Мајки бебо ми се нафрли на двете обравчиња од жешково е или нешто друго е во прашање? Да го мачкам со нешто или така да го оставам?
Нема потреба од ништо. Се чистат тој период. Ние исто бевме, јас мачкав но сега кога би се вратила не би мачкала ништо. Хормонски осип е тоа, нормален, се ќе се среди до 3 месеци.
Мајки кога се носи прв пат дете на ортопед? На отпусната пишува за 2месеци. Што опфаќа првиот преглед на педијатар? Кога се прави тоа ехо на колкчиња, ехо на мозоче, или тоа во исклучителни ситуации доколку има потреба? (имам внук седмомесече неко му прават вакви контроли, затоа не знам дали е рутински за сите бебиња или во исклучителни ситуации како оваа на пр?). Тоа што го нарекуваат развој, се следи кај педијатар, кај ортопед или на сосем друго место? Нова мама сум, па малце не ми се јасни некои работи
Пак се неподносливи за заспивање, веќе Квазимодо станав, а маж ми ионака со кичмата си има мака, абе во прво одделение на родителска со бастун ќе идеме, побелени
Хаха е ме насмеа ма Емке. Иста е и мојата. Навечер збеснува, ни да цица сака ни ништо. Во 1 заспива. Тешко тебе со две. Ајде ќе помине, јаки сме, ќе издржиме
со појас медицински сум на мене, и сеа куцам и едната ми е во рака, се разбуди и нормално кај да си затера ако не првин кај мама на рака...и ја се тешам дека сме силни
Леле и мене денес малата раци ми истренира. Од 5 попладне ништо друго несакаше освен во раце и нормално 90% од времето кај мене. Кај сите други плачеше. Си се чудам некогаш како со последни сили издржуваме .
Па и не ми појасни баш баш.. Сите прашања се прашање за себе, нигде не пишав дека ехо на мозок треба да го прави ортопед, за развој мислев на тоа како детето напредува, не следење на развојот на коските(кога седнало, кога проодело, кога прозборело и слично). Ама сепак фала и на овој одговор
Mamicki za grcevite davav colief imase podobruvanje malku, posle pocnav plus biogaja nekako ja osekav deka nervozna bese mislam deka ne i.odgovaraat. pak samo colief pa prekinav sega gledam pak se grci cat pat. Prasanje mi e dali moze sega da davam colief i waya? I waya kaki se dava?
Ехо на мозок се праве кај предвреме родените бебиња и кај бебиња кои имаат проблем некој Кај право здраво родено бебе нема потреба од ехо на мозок На ортопед носи го коа ке наполни 2 месеци Исто и тоа со пратење на развојот е за предвремеродените Навреме родените педијатар си ги прате
Можеш да даваш Ваја. На кутијата пишува по 7 капки, јас давам по 5. Јас искрено не приметив разлика меѓу Биогаја и Ваја, освен цената.
Мајкички вчера прв пат бевме излезени во ресторан (не избежно беше со роднини од странство). Мала си спиеше, но покасно се разбуди и ајде баба од странство ја зема да ја види (и јас сакав да ја види, блиски сме многу, а ретко се гледаме, кеф на баба и беше многу а таа стара е..) И по некое време таму почна да плачи охх леле мајко. Зедов дома ме однесе мм. И дома плаченење и цицаше и пак плачи, па за грчеви давав.. И одвај некако кај 22ч ја успав, се разбуди во 2 ч по полноќ, а потоа сега во 6 ч. 1 прашање : дали е ок да спие толку? Обично преку ноќ спие еднаш по 4 сати, ама после или 2 или станува порано... Два пати по 4 сати со малку пауза? Почнав да се прашувам.. А не дека не се наспав јас,, охх се одморив убо 2.прашање Ја осеќам како зарипната од плачењето и во гласче како да рчи и од носе е затната. За носе имам аспиратоор ќе го средам ама за грлце има нешто да се превземи???? Треба да се напрај нешто? Расти ме и некои работи не ми се ич јасни... Мислење вие шо сте поминале слично?
Иста им е функцијата и на Биогаја и на ваја, нема некоја разлика. 1.Биди среќна што спие, ќе се одмориш и ти. 2.Ништо на грлцето и кај мене многу пати се зарипнувала од плачење. Следи само да не е настинка, да кашла и кива пречесто.
Епа ќе менат,обично први прошетки,па гужви,им се ремети редот..Се е за нив ново сеуште Мојава исто почна рано да си спие по цела вечер.. Околу грлцето не се секирај,и кај нас беше зарипнато првите 2-3 месеци од плачење
@BabyT @Ladyyyy567* Така е мајкички. Со мм се преородивме ми се чини. Тој весел замина на работа, толку нема спиено во последните 3 месеци наназад. То и јас си велам. Со гости, прошетки и ќе се умори бебка, после ќе си спиеее. Убавини. И дајле да е вака[/USER]