Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.041
    Пол:
    Женски
    Нај сте :) што би ја без вас :)

    Цицаше бебе толку добро ,што му напраив само 30мл ад и не го ни допи,се успа одма. Кренав и температура сега,дури се израдував :)
    Во кој случај да почнам со пумпа? Се плашам да не ја закаснам работата.
    Иначе мака мачам со брадавиците,мали ми се па додека извлече бебе,ја плачам и трпам :)
    Епизиотомија корне боли,ама си поплакувам поштено и проаѓа :)

    Лудило и хормони влезете,ич не се соблекувајте :)
     
    На Flower123123, kikin, Emma2 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    мислам дека во темава најактивни ќе сме јас ти и @Yowannty :lol: јас знам дека температура не треба да кренеш. Има на интернет една страница pedijatar.Mk баш денес прочитав. Побарај има многу корисно совети. За брадавиците ако ти се мали земи силиконско од аптека. Ќе ти се најдат. Јас со првото користев колку толку помогнаа. Сега бебе само фаќа а исто имам мали брадавици но многу е битно како ќе го наместиш бебето. Требало цела ареола да ја лапне а не само брадавиците. Ама јас гледајќи колку мало усте има не ја дофаќа цела ареола.
     
    На NNA, Presrekna и Yowannty им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    222.299
    Пол:
    Женски
    Мила, најмила, не форсирај толку обврски и стани седни, одмарај повеќе колку што можеш и бебе до тебе, за отоците на нозете дигни ги само нагоре со јастуци о нека бидат дигнати.
    Се форсирав и јас само што породена пре пре многу, ни еден пат не легнав а само што породена од 2 ри ден и на крај кобно завршив во болница со индикција тромбоза.
    Среќа се добро се заврши од тогаш ми рекоа нозе на јастуци дигнати од што се отечени оти и мене ми беа дури ме стегаа со чорапи на нозе цело време.
    Зборот ми е да не форсираш ко што ти рекле да бидеш во движење, тоа не и честитки за малечката. Позитив на денот си ми, жива и здрава :l::l::l:
     
    На Presrekna и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.295
    Допаѓања:
    15.516
    Пол:
    Женски
    Сок на 5 месеца нема потреба. Убав е за воведување на вкус чисто да проба, ама ако дадеш 100мл сок, ќе го наполни мешето, нема да пие млеко зошто сокот е поблаг, и на крај ќе биде гладно зошто во сокот нема што да го најаде. Ако јаде веќе и цврста храна, може да даваш малце водичка, ама обично не пијат по многу, само некоја голтка колку да исплакне уста од храната.
    Јас давав многу малку сок од круша и слива (10-20мл еднаш на ден) на 4 месеца дека не какаше, од кога почнав да давам каши, сок не сум дала.
     
    На Nenna97, Presrekna, paleska3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    25.189
    Пол:
    Женски
    Молзи се штом почнат да ти се прават грутки, не оставај така оти ќе си направиш проблем, со лесно и се најдобро ;)

    Ништо не пиев за болка ниту па на болнива ми даваа, многу ме болеше цело време раната, цели 3 недели не бев способна за ништо од што ме болеше, проблем немав никаков ама ете болка голема, се ќе помини, се заборава :) со лесно...
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2019
    На Presrekna, Yowannty и Мариаа. им се допаѓа ова.
  6. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.132
    Женички дали бебињата ви реагираат на непознати лица? Мојата е 3+ и денес кога го виде татко ми (го немаше видено недела дена) почна да плаче. Сега одвај ја успав многу плачеше а на гости сме кај моите. Можно ли е оти смени средина да е толку нервозна? И претходниот пат кога останавме на спиење беше плачлива...
     
    На lackygirl и Presrekna им се допаѓа ова.
  7. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    Добредојдовте новите мами, да ви се живи и здрави бебушките, радост најголема се :inlove:.
    Кога ве читам, ми се навраќа како беше првите недели, со ненормална болка од емизиотомијата, проблеми со градите :drunk:. Мислев никогаш нема да се опоравам. Поминува, колку и да ви изгледа сега тоа далечно. Гледајте само да не се направи мастит, молзење ако станат градите претешки а бебе неможе да исцица. Првите три месеци се најтешки. Потоа се навикнуваш на новата ситуација и се учете еден на друг со бебушка :l:
     
    На Flower123123, Мариаа., Emma2 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Исто така:D некоја фаза им е. Имам пишувано и на улица некој со мене да прави муабет ако го видат него одма почнува да плачи:sweat: и од татко ми исто...

