Ние сме 11недели.До сега не приметив да има чудно однесување,ама овие три дена е неподнослива.Рика од плачење.Сега се боцкавме крвна слика за да се вакцинира .Леле мајко значи,вриштеше ,корнеше. @FreeMind еј да? Не камилица!? Охоо,ај не ставам,само физиолошки тогаш.Ваљда не напраив беља
Се си беше во ред како и секој ден, ја избањав, средив и да ја ставам на града кога врисна неможев да ја смирам, мислев нешто моментално и дадов цуцла лажливка се смири и викам да пробам пак на града и пак врисна ја легнав на кревет и со цуцлата заспа што мислите што може да е? Вака до сега не ми правела
Не. Јас така и до болница ја однесов тоа негде трети месец беше кога менува навика за спиење. Едноставно и се спие.
Тој период ми беше нај напорна, не покажуваше знаци за спање во момент врескаше па трчи по болници дур да разберам што и е @Dream girl
Значи сега го почнуваме тој период ... да баш не делуваше ко толку да и се спие башка мислев гладна е... она не одбива цице ова ме зачуди... фалаа пуно друго ми е сега
Можи сега е кај вас. Ама ќути денес мојата е супер. Си се смешкаме, си цица убо, си спие убо шо е најбитно. Дури и до козметичар бев денес, баба ја чуваше, уствари си спиеше бебка цело време. Па си велам помина скокот. Да можиме малку да си се видиме двете убо.. Уствари грчевите останаа ама не се толку страшни сега.
Значи морам да се пожалам на денов,и нашето чудесно здравство . Детево е 2 месеци и 10 дена,дојде ред за вакцина. Идеме прво сабајлево во авицена за крвна слика и црп.Тамо ја боцкаа 2 пати пошто тромбоцити високи покажа.Одам дома,тргам памукот што да видам.И фали кожа од пола прсте,плаче дете плачам јас .Таа тамо го одра значи. Идам во букурешт,таа не враќа пошто сум под општина Аеродром ,неможе кај нив. Се враќам во Јане Сандански,таа не заведува,отвара картон.Прашува дали има 5кг и полни два месеци.Викам да. Идете кај докторката ,влегувам ,а таа стара из**котина со нозе опнати на маса.И ме врати,ми вика мало е.Дојди за два три дена да ојачало детето. И викам неможам.Епа во септември ми вика,овие вакцини не се битни ,и така се за повреди. Значи се напнав 300,само си го измачив детево денес. Срам да им е.
Оооо ние скокаме во 4ти скок луѓе бидете со нас се само со раце во уста,се лигави,се лиже дури и рамките од транспортероткутре. Фаза : многу ми се спие,несакам да спијам и не сакам да ме заспиваш како до сега со нишање,а во количка незнам да се успијама мене толку ми е креативноста сега давајте идеи како да де успиваме. Му мутира тоа гасчето рикањето р подлабоко,али не рика толку пупупу. Навечер си спие имаме две ноќи каде што само 1 станува за да цица,и една на 2 часа Друго на вага се качивме мама намалила 2кг,а бебе качило 1 си напредуваме топ Штом си качува по 1 кг месечно само на доење да си почнам на 5 месеци со вкусови пробување? Како оди тоа,или нема правило?
Според симптомите што ги опиша ти ,малово мое ко во 4 скок да е Ама рано ни е,кој знае што ќе ме чека мене тогаш. Инаку,лепотицава се превртува од грб на стомак и вчера си ја дочапа тропалката и си тропаше само.Не ми се веруваше или ок е тоа Некако рано ни се виде за нејзината возраст.
Среќо ај прашај таму да не ја закасниш за рота вирус првата доза мислам до два месеци во мкд е таа? @Someday до кога беше? Ќе ти треба таа за градинка чест вирус е со дијареа.
@Dream girl дефинитивно и се спиело на беба, мене истото ми го направи два пати. Мојата никогаш не одбива цицка а тогаш заоѓаше само што ја доближував. Всушност не била доспана. По спиењето немаше проблем. @srekice и јас мислам дека до два месеца се прима прва доза рота, ние кога бевме на 4 месеци ни рекоа дека сме ја испуштиле. Малава е малку подобра овие денови, не е постојано во раце но сега имаме друг проблем. Мора да бидам до неа додека си игра. Ако се одделам 2 метра цика и плаче од инат. Штом се доближам се смее и пее. Абе си игра мајтап со мене, ништо неможам низ дома да фатам. Оралната фаза ни е во тек, се право во уста. Се сокапав миејќи и бришејќи и пак мислам не ми е се чисто. Како се справувате со тоа што се ставаат во уста?
Мене првата доза рота ми рекоа дека се прима најдоцна до 3ти месец. Педијаторот ме советуваше да одам накај 2ипол месеци и да ги примаме и двете заедно.
Може, ние бевме 4 полни кога ни рекоа дека е касно па само за стрептокока ќе ја примеме на 6 месеци заедно со третата доза шестовалентна.
@FreeMind ,@paleska3 па и реков на таа и ми вика немај гајле.Во септември ке дојдеш.Ма ненормална беше.Јас крв не и вадам пак.Нема шанси да ја трауматизирам од ново пак. Мора ли ЦРП да се има