Да, да штом ќе полети за да се изедначи притисокот во ушињата. А зошто капки во нос ? А зошто пак не млеко мислам мајчино млеко ?! Нема зошто да се грижиш од што ти е страв?!
Ги расчистува каналите за да не дојде до затнување од различниот воздушен притисок. Ако има секрет во нос и ако увото му се затне ќе му биде полошо. Ова е по препорака од педијатрите во Германија при летање со бебе.
Мамички денес кога цицаше Антонија сетив нешто ко да ме гребна кога ја вадев брадавицата. Гледам една бела точка на долното непце. Сакав да видам поубаво ама не ми даде, јазичето нон стоп таму и ништо. Прееска ја мачкав со дентинокс и грепка стварно, го извадив прстенот да видам дали ќе тропне и тропна. Е сега проблемот поради кој се мислам дали и е запче или нешто друго ( поим неам што друго би можело да биде) е што не е на местото на кецовите, туку на двојките. Можно ли е прво двојка да излезе?
Де некоја препорака сподели, и ние летаме за две недели за прв пат со бебо Мкд,малку ми прпа ова за капки за нос сварно незнаев Он ќе биде веќе 5 месеца
@slavica999 ние скоро бевме на контрола, нема беба никаков секрет, докторката кажа за превентива ставање на капки во нос, и цуцла во уста. @FreeMind по една капка ставаше или?
И да има и да нема. Да биде чист каналот вака е најсигурно. Јас поминав кошмарно али летав пред да наполни три месеци и тоа сама. Тогаш многу плачеше и се и беше стрес нормално. Мислам дека сега би била одлична за патување така да ќе бидете супер по пат. Од препораки се капки за нос кога ќе седнете во авион пред полетување, цуцла ако фаќа нон стоп нека шмука и секако ќе имаш доење по пат исто помага за отнување на уши. Земи си играчки и исто како дома направи си план на 15 мин што да правиш оти ќе му биде досадно ако не спие. Имаш и игри на нет за во авион како да го занимаваш. Некои цртани да спуштиш и тоа е се. Друго, пази да не му дишат у фаца и да не ве гурнат по скали некои што “брзаат”.
Може спрејче наместо капки Тој сака гужва само ќе разгледува се надевам нема да биде спротивно,инаку цуцето не го испушта од уста ќе заврши работа Тенкју
Емка денес нервозна некако сум, не знам дали од жештини или од хормони или од што и да е... Ама кога го читам ова твоето и плачам и се смеам... "Мамо То праиш????" - та кутрата не можи да се олесни оххх јадна душа. Ќути барем малку мене ми го опраи денот. Ај з убо да е. Само пладне е 12ч, јас си мислам 9(вечер) за во кревет. А ко ќе помислам дека на некои типки од 20тина години им е утро, ооооо блазе вас девојчиња си велам, ама исти момент се сепнувам и си велам за ништо на свет не би ја дала оваа кукла до мене посебно кога ќе ми се смее, па ако треба и цел месец да не спијам ( онака метафорички е кажано, не да се случи стварно )
Мамии дали е нормално течната столица на бебе да е ептен течна водлеста некогаш и пенаста и како со зрнциња незнам како да опишам..иначе 8 недели сме секогаш така си кака ама се мислам дали е нормално тоа незнам?
Лепотици скоро 4 м. само на доење сме,па ваши искуства кога започнавте со вкусови па воведување оброк? Незнам како ке биде тоа , дали ке се снајдам не со тоа што со што да комбинирам има убав бебе готвач,но како изгледа доење па оброк па доење...?? Дали се повејќе сити со вклучен оброк на колку време тогаш цицаат? Најлесно е вака како до сегаа,вади и сервирано