Пробај неколку пати, колку толку ќе прими. Вервај така правиме ние и мм ми се смеј - лелле како ја лажиш хаха Пробај мене ми поможва
На планина некаде на чист воздух. Од чист воздух спијат поубаво. Јас од 6-7 недели почнав да го шетам интензивно секој ден, поубаво и повеќе ми спиеше но и да го запознава светот. Не по гости туку надвор на отворено (парк, мол , маркети, кеј...). Ќе го извозев со количка и ќе му дојдеше дремка и јас седнував на кафе со другарки или пак со поголемото синче. Ова го правев скоро секое утро, гледав до 11 макс 12 да сум дома а излегував 9-10 часот сабајле зависи. Ем ја социјализирана ем бебе прошетано ем останав нормална . Навечер тоа не можам да го правам затоа што бебе заспива во 19.30-20 часот. и ден денеска го практикувам ова (нормално кога има создадено услови ). редовно го шетам и по молови .
Да во право си, ама ако не бива никако и со млеко ќе пробам колку толку може ќе и прими организмот. Она секако цица многу често а по малку количински и не можам да не и давам да цица ќе се одере од плачење. Почнав и јас да пијам тотхема. Не знам дали се лачи во млеко ама се надевам дека се лачи...
Да, се лачи. Мојата д-р што ме пораѓаше ми кажа да пијам железо до 6 мес на бебе. Јас кога пијам кога не
Моето цицаше по 6-7 минути. Ја мереа на педијатар пред и по цицање, за 2 минути цица 50мл, сум пробала со шише многу повеќе време и треба да изеде иста количина млеко. Така да не се секирај, некои бебиња се многу ефективни во цицањето, биди среќна што не цица по цел саат.
Мигови на раат... една спие во дневна со тато, друга во спална со мама... си средив се што наумив, сега лежам и се спремам да спијам.. неможам да ви опишам како ми е...ми иде и некоја песна да напишам.. поезија во глуво доба... е ова е тоа,тоа... незнам дали од тоа што ем Ад ем цицаа па ги искомирав, појма неам, спијат ко заклани .. а не сум ги заклала колку шо памтам Од времево е, а освежи одма е подруго.. И така, ве поздравувам од оваа идила, уште само секс фали, ама сеа да не цепидлачиме нели? Ајде, до следно слушање кога гарант нешо ќе кукам пак... Добра ноќ
Мн е мало, после два месеци можеш на море, а за планина некој ти предложил ама прво прашај педијатар, мослам не смеат бебиња на мн голема надм.висина
10 min цицаше до 3 месеци,од 3 месеци 6 min. брзо цица а и најјаките цицачи активно цицаат од 6 до 10 мин се останато е мазење,дремењемоево си е лакомо и си знае цицката е за јадење не е многу по мазење . Штом креваат на килажа нема простор за паника. И доколку е после цицање смирено бебенцето.
Е така де,јас шо да речам со две.. дури неможам ни да замислам со едно како е, ќе ми фали паниката Навика е ваљда.. фала Богу не сум сама во ова..
@lady.N мене ми успева да и давам д3 и рекол за време на бањањето. Пошто веќе ја оставам да си шлапка сама во коритцето и се радува не ни приметува дека неш не и се свиѓа, само да биде во вода. Само што ќе ја ставам, одма зимам капки и ги давам и ја оставам да шлапка. Сега ми се чини како сама да чека да и дадам па за да почне. Ни стана рутина тоа. Пред тоа врискотници беше едвај и давав на сила. Па не е на одмет и ти да пробаш. @Makedonka007 ние секоја вечер кога ќе ја средам и успијам бебка излегуваме сами со мм на кафе. Не знам каква мајка ме прави тоа, ама знам дека ужасно ми требаат тие 2 саата на раат да седнам едно кафе да испијам, да бидам јас јас. За тоа време мајка ми ја чува бебица, ама на пример јас знам дека она од 9-10 кога ќе заспие прво станување ако воопшто стане е кај 3ч, ако не сабајле кај 6 обавезно. Доколку знаеш и ти кога ти спие бебенцето, среди го и излезете сами. Со бебето ако излегувате гледај да не биде во периодот кога ја фаќаат грчевите за да не бидете инвентар низ градот ( ова од искуство кажано ) . Пробајте до парк ако сте со кола е полесно. Ние количката во кола одиме до паркот да кажеме таму ја вадиме па ја шетам. Во случај да ми се развришти одма во кола и дома. На гости додека има грчеви не ти препорачувам исто.
