@Yowannty немај гајле, нормално е и тоа, нека си спие..моите и двете беа такви успани и ме фаќаше паника дали е во ред , да не се анемични, да не е жолтица триста филма правев..и секој доктор што го прашав потврдува дека е нормално..ама они брзо менуваат, може е да смене па кенкаво да биде, секое дете си е различно.
@Yowannty уживај дур на почетокот ти спие и користи шанса да поспиеш бидејќи бебиња се и во текот на растењето си менуваат... без грижи се си е во ред ...дај Боже да продплжи да си спика бебушот за и мама да биде одморна
и кај мене е исто само што јас за се се загрижувам. Со првото не бев толку под стрес и тоа ноќното време си го поврзуваше лесно и цела ноќ спиеше така што првите 2-3 недели се будеше 2 пати потоа наредните 3 недели само еднаш. И веќе од 5та-6та недела држеше до 7 часа сон без да се разбуди,сега си кемка второво јас за се се штрекнувам некогаш мирно некогаш вознемирено. Сметам дека е нормално но нека споделат мислење да видиме
Него ај и ја да прашам , извинете ако прашањето не ми е за тука ама овде си се осеќам на домашен терен . За 2 недели патуваме за мк со авион и не знаев дека се плаќа за бебиња ? Нели до 2 год не се плаќа или грешка сум ?:
Како мислиш се плаќа? Не се плаќа за бебе. И онака ќе го држиш на себе. За бебе се плаќа само ако му купиш посебно седиште за со транспортер.
Немаат сопствено седиште, седат во скутот на родителот, но плаќаат паушална сума. Последен пат мислам околу 30-40 еу плативме, но може да варира.
И јас така знаев но кога го внесов датумот на раѓање ми се стави 25 евра сума а не земав седиште ништо
Јас седиште и купив и за назад виз ми го украде (си го продале читај) и знам стујардесата рече бесплатно е без седиште. Парите потоа ми ги префрлија на сметка поради “грешка” и фактички бесплатно беше.
Мамички зошто бе бебка некогаш кај мене плачи, а свекрвата ја зема и одма се смирува кај неа. Значи има грчеви и ја држам јас(баш како за да и поминат грчеви) и пеам исто и плачи, ја зема свекрвата исто ја држи и се смирува. Зоштооо??? Знајте колку ми е неубо.. Кај ммама не се смирува кај баба одма. Ептен ептен лошо се чувствувам кога се случува тоа.
Верувај и мене некогаш ми се случуваше тоа, бебињата осеќаат кога сме вознемирени ние мајките и они се вознемируваат, може да е тоа
Лошо ми е ептен. Како "немајка" ми е чувството некогаш. Повеќе време си е бебе со мене, само ако одам на 1час до негде или малку ако одморам (оти бебе е активна мн преку ден и морам малку да здивнам), тогаш е со баба и. Грутка на срце ми стои и ич неќам вака да квичам ама сабајлево преку гла ми дојде....
Здраво ,здраво. Ве читав толку време ,па сега дојде ред да пишам и поставувам панични прашања Не пуштија денес од болница. Бебе цица ама мене млекото сеуште не ми е надојдено. Во болница му даваа со шприц плус. Да купам ад за дома и по колку да му давам додека се среди млекото или само да цица?