    Мајќи ова не е нормално со косава;(цели прамени хорор:worried: цела ке ми падне а ставам рицинусово масло и субрина шампон против опаѓање. Дојам до кога да се шетам со смукалче по мене? И дали ке сум ќелава?:)
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2019
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.412
    Допаѓања:
    111.109
    Пол:
    Женски
    @Yowannty одмарај колку можеш, поготово ти со царски , не се форсирај , уште ти е тазе раната.. ако треба и помош ќе бараш од маж, свекрва , ама гледај си се , ти му требаш на бебето највеќе :inlove: за градите , кога ќе бара бебе ќе даваш , кога спие и осеќаш дека се стврднуваат градите , можеш да се измолзуваш. И мојата ќерка беше така, првите денови во болница плачеше , па домашниве ме нервираа уште толку - да не е гладна, да не немаш млеко |( и кога дојдовме дома милина , си спиеше со саати , почна да си цица убаво , полнеше пелени , се си беше супер. Иј ас се грижев зошто толку спие , дури станував ноќе и ја будев само за да цица , мислев не е во ред што толку спие :D ама се си зависи од детето. И не мора да значи дека ќе мора да има грчеви. Ќерка ми немаше воопшто. :)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Исто правеше на 3м, посебно кога се возевме со количка и непознат да ја задене.. Брзо и помина :)
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    14.708
    Пол:
    Женски
    Џабе е што и да ставаш. Нормално е да паѓа. Мене околу четвртиот месец почна да ми се враќа во нормала. Инаку исто, цели прамени вадев, и дури влакна наоѓав во пелените на беба.
    И еве сега нови влакненца растат. Катастрофа.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Јас сум 7м породена и уште ми паѓаат цели прамени, има и нова коса ама по ужасна не ми била :)
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.106
    Допаѓања:
    10.419
    Пол:
    Женски
    Пиеш ли витамини?
    Јас ги продолжив прегназонот што го пиев и во бременост.До сега немам мака
     
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    ее... Јас скрос оќелавив со првото. Значи да не речам буквално,упола косата. Ама веќе од страв појдов на лекар и испитував крвна слика и ми дадоа апчиња и упат за на кожен лекар,да види дали косата само паѓа или се обновува кај што паѓа. Среќа па се обновувала и ми даде некоја маст за скалпот да си го мачкам и масирам. Сега сум со страв дека пак ќе поминувам низ истото ама тоа е.
     
  15. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Да, реагира, вчера одвај го смририв, го зедоа непознати(гости) а и му се спиеше плус.

    Не е секогаш до витамините, јас не пијам ништо а косата ми е топ
    И немојте мн со витамините, дебелеат:rofl:

    Нема да си ќелава, ќе ти се обнови :D
    Батали тоа субрините и други плус додатоци, само полошо ќе направиш.
    Шампон и регенератор доста ти се.
    Што и да ставиш џабе ти е, само трпение
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2019
    На lady.N, NNA, srekice и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Ги пијам фемибионот,но после 3 и пол месеци започна паѓањето|(
    Ке се шишам до над рамо,барем пократки да се кога ке ги собирам,не е нормално насекаде мој влакна:|
     
    На lady.N, NNA и srekice им се допаѓа ова.
  17. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.106
    Допаѓања:
    10.419
    Пол:
    Женски
    Можеби,дадов предлог само.Мене ептен ми се погодија,а и докторот ми рече да ги пијам после породување.
    Инаку не дебелеат ,барем не мене.Хормони се во прашање.
     
  18. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Дали давате на бебе вода? Моето бебе е 2 месеца и до сега и немам давано вода. И ако им давате каква?
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.993
    Допаѓања:
    190.024
    Пол:
    Женски
    По колку капки вит.д3 дававте на новороденче?
    Мене педијатар ми рече 0,5мл, многу капки ми се гледаат до цефчето каде е обележано..
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Хелоу и од мене тука.
    Ние влегуваме во шема. Бебе многу мирно, само спие и трга на гради.
    Уште млекото да надојде.
    Толку е мала, а жилава и цврста да се чудиш. Буквално колку една педа е.
    На пораѓај ми рекоа 2600 со 47 см, или така слушнав, но на картонот пишува 2520гр и 45 см. Буквално палче. Помала од куклата која синко и ја донесе. Но тоа не ме плаши, ќе порасне.
    За витамините и мене ми рекоа да ги продолжам прегнезолот комплет или да земам за доилки.
    И мене не ме дебелеат. Зависи од организмот.
    А за косата овој пат ќе видиме. Во бременоста не ми паѓаше воопшто.
    Но за синко беше хорор. Пола ми испадна бремена, а пола после пораѓај. Буквално 2-3 влакна останаа.
    И од виткана локни ми се исправи. И од долга ја скратив ептен кратко.
     
    На Happyinlove, Makedonka007, marchi-cool и 2 други им се допаѓа ова.