@Ringishpil_ минатата недела апликацијата велеше дека сме кај громчето но изгледа кај нас оваа испадна. Денеска беше врвот мислам. Едвај една дремка од еден час цел ден и цееел ден во раце. Плачки еден тон. Мислам во глава ми одѕвонува уште плачењето. Плус се борбите за цицање и нушкање до бесвест за заспивање. @Happyinlove абе како можеа толку исти да испаднат нашиве . В раци најимилено и тоа секако кај мама. И јас сакам да се галам со неа во раци но некогаш како денес на пример, останувам без раце и се молам барем 5 мин да поседи кај друг. @FreeMind од кога станав мајка почнав да ги сфаќам сите други што така ќе ги сретнам и гледам се борат со децата да им погодат. Пред тоа мислев дека неможат да ги научат на ред . Ете сега од глава ми се удари.
@maja8 Не бре мила кое море. Бебка како шо има грчеви уште за на море. А ако би ги немала грчевите можеби. Ама ќе поминат за месец негде, тогаш не е баш за на море, а и некако преморена сум. Мм се жали вака така, за се сум го барала... Шо е то се??? Појма немам како разбираат тие, цел ден сум со бебка, немам ич време за мене, за излегвање да не прајме муабет. Шо има врска дека поминаа 40дена, јас нон стоп сум дома. @Someday Вчера мм рече вечерта да излезиме на пица или гиро негде брзинско, ама јас преморена бев и немав сила ни да се спремам, па и во 10 вечерта не ми се излегваше. Можи дека не беше планирано. Ајде вечер можи ќе излезиме. Нервозна сум ептен на моменти. Исто секојдневието...
Епа затоа ти треба да излезеш сама без дете. Едноставно да здивнеш малку. Само гледај кога ќе одиш да спие и тој период од денот да не му се грчевите. Еден саат, еден саат. И тоа е одлично за почеток. После 2- 2,5 месеца полесно е. Т.е грчевите кога ќе завршат ќе биде како друго бебче да имаш. Барем кај мене е така.
Моево има 7 месеца и моментално сме на одмор. Маж ми дури сега на одмор сфати колку работа има со бебе по цел ден, и тоа што моево е релативно мирно бебе. А дома ми викаше "по цел ден си дома" ко божем јас на екскурзија сум, а не на породилно. Ќе сфати кога ќе биде една недела 24/7 со бебе. После вториот ден на одмор, маж ми рече "вака ти е секој ден дома?". Е не, дома бебево само се успива и наранува и пресоблекува и бања...
Ти само давај му да јаде, остај му ден се да прави, ден само... има да ти се поклонува после Јас со две сама сум веќе 1ипол година и маж неможе 2ч да издржи сам со нив, не па цел ден и ме сфаќа бар он... не ме сфаќаат другите што се без деца. Што ми било убаво што сум била дома и што не сум работела Ептен... затоа едвај чекам на раб некаде да му ја киднам
@Someday значи мила обавезно ќе излезам да се "издувам"!!! Можеби на следната дремка кај 11-12ч. Или евентуално вечер обавезно! @Spidy потполно те разбирам. Мојот на моменти избувнува, потоа како ме разбира. И него му е ново и потешко е кај мажите за навика ама ако не му кажам и да му "здосадам" со кажување нема никогаш ни да помисли каков ми е мене денот. Ќе го опраам со време, си велам. @maja8 убо е времето ама бебка плачи мила. Бев 3 пати после молитва излезена и плачеше. И тоа и мм беше. А вака и сама уште потешко. Од пон сестра ми ќе биди слободна, па со неа си велам ќе шетаме. Личност од доверба ми е, а за помош и не знам толку оти и таа се возбудува ако плачи бебуш. Ајде полека ќе се навикнуваме. Иначе пијам на раат капучино и да си прилегнам дури дремнува и бебка.