Е жими ашим, на АД се моите па пак ги пијат Како успеавте да ги продолжите саатите за хранење и како рипнавте еден ноќен оброк???
Сам се задлабочува,има ноќ кога на 5 саати бара да цица како синоќа ми се успа во 19:30 после бањање,шлапаше за да цица во 23:00 па во 03:00 и во 06:00 станавме,а има ноќи каде што на 2 часа си бара да цица. Но јас мака имам ако цица како синоќа многу ми надоаѓа млеко и ме болат градиве па станувам се молзам,па не спијам. А и јас имам слушнато дека бебе на ад не прима витамин К бидејќи го има во формулата само вит Д даваат. Може секој педијатар различна политика тера
Ме боли цело тело.Температура 37.3. Ке го разболам детево нели Т И побараа крвна слика? Мене не ми ја боцнаа.Една портокалова у глава ми се погоди
Рацете стерилизирај ги на секое фаќање, на нос и уста маска и дој слободно. Напиј се парацетомол или ибобруфен и топол чај со лимон и мед.
Можда затоа што самото ад има К1 во него. Мене бебка ми е прематурче па можеби и е потребна дополнителна доза. Сепак ова ми е само претпоставка, нз...
Се напив парацетамол 2 пати.Чај супа пијам. Ме испоти парацетамолот.Маска ставена. Уф,само нејзе да не и биде ништо
Вирус беше,јас инфузија примив и продолжив со парацетамоли,следниот ден продолжив со поврајќање,него фала богу ништо не му беше. Имај само некој до тебе да ти го причува јас ептен сила немав. Среќа 2 дена траеше
Леле жено ми го здиве свекрва ми.И викам не е спиена ,и ко за инат бре.Дај ја ке ја држам,ми ја разбуди и збесна малово. Еве сега нишкам да заспие. Леле жени,мене да ме прогласат за врх врхова.Паничар невиден сум. I love you ladies
Во транс си али ти не сфаќаш, за некој месец ќе се вратиш старата ти дотогаш диско! Ништо не и е има цицка до себе која лечи се.
Само да се породи комшикава .Тогаш пукам пуканки,отварам ладно пиво и пукам сеир Добри сме,заспавме битно.
И ти ли си со прематурче... е да,излеа затоа ни ги дале за пиење... добри сте? Аман бре женче,како успеа да настинеш жити се Ај со помин нека е! Таква цицка може само здравје да дава, не му ја мисли многу те гушкаааам!
@Emma2 да, 34+1 реши да искача женскава. Супер сме, одлично напредува. Еве ја денес 3 месеци, како 3 дена ми летнаа. Вие како сте ми? Колку направивте? @srekice љубави ставај беба на цицка и свиркај си. Преку млекото добива антитела, нема шанси да се разболи. Лошо е за нас што не доиме, нема како да направи имунитет, за тие што дојат нема гајле.
И моиве крофнулиња исто,им се брзаше да ја запознаат мама На 2ри Септември полни 4 месеци. Богами како лета времево, секој саат,секој ден... ко вчера да беше и кога мислев дека нема да се снајдам ама успеав, некој спомна колку сме ние силни, и така е Едвај чекам да почнат да разбираат и да комуницираме. Првиве месеци реално досада жива се. Интересното тек доаѓа Поздрав мила
Здраво од нова мама Доцна е да замарам педијатар ова време... иако ми рече да и пишам во секое време. Бебе е 4 дена старо. Денеска се вративме од болница. Педијатарот ми рече дека можно е да е кенкаво и да не сака да спие оти ќе смени средина, ама.. денеска цел ден успана е. Врзува по 4 саати, лакома е и полни пелени. Ама успана е цел ден, и мерев температура преку 10 пати.. нема... од почеток врзува саати, ама и вреска измеѓу, а денеска е баш... мирна... Да се загрижам?!