само спалната во 1 и пол месец. Прашина мм кога ќе фати кога не. Алишта, џинџири минџири наоколу има и нешто расчистувам ко ќе поминам, нешто си седи зависи кое ќе го пикирам да го ставам на место, другите си седат расфрлани и си чекаат да им дојди времето хахха Без гајле, сите сме исти. Кажувајте им ги пораките на мажите да знаат дека жена им не е единствена "недомаќинка". Јас како што го цицам по начесто, немам време да се одморам вода да пијам, а не да земам да средувам низ дома. Доењето ме исцрпува ама најбитно ми е тоа. Бебе да е јадено и пресоблечено, друго ништо. Куќа нека тргни ако сака.
Ее за алишта сум подруга, не оставам едно несредено. Тоа ми е мн битна ствар. Мене големата маса ми страда, на неа све лупам А за доењето поголемово ми страдаше немав време ич за него. Тоа е и голема причина што не се потрудив да го зачувам млекото кога почна да се намалува. Секако ќе се намалеше, исто како и со него, дали месец плус минус многу ќе му значеше него, ќе го запоставев, а најголем приоритет од кога ќе се породам ми беше него да не го запоставам и да му го зачувам редот и успеав. Време за двајцата сум кнап. Супер. Нервозите ги минусирам, не ги коментирам сега.
Ве читам тука се жалите нејќеле бебињата на меше да лежат, не се вртеле... Е само да ви кажам дека сте среќнички големи. Мојава е темпераментна не можам да се помрднам од неа. На неполни 2 месеци почна да се врти на страна и ми падна од кревет, никогаш во животот таков стрес немав доживеано. Сега на 3 се врти сама на меше и се подига и почнува и да лази по малку, се бутка со ножињата ама рацете не знае баш да ги контролира. Цела спална ја превртува и сите чаршави се излигавени. Секој ден постелнина перам. Почна и да фаќа со рацете по некоја тропка ама не знае да ја држи уште. Ни 5 мин не е мирна. Денес ја оставив на под да завршам некоја работа па се извртела од подлогата отишла на ламинатот и лиже ли лиже имунитет ствара плус па не спие преку ден, само дремнува по 15 мин и пак исто. Ете си се пожалив.. ПС. Раце боде во уста нонстоп а цуцла не сака, дај кажете како да ја прелажам да фати цуцла??
Па ок си е бебушка, по тетратка си напредува . Од 2-3 мес ги јачаат коленцата а сега на 3 -4 мес јачаат раце т.е раменцата и со тоа почнува првата фаза од лазење, потоа на 7-8 мес се исправаат, на 9 мес одат со помош и на 10 мес проодуваат. Ама ова се фази по ,,книга,,. Ставај почесто на меше, ќе се дига на раце, ќе ги ојача рацете и ќе почне асално да лази . За фаќање со раце мене мислам дека највеќе ми помогна онаа подлога со висечки елементи. На тоа чудо почна да ги крева рацете нагоре и да ги допира играчките. Сега веќе почна и со двете раце да држи поголема играчка. Нормални фази се ова низ кои поминуваат бебињата, некои порано некои подоцна а кај и да е сите ќе проодат . За цуцла што имам читано тука по форумот дека некои успеале во 4-от скок да го прелажат бебето да фати цуцла. Додека цица и откако ќе се нацица се трга града и се става цуцла или пак преку ноќ кога се буди за цицање, се применува истава финта. Моето не сака и не се ни трудам да му дадам (иако купив 6 различни цуцли ) а и несум некој поборник за цуцла.