Добро дојде Ќе го стимулираш секогаш прво да цица кога сака, а дури потоа ќе го дохраниш со ад додека се среди млекото. За лактација земи чаеви има во аптека, сок од јаболко исто така многу помага, а вода треба да внесуваш околу 3 литри на ден. Мене на петтиот ден ми дојде млеко. Дотогаш беше на цицка и исцицуваше некои си 5мл прво, па 10, па 20 и така натаму до 80мл (овде се мери на вага пред и по цицање). Паралелно со тоа и даваа ад 80мл, па 60мл и стасаа до 20мл. Од тогаш само на цицка.
@srekice немој на груда, незгодно ќе ми е пред муж ти. Можеш еве на рамо на пример @Emma2 души мили, само нека ни се здрави и живи. И нашите и на сите. Гушни ги еднаш од мене силно, најсилно! @Yowannty и @Мариаа. уживајте домче со бебуши, користете да спиете кога спијат они (а не ко мене будала, она спие цела ноќ јас седам до неа и ја гледам, па после зомби...) и не се секирајте, 99% од работите што ќе ве вадат од памет се сосема нормални. Гооооолеми гушки и бацки до вас и до бебуши
Do sega ve citav za skokovive ama do sega ne bea strasni kaj bebka ke prokenka i nema da spie eden den i tolku ama ovaj vo 4 mesec mame mi ..... legnat place, vo race place vo relaksator place noke ne spie osven ako ne e do mene ama i togs na sekoj saat stanuva pa sam si se mesti za cicanje ke cicne dva pati pa ke prizaspie a denje se molime da pocica lma li kraj ova
Јас купив млеко на пат накај дома од болница, зошто во болница и даваа со шприц, ама и давав и да цица иако сеуште немав млеко. Дома дојдовме попладнето на вториот ден, наредното сабајле на третиот ден веќе имав млеко и воопшто не и дадов ад. Кај некои мајки надоаѓа млеко пред пораѓај, кај некои после цела недела. Ќе си видиш. Ако бебе цица и заспива, значи имаш млеко. Ако цица и пак е немирно или плаче, земи ад некој ден и продолжи да нудиш да цица, и ад ќе му даваш после цицање. Кога ќе надојде млеко, нема да сака да пие вештачко зошто ќе си биде најадено од цицање.
Јас пак со прашања 1. Млеко имам многу. Ми цури од гради, бебе е лакомо и увек најадено, ама и откако ќе цицка саат време имам уште многу млеко. Таа ќе се најаде ќе заспие, мене уште ми тежат градиве.. Дали пумпа ќе помогне? Да доиспумпам откако бебе ќе заспие? Колку време ќе треба за да имам млеко пак за следен подој? 2. Ова може и не е за овде. Имам многу болка поради царскиот. Во болница дур бев ме држеа под јаки седативи, ама сега дома ми е многу болно. Особено кога треба да се исправам од кревет. За болка само парацетамол ми дадоа ама не помага.. има простор за нешто друго појако? Ноќеска/рано утро накај 4 додека ја доев, кивнав. Толку ме здоболе раната што кога вреснав го разбудив цело маало, среќа неа не ја испуштив од раце. Сеа ми е страв да не се пореметило нешто. Преврска имам, треба сама да ја извадам тек во петок...
1. Можеш да се измолзиш колку да ти се олабават. Или измолзи количина и складирај за некогаш кога ќе ти треба. За чување на измолзено имаш многу убави совети во темата „Хранење со измолзено мајчино млеко“ Лактацијата ќе се среди во текот на првиот месец, градите ќе „научат“ кога е бебе гладно и така ќе се полнат. Сеуште си тазе. 2. Немам лично искуство, ама ќе пројде. Нема што да пиеш освен парацетамол, нормално е да боли, е сега ако е ептен неиздржливо види со доктор дали би ти дале нешто појако, зашто доиш. Не се пореметило ништо. Не се секирај. Шетај станувај, и секое станување ќе ти биде полесно.
Честитки за принцезата. Да, можеш малку колку да ти олесни. Под туш масирај, да не добиеш грутчиња. Мене и во болница и за дома, и додека додев, ми даваа ибупрофен. Прашај си го докторот, но мене двата пати, и со првото и со третото како безбедни ми ги препишаа и уште во болница ги пиев.
@Мариаа. Да, купи ад, но само по потреба давај, најпрво стимулирај на града макар и со измолзување. Понатака сама ќе си заклучиш што како. @Yowannty без грижи, ќе ги бараш овие денови. Бебе спиеше до 5 полни дена. После 5 не прашувај. 1 саат не сврза до 2 и пол месеци. Нормално е дека е мало, а и не се уште грчевите почнати. Иначе за млекото ако ти се полни гради и те болат, измолзувај да ти олесни. А за раната, ќе помине мора да издржиш, знам има спреј што многу помага, да си прашаш, или ставај кантарија по малце. Олеснува на рана.
