Ние сме скоро 2 месеци и бебе спие 3 или 4 дремки по 30 минути дневно и навечер некој 6-7 саати, некогаш повеќе, некогаш помалу. Кога си цуцнува преку ден, си дреме ама а го спуштам пискот е. Инаку за каките и нас ни беа течни, сега се погусти некако ама зависи од ние што јадеме е мислам тоа.
Убајна! 6 7 саати? Блазе тебе. Јас со 4 саати, па цицање па после 2 - или 3 сати сум препородена ко ќе е таква ноќта. А сврзани можам да замислам убавини. Свежната в крај. Ние денски спиеме по 2 саати, па будни 2 саати, па некогаш 1 час спие, па пак будна... Уште денски немаме ред земено. А сме 6 и пол недели.
Дада, цела бременост истражував како да му земам ред на бебе и ете само по себе се намести. Еве на пример ноќеска го бањавме околу 9, цицкаше и заспа. Го будам во 1 да цицка во сон, па во 4 и кај 5 го фаќаат грчевите и траат до кај 10. Ако заспие тој период е додека сиса или на мене додека го чекам да ждригне. После околу 12 заспива, некогаш околу 2-3 и во 5. Дремкиве му се кога како, од 15 до 30 минути. Го бањам преку еден ден и дента кога не го бањаме, одиме во соба и гасам светло и тишина е, го дојам и заспива и така се во круг. Има денови кога спие 2-3 саати, ретко ама има. Не можам да се пожалам, детето ми е злато. Кога беше 2 скок во развој, само тогаш малку мака имав.
Оофф девојкава моја многу тешка овие 2,3 дена. Скок ли е ,се спрема ли за скок ама преку ден едвај една дремка од саат време и тоа е, навечер заспива околу десет ама ко на трња да спие цела ноќ . Со грчевите се вративме од почеток мислам а 2 ипол месеци сме . А ја ставам на града после 3 мин вришти, навечер цела се грчи и нозете ги крева. Што да се прави освен трпение ,туку до кога ги кревавте после цицање да ждригнат? Зашто по секое кревање ми се расонува и после тешко се успива
На 2ипол месеци ги имавме најјаките епизоди на грчеви, на 3м веќе немаше. За ждригање само преку ден ја подигав, навечер не.
@Dream girl И мене ми се расонва, посебно ноќе ама ја ставам в креветче и се успива. ќе и пеам нешто тивко ули ќе ја крлам дури ја ставам во креветче. Туку прашање ми е... Ги оставате бебушите во релаксатор? И колку време? Мојата е 6 и пол недели и преку ден ја оставам во релаксатор околу 2 часа спие, а може некогаш и плус уште еднаш по 1 час. Релаксаторот ми е како вдлабнат малку, не е како оние што се повеќе како прави кај грбчето. Мислење? Дали би имало штета кај бебка, за ребет, за главче???
И мојот релаксатор е вдлабнат и патронажната ми рече ставај го слободно таа положба му е баш таман и си го ставам ја од една недела.
Луге мака мачам со заспивањето, не се трпи ова веке. Се успива само во раце, во сабота правиме 2 месеци и многу ми е тешка уште од сега, има сигурно 5ипол,6 кила, кај ми е крајот ако е стално вака. Значи успивање само во раце, нишкај,оди низ соба , пеј, не бе никако да заспие, а очи и пагаат, зева ,кенка од што и се спие. И океј, ке заспие, ја ставам во креветче, мегутоа прета цело време и мора да спие повиена, ајде пробав и тоа ,и тера 2-3 саати така без проблем. Од пред 2 дена почнав да ја оставам сама да спие во креветче зашто неможев повеке во раце, се ме боли. Она лежи во креветче, ја го дрмам креветчето , пеаам, она толкави очи отворила, синока така ја успивав 45 мин, е сега раце ми пагаат од креветчето што го дрмам. Искуство некое , како да ја научам да заспива скроз сама, без нишкање, дрмање кревет и слично?
