Мислам дека имам и јас такво само е без лепенки.Доле има дел за ноџиња,лево и десно парче,едно е пократко.На преклоп,ама објаснив ко права плавуша Тоа е,после ке пробам баш.Тнх
Блазе блазе тебее!! 6-7 саати никадд!! ние синоќа од 8 така кога се разбуди и до 4 сабајле дежурна и се спиеше а не спиеше едно 5 мин и разбудусе тамам замижала ете спискала значи спање јок и во 4 сабајле кога заспа малку поспа и пак со плачење и еве сега едно две мин заспа и одма се разбуди и плаче и ние сме два месеца до кога вака незнам и предходниве денови не беше раат во сон само со претање мрда и морам да нишам демек да и вратам сон а дали правам добро така незнам што да правам незнам кога мора нешто
цело време спие повиена, нема шанси да заспие неповиена, ја наогам со извадени раце и нозе после пола саат, а толку цврсто ја повивам, не ми е јасно како успева да се извади цела од повој. ке пробам како што викаш и ке споделам како поминуваме. фала што пиша
Деновиве се чувствувам како најголема најнемајка . За да можам да јадам и да одам до тоалет само со цртани се смируваме. Ништо не сака, ни една играчка. Кај никој друг не сака, пишти вришти. И сакаат и неможат да ми помогнат
Од кога давате чајче на бебе и кое? И за грчеви треба педијатар да ми каже кој капки или може и сама да си купам и да ги давам?
На нив пишува дека може од одма ама нема потреба ако нема грчеви. Грчевите почнуваат од трета недела. Така да штом приметуш дека се појавиле давај слободно капки за грчеви и капки пробиотик.
Далеку си од немајка. Сите сме далеку. Едноставно захтевни ни се децата. Исто е и кај мене а и кај многу други,јас не гледам ако му пуштам цртани за да одам фа мочам дека лошо правам,одам мочам и онака повејќе од 10 мин не го интересираат па повторно е кај мене во раце. Како желче некое со вратчето и со очињата си гледа горе доле. Ни кај татко му не седи,се само кај мене да е. Јас само не сакам ради горешѕиниве да го држам многу се нафрла од егземата, но џабе си сака во раце и тоа р. И тоа само кај мене. И напорен ми е. И знае да ме изнервира дека му се спие а не заспива. И на човек не личам не сум средена,потам...но желба ми беше и ми се оствари,сега се мислам дека многу брзо ми расти,ептен па несакам да го пуштам од раце,ама тоа сега моментов...е лошото е кај мене што не сум смирена,паничам и се нервирам
Хепи ја гледам и мојата како си расти, си се издолжува полека, права кукла. И јас си велам малечко ми беше, сега си расти, ми се смешка... Стално ја гледам ко ќе спие, ко ќе цица, ко ќе си играме (и зборам нешто тоа ни е играње сега)... Душички мали се сите бебушки. Јас ја сликам и видеа правам често. За спомен. А и планирам на и направам маил и на него да и ги пуштам. Кога ќе порасни ќе и кажам пасворд па нека се гледа.
Скокче мајка, кај громчето сте? Ние да ,ама кај него резултира само на цицањето,буден си игра со цицето пушти фати прај и ми се смее у фаца и ми "збори"ееее аааа оооо ги реди самогласките а успан цица ко новороденче по пола час, дури и навечер почесто станува и во сон цица долго. За мајчинството тогаш јас сум поголема немајка од тебе Буквално сум сама, нема ни кој да ми го придржи бар на 5 мин,така да често го оставам во релаксатор или во креветче за да можам да јадам ,зготвам или до вц.Среќа има уште 3 дремки по саат време така да можам и ја да одморам малку. Не му се секирај секако имате време и за гушкање ,пеење и играње ама мама мора да најде и време за себе
Мајки дај кажете како да и дадам сируп (за крвта ни препишаа, низок и е хемоглобинот) кога не го сака и го плука. Се пробав и со лажиче и со шприц и по малку и цел одеднаш и секако го плука. Си има тактика најдено за плукање не можам да ја зафркнам никако. А да напоменам дека и шише и цуцла не фаќа, само на доење сме. Има ли чаре?
Јас знајш за капки како правам... Таа ми е легната исто како за доење, лајчето во другата рака со капки и грдата гола. И ја доближвам града накај уста, та ја отвора уста и и го ставам лајчето. (Наведната наназад е малку нормално).. И одма по лајчето го тргам (веќе гледам малку да има голтнато) и одма градата и ја ставам и почнува да цица и и одат и капки и мелко се си прима во желудниче. Ако ти поможи пробај..ништо не губиш
На секој организам му треба одмор. Има денови кога буквално лежам беспомошно до неа и само ја гледам. Немам сила за ништо. Исцрпувачко темпо наметнува некогаш со преспивање преку ден од само 40 минути. Колку и да сакаш не можеш да го држиш со денови, паѓаш, пушташ цртани да не го слушаш кемкањето, плачеш, седиш на шоља петнаесет минути да бидеш сам. Се е тоа нормално драга моја. На крајот од денот ние сме само луѓе од крв и месо. Што да речат оние со две или три дечиња? Прееска на прошетка гледам мајка на која новороденото бебе во количка и плаче до зајдување, а поголемото синче кака до нејзината нога. Се наведна да го брише малиот бебето не прекинуваше да плаче. Го избриша со некаква хартија што ја најде во количка и го зема бебето во раце. Беше цела мокра и погледот и беше налудничав. Ја слушнав само шшшшш тука сум тука сум. И сакав да ја гушнам и да и речам: дај ми ги и иди поспиј ) Крш сме жени скроз, понекогаш. Али и силни премногу силни сето тоа на нозе машки да го изрржиш.
Идеава ти е добра. Има еден мејл кој го праќаш и ти стасува во иднината. Можеш на тоа да и пратиш. Баш сега ми стаса пред некој месец од 2013 година што сум си пишала. Толку многу се пресмеав и си пратив повторно за десет години да ми стаса. Прејако е, еве кој сака: https://www.futureme.org/ А јас ќе и направам цел филм и за 18 роденден ќе и го дадам.
Ќе пробам и така макар што не верувам дека ќе успее оти 5мл треба да и дадам не е баш малку. Не и се вкусни и само што ќе ги осети се мршти и плаче.
@FreeMind не знаев за ова... Баш покасно ќе ја разгледам или утре оти жива уморна сум.. Демек со мм и бебка требаше денес да шеткаме, а не знам каде... И мм велеше дека е мала уште. И така јас сум по цели денови дома та и ден и ноќ. Не можам поќе стварно, многу ми е еднолично секојдневие и плус еднолична храна Омг! Ајде не сакам да се жалам, само барам предлог - каде би можеле да одиме со бебе од 7 недели? Или препорака шо правевте вие на 7 недели. Вервајте заборајв да комуницирам со луѓето. И со млади и со стари. Ептен бев комуникативна, сега не знам ни шо муабет би правила.. А и секогаш срце ми лупа дека бебка ќе плачи и тооо е...