неубаво е знам и јас со првото имав такви маки ма јас држи маж ми држи сите со ред некаде ќе се смири. Е мене тогаш побитно ми бешр да се смири одколлу да се думам зошто кај мене не туку кај други се смирува. јас ќе ти кажам според искуство,ми го дохрануваа а и јас дома 3 дена давав по еден оброк ад млеко. Може не беше правилно ама беше со помисла дека не сакам бебето да ми е гладно додека мене ми надојде млеко. И јас пишував деновиве по темиве за тоа. За да ти надојде треба бебе фа цица и да стимулира. Пробај и со пумпа. Не знам.
@danichap топол туш не ми е опција, бар до петок кога треба да ја тргнам преврската. Се туширам дел по дел а торзото со замијување оти поинаку не можам. Така ми сугерираа. Цела сум во болки, што резот, што градите, грб и кичма не осеќам.. Бар малку да си олеснам негде, ми е страв дека ќе снемам сила за неа, поголем дел од времето спие на мене. Уште едно прашање девојки. Последниот месец пред да се породам немав никакви отоци. Денеска приметувам зглобовите на стапалата отекле. Се дешава или да вртам телефони?
Исто после царски имав страшни отоци,стапалава како на слон а и коленава страшна бев. Последица од операција а и протеини паднати. Јади месо мајка што повејќе и зелка листови на отоците. Дигај нозе нагоре кога седиш не спуштени. За царски за болките што повејке се движиш подобро. И молзи се
за ова можам да ти кажам дека е неиздржливо. Јас сум не знам како шиена, ласерски со две конци ама тие две конци така непријатна болка ми задаваат што да ти кажувам, морам заради нив почесто да легнувам т.е во полулежечка положба. Станувањето првите 3-4 дена ми беше кошмар реков јас никогаш нема да можам да станам од кревет. Од 5тиот ден попуштија еве денес 7ми ден ама пак имам болки. Кога ќе станам само малку и набрзина можам нешто да фатам низ дома и после морам пак во кревет и така цели денови легни стани. Конците треба утре-задутре да ги вадам и едвај чекам се надевам ќе попушти повеќе болката. Ти треба помош и тоа многу во првите 2 недели. Јас имам од мажот ама ми е малку... Како да кажам.... Безвезе тој да извршува домашни обврски. Се чуствувам како тотално неспособна. Инаку во болница бев под антибиотици и клексан прашав што за дома мислев треба да се продолжи терапијата рекоа заради доењето уште после 3тиот ден ми прекинаа некои антибиотици и дека за дома не треба ништо освен одење на контрола и следење на состојбата. Инаку ако имаш веќе ептен јаки болки можеш аналгин ама мускулна инекција а не таблета. Не знам што е разликата ама одредена инекциона терапија била дозволена за разлика од орална терапија.
јас знам дека постоперативно се случува и нормално како реакција е да се јават модринки и/или отоци. Можеш да ставаш облоги од борна киселина.
Во болница бев под антибиотик и јас, ама мене ми продолжија и за дома. Само веќе не е венски туку го пијам на 12 саати. Исто додека бев во болница ме боцкаа во стомак, и сега дома маж ми ме боцка секој ден и во наредни 14 дена. За болки првите 2 дена примав инекција епидурал, иглата од операцијата ми ја имаа оставено, а потоа 2 пати на ден ме измиваа со нешто и ми даваа чепче, заедно со 2 таблети панадол. За болки дома само парацетамол ми дадоа. Уште имам преврска, во петок треба сама да ја извадам, а на 27ми тек треба да одам да ми ги тргнат конците.. Ми се чини откако кивнав, еве денеска многу повеќе ме боли раната, посебно негде на лев завршеток.. ама не гледам крв преку газата, па се тешам дека ништо нема. Иако во болки средувам се повеќе сама, сите ми рекоа што повеќе движење за помалку болки и се форсирам кога можам, ама и маж е тука ми помага за се, посебно за да станам од кревет. Ова за отоциве, ми олесни... стапала никогаш не ми изгледале толку надуено.
немој форсирање. Јас со првото само 10тина дена после пораѓај мирував,после се посветив тотално на бебето ништо не ме болеше сама работев кревав бебе перев пружував се тегнв... Додека на 4 недели не појдов на контрола кај матичен и не ми рече дека имам излив внатрешен и дека неубо што не сум слушала совети рече дека може само ќе се повлече. Немој со тазе рана да се оптеретуваш многу.
И јас имав огромни отоци после операцијата, ама кај мене ненормално многу рипнаа д-димерите, па скоро два месеци се боцкав со фраксипарини. А школска бременост имав. Така да, можеш и тоа да си провериш, да бидеш мирна. И на градите пази многу. Сега беба ти е мала, не може да исцица убаво. Обавезно одмолзувај се и масажи со топол туш додека да се регулира се.