Нема мојот си заспиваше и во количка,и сам знаеше да се успие. Сега едноставно крвав ке е во очите и нема да ги затвори додека не го земам во раце во поза лулка и одма заспива. Сакаат да не мирисаат,се чуствуваат безбедно. И мојов е 6 и пол кг но само со нишкање заспива. . Што знае кичма наша што се 10 кила до 1 година се ниша после ке ни фајќа пена устата
Потполно исто со моето малечко.Само во раце заспива,и џабе да пробам во кревет кога ме буља со тоа очињата,се смее Такво е детето,сака галење и мазење.Преку ден спие само во раце ,се навикнав веќе .Навечер во кревет со нас спие,до завчера спиеше цела ноќ без да се буди,но овие две вечери бара да цица на еден саат мислам и станува во 7. Пред тоа од 23-11 спиеше Се смени ,се надевам период е и ќе се врати во нормала Трпение само,иако кога станувам нозе ми трнат од шпартање по куќа
хаха ма ја не знам кај ни е крајот со ова нишкање, како ке качува килажа не знам како ке издржам Не збори, воспаление на мускули имам на нозете од не седнување по цел ден, дрмање Уште ми се нема случено да спие цела вечер, едино еднаш ако можам да рачунам , легна во 12 ,стана во 6.30 сабајле за млекце. Сега легнува во 10, прво станување и е во 3ипол за млеко, па 6ипол. Пак рачувам за успех што прекина да се буди за тоа млеко во 1. Не се откажувам со заспивањево ,морам полека да ја поднаучам, уште сум во бунило дека 2 дена по ред заспива во кревече,ама па дрмањево на креветчево ме дотепа не знам што ми беше полесно,да заспива во раце со нишкање или да дрмам толкаво креветче со се неа.
Ќе ја повиеш цврсто, и ќе ја ставаш во креветче задремана ама не сосема заспана. Кога ќе се расплаче, шушкаш и ја тапшаш по мешето одредено време (може да почнеш со пола минута па да зголемуваш, јас на таа возраст оставав 3 минути), ако не се смири ја земаш во раце кратко (пола минута до минута) да се смири. Штом престане да плаче пак ја спушташ. И така додека не заспие. Малку е досадно ама функционира. Јас малата од раѓање ја ставав во креветче, ама кога почна да гледа и разбира по малку, вака пак се научи да заспива сама. Сега во раце поише се тепа со мене дури и кога сакам да ја успијам
@Amelie1708 Исти сме и ние. И баш сакав истото прашање да го поставам. Јас ја заспивам исто на гради кај мене легната со главче и ја тапкам по газе и тивко и пеам. После молчам и ја ставам полека во креветче. А на гради ја легнувам од кога ќе цица и за да ждригни на гради ја ставам. То ми е цела една процедура за ноќно заспивање. Ајде сег конечно ми заспа во релаксатор. Одам и јас да одморам, оти можи и да се разбуди, а веќе ми е мака очи се затвораат.
И јас сакам вака како се повива бебе.Пробав по слики не што ги имам но ко растурена сарма е.Се бори дур не се одвитка,шутира и прета во креветче преспала најмногу 10 пати и тоа преку ден по еден саат.Кај нас сега е проблемот што госпоѓицата сака да те гледа,да ти се смее и се пика во мене да се мази Инаку,почна да плаче кај сите,свекор,свекрва и други по фамилија.Само кај мене и мм сака да седи.Почна да распознава. Свекор ми се потресе,рече кај некоја женичка да сум ја однела ако сакам @FreeMind читај
Јас имам специјално за повивање, не знам како да го наречам, како плик ќебе со крилца на страна и со лепенки. Пред да го земам тоа ја повивав со тетра пелена и 2 големи безопасни, слично како што ја повиваа во Чаир кога се роди, таму ги гледав како повиваат. А ако мрда доволно да ги вади рацете од повиеното, можеш и неповиена да ја оставаш. Мојата на 2 месеца сакаше да се повива, накај 3 некаде почна да вади раце.